Не издржав, на пладне направив тест, покажа негативен. Треба на 6ти да (не) добијам.. Хах што ти е радозналост и желба.можда и несум закачила али месецов феелингот ми е ист и бетер како у прва бременост. Слабост, поспаност, мачнини, и у стомак посебно док станам сабајле тежина ко да ќе добијам
Не очајувај веднаш... можеби си имала задоцнета овулација па бременост настанало покасно некој ден. Чекај да ти доцни 1-2 дена и повтори го тестот, се надевам тогаш ќе видиш две цртки
Девојки сакам да ве прашам нешто незнам што да мислам повеќе. Пред 2 год останав бремена и покрај тоа што ми беа дијагностицирани полицистични, имав нередовна менст, но ете така требало да биди, со што даа бременост заврши со предвремен пораѓај(не е за тука оваа тема да не навлегувам). Сега после 2 год почнавме конечно решивме за бебче и пробуваме скоро 2 месеци. Да напоменам откако се породив имам редовна менст. Се до минатиот месец ми доцнеше и откако добив имав многу малку а повеќе денови,направив тест беше негативен, а овај месец повторно ми доцни требаше да добијам околу 1 август. Искуства или совети, не пијам момрнтално ништо од страна на витамини
Ќе проверам за некој ден да не испадни како минатиот месец, исто така имавме однос на 29-30 со свршување, 1-2 дена пред да ми дојди, па си мислам да не ми доцни поради тоа. Ти благодарам сепак
Пред 10тина години кога сопругот, тогашен дечко проба да ми напраи таква финта и јас така размислував и премногу му се налутив и поради тоа до брак имавме односи само со заштита. Од денешна перспектива кога се спремам за ивф и ме мачи помислата дали некогаш ќе успееме, си викам зашто бев толку против и толку чекав. Секако дека одлуката да се започне фамилија треба да биде донесена од двајцата партнери, ама ова силување е можеби претежок збор. Веројатно многу зависи од контекстот, во каква состојба им се бракот, условите, причините зошто некој одложува.
Не е претежок збор. Ако ти рече дека ќе внимава, а не внимава за да те забремени, иако ти не сакаш, репродуктивно силување е. Ти сега чувствуваш вина заради тоа што имаш проблеми во моментов. Ама тоа не значи дека може кој сака - кога сака да ејакулира во тебе. Без разлика дали ти е дечко, маж, мувач, додај по желба.
Целосно се согласувам со тебе дека не смее и не треба. Изборот на зборот ми е проблематичен без влијание на мојата вина или ситуација во која сум. На крајот на денот оние на кои им се случило тоа најдобро знаат како да го наречат, и чисто мое мислење е (а не факт) дека не би го нарекле силување. Ама темата не е за оваа дискусија па тука ќе запрам.
Дечки дали е можно прерано да отидов да вадам крв за бета? Денес точно 2 месец како немам.. А бетата тогаш излезе 0.10.... Полудечу..
Прерано?? Искрено не сум запознаена со бета односно до сега не сум направила бета..По мое не би требало да биде рано,а 2 месеци ти каснело..
Преку крв е најран метод за откривање бременост. Обично 10-12 дена после овулација би покажало доволна вредност на бета ако има бременост. Не те сфатив два месеци ти касни?
Zar preku test ne ti pokaza? Ne razbrav..proveri preku krv na tolku docnenje ce pokaze ako ima bremenost
Дали беше на гинеколошки преглед? Ако си правела тест и е негативен, ова е веќе не добивање, а не каснење. Предолг период е.
имаше од минатата недела објавено слика од бетата , колку што знам беше 0.10 , би требало да биде над 5 или 10 за да потврдат рана бременост , мислам дека треба да си отидеш на гинеколог и да се исконсултираш ако имало бременост требало да покаже повисока вредност
Женски еве ме мене да се јавам, добив денес фала Богу и се е во ред исто на 4ти како и што си добивав, само еден месец ме прескокна можеби од стрес, промена на клима дека веќе скоро месец дена не сум во Скопје, преоптоварување со тоа дали конечно сум бремена па се си има свое.. Ви благодарам многу за се, па се надевам следниот пат ќе се слушнеме за убави работи Останете во добро здравје, и двете цртички на тестовите нека се множат!!