Скоро 2 години пробуваме. Да, сум правела фоликометрија и се ми е океј, фоликули се создаваат и прскаат, само во различни денови бидејќи не ми е точна менструацијата. Спермограм добар, само мала намаленост на подвижноста, за тоа пиеше витамини и ни рекоа и на 2-3 места други, дека тоа можело да биде и моментално таков резултат не било трајно.
Доброутро девојки. Утрово направив тест бидејки ми доцни веќе една недела. Не знам што е ова што испадна веројатно е негативен или невалиден( цртата е некако хоризонтално). Што мислите вие?
ClearBlue ли е тестов? Мене ми личи на позитивен. Кога е негативен треба да има хоризонтална цртка то ест минус, ама треба да е појака од ова. А кога е позитивен се појавува плус +. Мислам дека е позитивен, најдобро земи уште еден, можеш и од друг бренд и повтори го.
Се согласувам со Бела и јас мислам дека е позитивен само направи си од некој друг бренд денес и ќе ти покаже
Не не е CleraBlue, AxaClear пишува. Не знам што да мислам а сега кога си дојдов од работа и пак го видов тестот нема ништо никаква линија
Здраво на сите, што мислите позитивен е? Го направив сабајле денеска ми е втор ден доцнење на менструацијата?
Уф избезумена сум. Се надевам овој пат дека ќе биде се во ред. Фала ти многу. Ти посакувам поскоро и кај тебе и кај сите што чекаат.
Здраво женски! Циклусот ми касни 5 дена. Денот кога требаше да добијам правев тест. Беше негативен. Мислите дека беше рано или негативно си е негативно