Дај Боже да е вистина после скоро 2 и пол години, сите да си дочекате, неможам да се израдувам оти не верувам уште
Најчесто несакајќи биваат работите па и забременувањето. Ние што се обидуваме многу време сакајќи па не бидува Позитивен е честитки Пред некој ден си пишела дека ти доцни 2 дена, сега 1 ден Сепак си бремена, ако е бледа, рана бременост со лесно да ти биде и закажи си преглед наредната недела.
Честито. Со сигурност е позитивен. Јас два пати имав бледи линии и едното е 3 год другото е на пат. Можеш слободно да се израдуваш.
Мање битно. Важно има бременост, како што те читав сте се бориле повеќе од 2ипол години па еве ти се остварил сонот. Со лесно да си ја истераш цела бременост
Здраво е вака во прашалници сум ми касни три дена направив денеска тест ама незнам дали е позитивен овие тестови ми се нејасни малце а и нее розе линија како сенка ми е нез помош од вас
Ми стои дека е негативен. Линијата што ја гледам( а претпоставувам и ти) не е тест линија туку место каде што е залепена влошката што абсорбира урина. Тест линијата е многу поблиску до контролната. Земи си уште еден тест шурчек и ќе ти покаже.
Негативен е овој сигурно е од ебау јас го имам истиот правено и забележав дека е исти ваков тестот и пред да го правеш. Позитивната линија треба да е многу поблиску до контролната
Здраво девојки. Ве читав страници наназад, па сакав да се приклучам. Правев инсеминација на 4.11, значи денес ми беше 12-ти ден, не можев да се стрпам и направив тест попладнево - негативен. Симптоми реално немам многу, промена на расположение, пецкање на брадавиците чувствувам, пред 2-3 дена имав болки во јајниците како за добивање ама и тие прекинаа. Знам дека треба да си почекам и да си проверам преку крв ама пустото ме копкаше и сега ова тестов денес ме разочара Има некоја шанса за позитивен резултат според симптомиве?
Симптомите се исти и за добивање и за бременост. Провери бета преку крв, не е рано, ќе покажи. Тестот преку урина може да е и лажно негативен. Од срце ти посакувам да испадне како што сакаш!
Фала ти многу. Ќе закажам за во четврток па ќе пишам ама се' мислам дека ќе добијам. Денес еве пак ме болат јајниците и down сум ама тоа е, ќе чекам официјално да ми кажат.
И мене ме болеа јајниците како за добивање, ама не добив. Не мора да закажуваш, оди уште денес ако си во можност. Ти посакувам среќичка. ❤️
Здраво.Имав незаштитен однос на 11.11 и 13.11 циклусот ми заврши на 04.11.Да напоменам дека јас и мм сакаме бебче. Овие денови се чувствувам чудно,ми се врти се чувствувам омалаксано имам болки во половините.После колку време можам да направам тест?