Вујна ми го имала истиот проблем. Ќе зачнела и за жал ги губрла децата. Така со вујко ми отшле на еден манастир да преноќат, не сум сигурна кој е, но откако биле таму таа роди 2 деца. Секако и јас не сум била ридена тогаш тоа е пред 20г. но секоја година одат таму и како курбан даваат.
Епа работата кај нас е што ние двајца немаме никаков проблем а не сака да бидне..ти можеби нешто погрешно ме сфати, јас не сум губела деца и ние немаме баш никаков проблем..можеби моите стресови го прават сето тоа потешко да оди..затоа за мое добро ќе си оставам се само да си дојде кога му е времето. Сепак фала многу за понудената помош
Не напротив се те сфатив, само треба да не губиш надеж и едно на Бог да му се молиш. Бидејќи тој одлучува за нас. Ние само треба да му веруваме.
Господ што побрзо да ве усреќи и да ви даде бебенце. Те разбирам, моја братучедка еве веќе 3 години како пробуваат и не сака, а се е во ред и со двајцата, и она има преголема желба, ама тоа е. Јас сметам дека зачнувањето е божја работа, кога Бог ќе одлучи дека е право време за тоа, тогаш и ќе се деси, а се до тогаш ти останува да му веруваш, да не се откажуваш и да се молиш. Верувам дека за брзо ќе се радуваш на позитивен резултат.
Истото го чувствувам како тебе, дека ова правењето бебе е научна фантастика. Секој месец со надеж. и кога ќе добијам си плачам се нервирам. Ама тоа е што е.. се трудам да се опуштам ама веројатно потсвесно се замарам и незнам како да го сменам тоа... најверојатно и тоа влијае. Се надевам дека ќе се усреќиме сите за скоро.
Фала за убавите желби и за поддршката од сите вас, добро е што се најдовме тука да се тешиме и поддржуваме И за сите што чекаме, што поообрзо да ни се исполни нај убавата желба
Девојки здраво Ми треба мислење, на 05.07. имав циклус, а на 19.07.(одприлика денот за овулација) со мм имавме незаштитен однос ( не планирано се занеаовме малку) и сега прашањето ми е кога најрано можам да направам тест.
За 5 дена најчесто не е ни оплодена јајце клетката, а ни вгнездена во матка. И да е бремена, после 5 дена дефинитивно ќе и покаже негативен. И за преку крв се препорачува најмалце 10 дена. Кој е тој тест што покажува толку рано? Шур чек што го спомна, на самото паковање пишува со 1 ден каснење на циклус, значи отприлика 14 дена најмалце после однос.
Не напишав дека некаде околу 01.08 треба да добијам ми доаѓа на 28/29 дена и не знам ако направам сега да не е рано, инаку ви благодарам на мислењето
Ако си имала на 5ти јули менструација, значи следната би требало на 2ри август. (28 дена) На 3ти најрано можеш да направиш домашен тест со 1 ден каснење, а преку крв ако сакаш после 10 дена од однос. Ама ако правиш домашен тест на 3ти може да ти покаже лажно негативен и јас би го повторила пак после неколку дена.
Пробај со self clear тој најточно покажува можеш да го правиш и пред да ти доцни во било кое време од денот.Јас го направив 14 по ризичниот однос и ми покажа позитивен резлутат