Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Јас летово ги набуцкав братучедка ми (21) и сестра ми (24) да играме ластик. Отидовме позади двор, таму не не гледа никој и се изнаигравме! Мајка ми кога не виде вика, леле види ги крави толкави со цицки (се извинувам за изразов ) се разрипале.
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? ХАхахха одлична тема. Знаеме со сестра ми некогаш во ходник да ставиме столици и латик и да играме. Со помали дечиња исто така, ластик или пак криенка, да не зборам со барбики. Се радувам кога ќе ми дојде девојче со барбика, па си пијат кафе барбикиве, ние им шиеме облека и така Немојте да се смеете, ама па дете сум си во душа, аи не сме престарени.
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Леле и мене ми се игра со барбики, да им правам куќи, кревети, алишта. Ама нема со кој Мислам дека кога ќе имам деца само тоа ќе правам со нив
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Дојди имам уште две дома. Мајка ми ни ги купи пред 2 години Само се надевам сакаш плава, мојата е црна.
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Денес си играв со внуците... морав да ги забавувам ама дури да сетам времето отишло, што значи и мене ми беше забавно! Игравме криенка (се криев ко мало дете да сум , сестра ми ме зафракава дека ептен сум се занела у играта), игравме и со топка (ама оваа не ми беше интересна,за кејф на дечките ја играв) и игравме со кукли, мечиња и др.играчки! Инаку кога бев јас дете игравме ластика, народна, џамија (онаа со тулите наредени една врз друга па ги погаѓаш со топка), криенка и уште 100 други кои мислам дека деншните деца не ни помислуваат да ги играт! Има голема разлика од нашето детство и од детството на сегашните деца
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? сеуште играм само НЕ ЛУТИ СЕ ЧОВЕЧЕ со родителите и брат ми на зима претежно
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Еееее какви сте значи сите, со темава ме потсетивте на моменти колку ми фали да сум си дете....ама нцки нема веќе ,дете само во спомените.Многу ми е криво што денешниве деца слободното време кое го имаат во изобилство го трошат само пред монитор и искрено некако ретко слушам дека сакаат да играат жмурка,народна,една играа што ние ја викавме План (кога еден мижи а другите се кријат само претходно на нацртани мапи му даваме на знаење каде сме скриени,па негово беше да ги разоткрие мапите ),ластик нормално ,џамлии...и да не ги набројувам сега. Освен со некои мали дечиња (братучеди,деца на мои другарки и сл) со кои обожавам да си играм,сама не ми текнало да развртам ластик на пр...абе додуша ми текнало,ама ајде ој разиграј се де
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Јас уште си играм вакви игри (иам 13 години) ама кога идам кај тетка ми на раскрсница со другарките и тие се колку мене Баш претходнава сабота бев беше Haloween и крадевме тиква ја сечевме и со свеќи плашевме луѓе по пат.. А иначе овдека дома по зградиве никој нема затоа сите се понашаат мн ВОЗРАСНО само за дечковци девојки и сл. Ама то ти е што да се прави
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Сеуште обожавам да играм не љути се човече. Дури и на интернет играм кога ми е досадно И пред некој ден знам со братучетками што е дупло поголема од мене игравме со врвка што се врзува окулу раце.. Незнам колку се сеќавате на играва. и да.. Знам понекогаш со малото братучетче да се заиграм со барбики.. Па да им праиме дом.. Па да збориме место нив...
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? да спичлес ја знам играта ја играв пред некое време ... колку бев добра како мала сега труп едвај подвижен со рацеве хахаха .... инаку си играм и јас... се си играм со барбики колички ...супер марио... пред некој ден криенка си играв со децава од улица ( по три цетири години имаат ) едното има 7 а другите две 9 и мајка ми ми се згази од смеење бе .... не лути се играв збирам фото и торти од калови си правев ... ама па што се смеев се забавував ... е да сум на тие години ...
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Не играм веќе игри од детството затоа што немам со кого. А баш ми се игра жмурка, ластик и тетрис, ама на оние сивите тетриси што ги имавме сите
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Ах како само ми се игра жмурка, штркот бара боја, сакате ли војна, шуто дупе, со барбики и колички, па да правам јадења од кал и да ги украсувам со секакви цветчиња, или пак со киндер правевме куќички...тоа беа времиња! Жално е што денешните деца не знаат за ништо друго освен за пред компјутер и за некои игрици со убивања и насилства Како и да е, ние си имавме најубаво детство!
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? До пред некоја година во школо и тоа на физичко ќе се зберевме и игравме во салата ластик или кој јаде која јаде ... А до ден денес,а посебно летно време играме не лути се човече,но најчесто монопол, но детството не се враќа и она што го имаме доживеано во детските моменти пред зграда, во парк, на прскалки, жмурка ... навистина прекрасни времиња беа
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Ми се игра ластик, кога ќе помислам, тоа ти е доста физичка активност, и во исто време и забава. Знам, кога некоја од другарките не беше дома, двата краја на ластикот се врзуваат на дрва, и ти играј сама Ја сакав и царицата, штркот бара боја, а за мижи-татара да не збориме, прекрасни спомени
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Не играм, а проклето САКАМ! Али неам со кого, сеа сите се „големи“ се праат на три и пол.. Се испоселија и нема едноставно со кого ни да прозбориш. Ретки се тие шо се наоѓаат. Порано за да играме триаголник (ластик, со 6 души) мораше некој да искочи, да го бркаме, а сеа? Сеа нема ни двајца да собереш! Порано глеавме да станеме шо порано за порано да искочиме.. Мене ми викаа секогаш за ручек дома, али пошо најчесто имаше манџи ја не јадев, и јадев само леб и ќечап. Или ќе зеам неколку банани. И одма искачаш, у движење си цело време, трчаш ко будала... Игравме жмурка, ати мати колико је сати, штркот бара боја, барбики, карти, праевме торти од кал, ќе соберевме сите по десет денари, и ќе праевме излед позади зграда... А сеа позади зграда има зграда огромна, од ластик игравме: ема еса са, попај се зовем ја, триаголник, четириаголник некад и петоаголник, нула еден, до до докторе... Шо не играме.. А сеа... сеа стани шо е можно покасно, пред комјутер, јади, дебели се... Ма да не е баш смешно али ај. Ако треба ќе го дадам и комјутерот и све, за да се вратат тие времиња. Ама нема..
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Не За време ајде некако ке најдам, ама не може да се софпадне моето време со на друштвото, а и помина тоа време кога игравме жмурка, џамија, стапче и сл. Сега повеќе се повикува на кафе и трач партија. Ги оставаме тие игри на помалата генерација, ако воопшто знаат што е жмурка
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Приморана сум да играм продавачки кога ќе дојде братучетка ми, сакала-нејќела, морам да продавам Пак и напредни овие генерацииве ај што ќе и продадам и фискална ми бара Друго - не, освен кога ни е ептен досадно со другарка ми, знаеме да си се глупираме по малку, ама за среќа тие моменти се ретки.
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Ау па како не сум ја видела темава... Играм, играм, и тоа секој ден...сака некој да ме мења.. ени оне? Играм жмурки, играм со барбики, продавачки, докторки, чајанки, топката на место, иде мачка поред тебе, чатали копатали колку се (ваљда вака се пишува ), во едно шише имаше мастило која боја ја сакаш, вртам холахоп, скокам на јаже...и пред некој да помисли да не сум се мрднала, да си објаснам- силом прилике, ја занимавам ќерка ми.. Немојте да жалите за игриве, кога ќе станете мајки ќе се зажалите што воопшто сте помислиле дека ви фалат
Дали сеуште ги играте оние детски игри кога сме биле мали? Леле хахахаха играм јас со се што играв ко мала. А, пошто нај играв со камиончиња, коли и војничиња и сега играм тоа со внук ми. Игравме и криенка и она како се викаше лист-камен-ножички, б’з и триста други глупости. Главно кај нас иде да викендува со цел воен арсенал, динусауруси, замоци, џамлии о и тоа играме хаха све.
Не... А кога ги гледам децата играјќи ластик, ми иде да им велам-ај 3 по 3 кој сака да им се придружам, лом ќе направам.