Девојки, на 18ти имав ризичен однос, пукна кондомот но не сврши во мене...Одлучив дека не ми беше потребно апче за ден потоа и не се напив..И сеа на 28 по проценките треба да добијам, вчера имав малку крв и денес малку крв ама помешано е со кафеаво нешто.. дали е тоа знак дека треба да Добијам?
Се спремаш за циклусот, затоа. Потполно истово како тебе ми се случи, дури ми подрани 2 дена, и јас требаше на 28 да добијам.
Ти кажав дека ќе добиеш..баш ми е мило што сега нема веќе да имаш стрес и понатака биди повнимателна. Ти се радуваш, јас плачам кога ќе добијам Живот...
I jas istominatiot mesec mi kasneshe od mislite samo eden den i so dusha cekav tri dena da pominat bez menstruacija da napravam test i eve ja vtoriot den.Daj boze gospod na site da ni dade shto so dusha cekame da go pocuvstvuvame
Да ти кажам искрено ми се смачи и од плачење и чекање и броење и се..научна фантастика стана ова со бебево...колку сум позитивна и опуштена и пак не бива..после се разочарувам тотално..ваљда еден ден ќе бидне..сурова реалност, бар кај мене...
Сите ми викаат не можело да се фати ако мислам на тоа епа знам кој ден го обележувам и не можам да не мислам на тоа.И се мислам да ги порачам влошките со билки со тоа помагало да се остане трудна.Пробај и ти..
Мислев на тоа, не биваше...ај престанав да мислам скроз се опуштив, мислите ги окупирав со други работи и пак не сака..е веќе оставам на Господ кога ќе сака, нека дојде...веќе стрес ми ствара се.. Фала на препораката ако ти помогнат сподели, но јас не сакам веќе воопшто да мислам на таа тема. Моментално не ми е судено да сум мајка, ќе си дојде сам денот кога ќе ми биде судено..
Да се надоврзам, на твојот пост. А се однесува всушност, на сите со оваа мака. Оти до пред некој период и јас бев иста. И не сум заборавила. Немојте да се нервирате. Знам звучи како клише "јас успеав, па сега ви солам памет". Не ми е тоа идејата, зошто ве поддржувам и иако не пишувам овде, секогаш ве читам сите. 7 години ми траеше нервозата, конечно кога бидна, пак стрес и триста проблеми до втор триместар. За на крај кога треба да се опуштам, гледам дека стресот ми направил проблем. Гестациски дијабет, можеби ќе помислите, не е ништо страшно. Но шок е, сакаш да се радуваш, конечно нели си успеал, се спремаш за дочек на најмилото, и оп инсулин. Немојте ве молам. Жал ми е што се нервирав тогаш. Посилно е од нас, да. Но, не ставајте толку на срце. Не со такви депресивни мисли. Само една желба имав, да се оствариме како родители па макар последно да ни биде. Не било така, верувајте. Стресот многу влијае. Акумулиран стрес еден ден излегува на површина, баш кога сме најопуштени. Не сакам да ме сватите погрешно, учете од моите грешки и со убави мисли без нервози минете ги овие борби. Колку што секој може, нели. Малку е задоцнето, но сите ќе си добиеме/те пород. Верба само, имајте
Фала на поддршката и убавите зборови Колку што можам гледам да не се стресувам и разочарувам, но желбата за бебе ми е пре голема...ништо друго не сакам освен оваа желба..доста време гледам да сум позитивна, да се смеам, радувам но се ми пропаѓа во вода кога ќе видам дека сум добила...но еден ден сите ќе не огрее и ќе ни се исполни оваа желба, во тоа верувам само сакам да е што побрзо!
Точно разборам што кажуваш,затоа што кај мене се испостави дека се што ми се случува е од стрес и напнатост,поточно сама си допринесувам за тоа. Никаков конкретен проблем немаме,а и последното хормонално испитување укажа на тоа дека кортизолот (стрес хормонот) ми е до плафон покачен,пролактин,естрадиол ми беа малку покачени.Сите три покрај се се поврзани со стрес и напнатост.И одлучив да пробам некој месец да се одморам од трагање по вистински доктор,и барање причина за нешто што го нема..Едноставно ќе пробам да не сум под стрес цело време.