Не, ама во некои моменти колку сакам пак .. ластик, плочка, џамии.. ех Aма веќе не сме толку мали девојчиња..
Ретко, ете со малите внучиња на дечко ми, инаку вака каде ќе играм инаку како радо би играла граница,грабни стапче,ластик
Јас пред некоја недела си играв ринге ринге јаја со едно девојченце кое има 2 години, па си подававме со топка, па игравме жмурка само ние двете Убаво е некогаш да се потсетиш на детството, ах барем само еден ден да се вратам во тоа време
До пред некое време со дечко знаев да си лежам и да си играме - на буква, на буква. Ама најсмешно ми беше кога со еден другар игравме, и не можев долго да погодам што е, на буквата Ш, и на крај кога ми рече шарки, за тие на вратата, јас уопште не помислив на шарките што ја држат туку на некои сликички и не му признавав , како си нашол збор за сликичките. ( додека да ми текне )
Па кај нас нема деца со кои би можела да си играм ,ма да би сакала.Сите се преоптоварени со компјутерски наместо реални игри ,нивото на социјализација им е многу ниско ( освен непосредниот контакт со маусот и тастатурата ,јбг) и искрено се радувам кога ќе наидам на група разиграни дечиња ,што претставува вистинска реткост.
Кога бев мала си игравме со другарките Слугинкии мајки керки и дрр Ама сега ен бидејки сум голема ама мн сакам пак да си играм и секкао миж дупка мн сакакам ама никој нејке да игра
Еве јас сум 8 одд ии многу ми фалат игрите: криенка,куцкамен,ластик,прекар,штркот бара боја , народна,пипни стој, нека бие нека бие, па ко си игравме со барбики .. до 6одд си игравме во маалото но сега ела најди ги децава уфф ..
Многу ретко, пред 2-3 месеци со другарка ми решивме да се присетиме на детските игри во маало. Кога не видоа почнаа да се шегуваат на наша сметка.