Прашањево не ти е за оваа тема, постави го во интимни прашања и проблеми за повеќе одговори. И да, се случува и такво нешто, а причини може да има повеќе.
Здраво имав однос со намера да останам бремена баш за време на овулација,(значи последната менс ја имав на 10ти јули, а на 22 имавме и тогаш осекјав слаби болки кои мислам дека беа знак за овулација) една недела по односот почнав пак да имам болки во долниот дел на стомакот но беа чудни така ко на моменти ме боцкаше во долниот дел на стомакот и тоа траеше 2 дена но на да напоменам беше на моменти. Треба да не добијам на 8-9 август но има 1 цела недела до тогаш, па не ни се чека некако.. Како би можела да дознам најбрзо дали после нашиот прв намерен обид ќе добиеме бебенце
Знам дека не ви се чека, но во моментов ништо друго не можеш да направиш освен да чекаш. Најрано на 05ти можеш преку крв да испиташ. Со среќа.
Па добро кога ќе почекам до 5ти ќе можам и до 9ти за тест само сакав некој да сподели исто мислење за болкава а исто и прочитав дека имало некои тестови кои што се користеле 8дена по односот некој ако знае да ми каже дали покажуваат точно
За болки и јас имам такви.Болка во долниот дел на стомакот понекогаш и стегање на градите што не можам и да ги пипнам од силни болки.Колку само теста имам направено и пак ништо.Сепак не значи дека и кај тебе е исто не ме сфакај погрешно.Инаку стискам палци Сакам исто да се надоврзам на темата.Денот кога ми заврши менструацијата имав незаштитен однос и свршување внатре.Лежев неколку минути и кога станав се облеков по една минута имав крварење и тоа баш црвена крв.Си крвавев исто како менструација да ми иде ,но утредента прекина.Инаку прв пат ми се случува.Некоја членка да не имала исто искуство.Фала ви многу.
Девојки ви благодарам на сите што чекате ви ја посакувам оваа радост! Инаку @le.soleil имам ептен не редовен циклус, ако не сум на контрацептивни дали 3 до 4 пати во годината. Сега баш бев и со кломифен и може 5 пати идев следевме на ехо не дојде до прскање на фоликулите. Затоа ептен сум изненадена. А почнав и со метформин па на него ги препишував гадењето и лошењето. Се на се ептен ми се посреќило мислам.
Ти си доказ дека треба да дојде моментот за да се склопат коцките! Знаеш дека многу, премногу се радувам за тебе! И јас го делам мислењето дека најверојатно ќе се види и на ехо со вака јака цртка!
Болката ти е толку неспецифична што може да значи рана бременост, може да значи менструални грчеви, обична мускулна болка и многу друго. Тестови непостојат што покажуваат после 8ми ден. На самиот тест пишува најрано после 1 ден каснење на менструација. Ништо не можеш освен да чекаш
До менструација имам уште една недела, а болки пред менструација ме фаќаат 1-2h пред да ми дојде, константна јака болка е тоа не ваква а за тестот прочитав на интернет и се вика Self Clear само го барав во 2 аптеки го немаше и сакав некој да сподели искуство Мислев да појдам на гинеколог но како што читав и за тоа е рано
Мене на 10 дена по овулација ми покажа втора многу бледа црта едвај се гледаше. Be safe беше тестот. Имам ставено слика побарај назад низ темава.
И јас сум во иста ситуација, треба да добијам другиот викенд, а веќе 2 дена многу ме болат градите и имам повремени болки и кркорења во стомакот, волку изразени пмс симптоми сум немала толку рано, а од друга страна па ептен рано ми е и за симптоми за бременост. Ни ваму ни таму сум, ама за тест мислам е рано.
Па јас промена во градите не осеќам но тапи болки во долниот дел од стомакот имав 2 денеа после 1недела од како имавме однос И вие сте со цел да добиете бебенце?
Да и ние почнавме да пробуваме за 2 дете За првата бременост тестовите ми беа позитивни и 2 дена пред циклус, сега гледам да се воздржам до среда,четврток, многу понестрплива сум, а и симптомиве ме бунат
Се надевам ќе има втора црта и овој пат Ние вој месец почнавме да пробуваме за прв пат (и се надевам дека се фатило од прва) и поради тоа не знам баш што и како оди и само чепкам по форумот да дознаам нешто повеќе
Дај Боже за некој ден да видиш две линии Јас со првото немав ама баш никаков симптом од почеток до крај на бременост, меѓутоа секоја бременост е различна, па си ги читам и јас членките и искуствата нивни. Сите што си сакаат што побрзо им посакувам да си ги видат двете линии