Добар ден девојки. Барав на интернет, но конкретен податок не можев да најдам. Имам 18 години и сум две години во врска. За време на овулација имавме незаштитен однос, но финишот беше надвор. На денот на овулацијата добив многу тажна и стресна вест која буквално психички ме уништи и беше причина за огромен стрес, нервози, плачење цела недела и слично. 6 дена ми касни менструацијата, но иако и претходно имало ситуации кога ми доцнела поради стрес, имам причини да се сомневам и во бременост. Имам силни болки во пределот на јајниците и под желудникот, но други симптоми поврзани со гради, гадење, мачнина, омалаксаност и слично немам. За сигурност утре ќе правам тест за бременост и во случај да биде позитивен ме интересира, дали со 18 години можам сама да абортирам во некоја клиника или ординација, без присуство на родител? Ви благодарам многу и ви посакувам убав ден, а на мене памет во глава за во иднина.
Хах, се забременува и од предсемена течност. 4 на 100 жени забременуваат така. Јас лично имам другарка што така забремени.
Мали се шансите за бременост, но сепак постојат. Најверојатно ти касни од стресот што си го проживеала, ама за секој случај направи си тест. Можеш да абортираш без родител, полнолетна си. И за друг пат како што си кажа и сама, памет во глава.
Како што те разбрав си имала односи пред една недела а ти касни осум дена? Значи најверојатно и не ти биле плодните денови тогаш, иако секогаш постои шанса да се подместат. Ако нема поминато барем 14 дена од односот тестот нема да ти покаже точен резултат. Симптоми не си барај, многу е рано за да имаш било какви.
Ако била втора или трета партија без да се измие или помоча има мали шанси да останало нешто, инаку како ќе забремени?
Така лесно. Предсемената течност или pre cum, е течност која излегува за време на секс напосредно пред ејакулирањето. Ретко може да се види, бидејќи е само една мала капка, а мажот не чувствува кога таа излегува. Има сличен состав како спермата, што значи дека таа течност им е поволна на сперматозоидите да преживеат во неа. Да, ако мажот има ејакулирано неколку часа пред појавата на наредната предсемена течност, то ест се прави втора рунда, поголеми се шансите таа да содржи поголем број сперматозоиди, кои по првата ејакулација или (не) мокрењето не се доисфрлиле. Ама ова не значи дека од pre cum не може да се забремени и на прва рунда. Ти кажав, имам примери околу мене.
Девојки, имавме незаштитен однос со мм 2 дена пред менструација (без пазење). Добив менструација 2-3 дена многу слаба и ми прекина. Дали е можно да сум бремена и кога да направам тест?
Јас останав трудна 2 дена пред добивање,така да се е можно во однос на плодни/неплодни денови.Е сега за крварењето не знам. Ако мислиш дека може да си бремена мораш да почекаш 2-3недели за тест,зошто мене ми даваше негативен па дури на 17тиот ден преку крв позитивен.
Здраво , што мислите кога да направам тест за бременост? Ми касни 36 ден од последна менст.. сеуште немам добиено иначе добивам од 28 најкасно до 34 ден.
Dali na nekoja i se slucilo da ima pozitiven test so epten bleda vtora linija, a potoa da iscezne vtorata linija?
Здраво женски. Овој месец со мм имавме чести односи за време на плодните денови со намера за бременост. Треба да добијам на 20,21 Август, но веќе три дена имам константни грчеви во долниот дел на стомакот, болки во половината и често мокрење. Дали е можно да има рана бременост, и доколку има, дали се нормални тие грчеви во стомакот?
Грчеви слични на оние пред добивање менструација се нормални во рана бременост. Ама не сум сигурна дека ти се од бременост, некако многу рано ми се чини