бидејќи имам син играм, играм...војници, каратисти, бетмени, спајдермени, рипам , скокам, бам-бам, правам коли, трактори, авиони... Фази кои секое дете ги поминува а богами и ние родителите заедно со нив
Да бе,еве сеа затопли,уште се собираме у маало на жмурка и народна со сендивичите у рака.Мајка ми се дере ко по обичај Лилииит,Лилииит ајде дома,доста беше!
хахаххахаххах се би дала да се собереме истата екипа одд маало и уште еднаш да ги заиграме истите игри .како кога бевме мали...иначе да да знам да се заиграм со некое детенце ......на крајот на краиштата јас сум осудена да бидам петар пан
Ама ме насмеа Лилит, има пишано во темава, ама истите игри што су ги играла не ги игра секако, би ме направиле дома ненормална ако си седнам да си играм со барбики, па да ги пресоблекувам, да им шијам облека или да си го земам зајко и да си го заспивам (глумејќи му мајка) за овие секако се подразбира дека не ги играм. Ама некои општи, ко брза географија, на буквата, на буквата, брканица и мижаница ми се случува ама само дома со дечиња помали од 6 години
Би сакала да изиграм пак жмурка или ластик....но неможам да земам да ги барам по врати или да се дерам под прозори на "другарчињата" и да ги викам за надвор, ненормална ќе ме напраат.
Ги сакам до тој степен што би ги играла среде чаршија ,кога би ме играл некој Ама никој не ме игра ,срам му е Немаше нешто што не игравме - од најпознатите Мижитатара ,па истата со топка ,па брканица ,па Пипни - стој ,Чија е војска ,Царство ,Нека бие нека бие , ластик ,скокалиња (џамлии) Кој е за игра - лп со датум и место Бидејќи јас сум ЗА!
Нормално дека не ги играм се уште, а и немам некоја желба со некое денешно дете да се заиграм. Имам многу деца кои ги познавам, а се мали, ама не се по играњето. Денешниве мали се како стари-мали. ги интересира се, само играње не. Туку на темава: играв ластик, криш-миш, били, брканица...такви игри.
Хмм, не не ги играм , но често знам да се присетам. Со друштвото да си раскажеме како нешто се играло. Но, верувам дека со моите деца ќе се присетам на моето детство.
Си играм Не лути се човече со малата братучеда, затоа што таа ме тера. Ама така еднаш игравме јас, таа и брат и‘ (кој е година и пол помал од мене); девојчево не‘ откачи едно време и јас и братучедов продолживме И се заигравме едно добри три часа Со неа исто и со хулахоп си вртиме. Уживам да си играм со неа, ме враќа назад
хехе интересна тема јас немам време за да играм . но кога би имала слободно време би играла куц камен со малите дечиња од нашето маало Само се шегував не мислам дека го свативте тоа сериозно. Јас играм со брат ми Монопол,Не лути се човече Spoiler морам да признаам на некој начин интересно е
Па не ги играм оние игри на улица што сум ги играла како мала, но ми носат убави спомени кога ќе се сетам на нив, или кога ќе ги видам децава од моето маало како си играат. Убави времиња беа. Инаку, уште играм Не лути се човече, со братучедите играм и забавно е.
Не ги играм. Ама знам да си застанам пред ТВ, и да си гледам цртани Ми се смеат од дома, ко мало дете си! Ама ме потсеќа на најубавото време
Ооо како би заиграла сега еден ластик. Ама срамота е, ќе ме оговараат бабине после низ цело маало. Сакам да се вратам барем на еден ден. Да ја почувствувам пак таа слобода. Колку ни беше убаво.
Кога ги гледам децава пред зграда како играат жмурка, народна и така натаму ме фаќа тешка носталгија за она рано детсво. Неописливо многу ми се игра!
Со дечко ми уште си играме криеница во темнината Ај он топик - Јас си имам една игра со сестра ми, која сигурно ќе ја играме и како старици. Ќе легнеме една до друга и ќе се гледаме без да трепнеме. Кој трепне губе и трпе сеир и закачки
Не ги играм игрите што сум ги играла на улица,но ми будат многу убави спомени (како што кажа и некој член погоре).Радо би се вратила на тоа време,но секој нов период си носи свои различни работи по себе кои се исто толку вредни за паметење,нели? Е сега знаеме со брат ми понекогаш да поиграме икс-точка или брза географија,а и не може да им се одолее на Том и Џери .
па сеуште играм нелутисе човече, и монопол,такви игри,а ластик,лебчиња,само колку игравне и криенка се собиравме едно 25 дечиња во маалото и супер си врвевме,да бие топката најмногу игравме,сега најискрено дали овде во маалото малце деца се или што е работава,ама немам видено нешто децата да играат што деца ке се овие
Јас сеуште сум дете во срцето. Имам две помали први братучетки и еден малечок братучед кои често ги чувам и им помагам околу домашни. Кога правиме малку одмор од учење или кога ми се на гости, лесно им станува досадно, па морам некако да ги занимавам. И тогаш вадам шах, не лути се човече, монопол, 6 игри за забава, вадам барбики и најразлични играчки. Играме народна, или двајца си подаваат со топка а третиот во средина треба да ја фати. Изигравам фризер и им правам плетенки или им кратам шишки на девојчињата. Ме гледаат мене дека пијам кафе, па и на нив им правам т.н. „детско капучино“ (млеко со нествик и малку наросено какао одозгора). Зимно време ги шетам со санка низ населба, па правиме снешко, се бркаме низ двор и се маваме со снежни топки Како мало дете сум кога сум со нив
Не... но кога ги гледам децата во маало како си играат ластик, граница ми иде да слезам и да си поиграм малку со нив Понекогаш знам да си седам и да гледам цртани на картун нетворк