Овие 3 месеци ми се погоди така мислев ќе бидат битни одприлика за овулација..инаку претходно во мај не ми дојде Април 24ти ми беше..Март 09ти Имам одено на лекар Немам полицистични јајници, ниту пак циста..
Јас имав односи у јануари, секој месец имам менструација ама потајно чекам да ми пукне водењакот и да родам. Добро, знаете ли што зборите бре? Ако ти е страв немај односи, какво е ова паничење секој месец?
Како што варира менструацијата, така варира и овулацијата и не секогаш е школски на 14 дена пред добивање. Затоа имаш две опции, или ти касни како многу пати до сега, или си бремена. Пошто утре ќе имаш 14 дена од односот, можеш да си направиш тест. Докторот на што вика дека се должи нередовниот циклус, хормони си проверила ли?
Еве правев утрово и негативен беше..имам проверувано хормони,не е ниту наследно..а докторот вели нормално е немој да се плашиш, и кај троица бев сите ми го рекоа тоа..само многу по одамна но за жал докторот почина, уште пред да почнам да имам односи на ехо ме гледаше и ми рече имам мрзливи јајници, од тогаш поминаа 8 години ниту еден не ми го рече тоа.
Со дечко ми имавме ризичен однос на 05.09. Мене требаше да ми дојде на 14.09. Дали тестот е невалиден, бидејќи некако линијата ми стои размачкана? Го правев сабајле, со прва мокрача.
Којзнае колку месеци за истото пишуваш во темава, премногу паничиш. Најдобронамерен совет: за сѐ околу забременување ќе поразговараш со матичен гинеколог бидејќи имаш некакви недоумици, а штом веќе си почнала со односи, треба да се знае ова. Друго, кога веќе толку ти е страв и прашуваш по секој однос дали си бремена зошто не користите заштита? ,,Поубаво е без тоа" не е изговор, вреди ли за оваа паника отпосле? Како прво, тој кога веќе гледа дека не се чувствуваш доволно безбедно, и за себе, а и за тебе не помислил дека е подобро да користите заштита?
Работава е што и 2 теста да направиш, пак нема психата да ти е мирна. Направи уште еден, да се осигураш. Поразговарај и со партнерот и со гинекологот, апстинирај некое време ако треба. Не знам како се нафаќаш воопшто на нешто вакво кога не си сигурна, па уште и без заштита терате.
Од ризичниот однос се поминати 10 дена. Тестот е негативен. Ако не добиеш за неколку дена повтори го пак. Се дури си ја напнуваш психата, нема да добиеш. Ти пишале и пред мене, користи кондом за да не кубеш коси секој месец. Знам кое измачување е.
Здраво. Денес ми е 41 ден од циклус. Обично не ми доаѓа на датата, последните 2-3 месеци ми доаѓаше на 38 ден. Во саботата направив тест, но не беше со утринска мокрача беше кај 17 часот и пиев многу течности на брзина за да можам да го направам тестот кој беше негативен. Еве сеуште немам ништо, а немам ни симптоми. За ризичен однос неможам точно да прецизирам кога ми бил бидејќи имаме на секои 2 дена. Хормони проверени - океј, цисти немам ни полицистични јајници. Сега се мислам што да направам следно. Некој совет нешто, однапред ви благодарам и се извинувам на малку подолгиот пост.
Зависи колку време пробувате? Партнерот може да направи спермограм а ти проодност на канали, чим се друго ти е ок. Си следела ли овулации?