Здраво. Последна менструација имав на 05.07. Една недела веќе каде ме болат градите а денес имам и вртоглавица. Ако направам тест би ми покажало дали сум бремена?
Почекај барем уште 3-4 дена минимум, во спротивно можеш да добиеш невалиден резултат. Ако си нестрплива направи најрано сабота-недела, ама повтори го кога ќе ти касни.
Здраво, во слична аитуација сум и јас, само што немам некои симптоми, денес направив тест и ми излезе негативен. Би те советувала да почекаш батем до денот за (не)добивање.
Здраво денес прв ден задоцнет циклус.Односи во плодни денови да.Пробуваме за второ но сме многу опуштени дали ќе биде овој месец,нареден итн Немам симтоми освен слаби болки под папокот и кај кичмата одвреме навреме.Сум за тест или да почекам?