Јас уште не се сметам за голема, ама ете, на помала возраст од сега. Игрите со карти: тонч, магарец, покер, брич, кент, тоалет, макао... Може да се случи многу ретко: на буквата-на буквата, скриен предмет, брза географија, каладонт, не лути се човече, монопол.
Цело лето играм криенка со другарчињата..овај интернетот сите деца ги запусти Еее кога бев помала никој не седеше на компјутер..сите по цел ден надвор бевме и игравме
Криенка, конзули и оние таквите не. А скокање на јаже, карти, монопол, табла, на буквата на буквата, бесилка, да
Од типот жмурка, ластик, јаже и нему сличните, не. Додека овие другиве од типот - брза географија, монопол нелути се човече и некои други кои се со седење, да, но сепак и тие многу ретко.
Ееее кога ќе ги слушнам маливе како трчаат и си играат надвор, ми иде и мене да испаднам, ама од пусти срам....
Играва се вика Claw , многу ја играв како помала, но сега никако не можам да најдам да ја играм на интернет или да ја симнам. Дали некој може да ми помогне? Еве слики
Скрос престанав да ги играм тие игри некаде на 14-15 години, но сега иако имам 21 година пак почнувам да играм по нешто, само заради мојот внук.
Обожавам да играм надвор, на пример мижитатара (ние криш миш викаме), ракомет,Ѕиздија и мн други игри шо сум ги играла ко помала
Откога се појави интернетот и компјутерите детските игри престанаа. Јас го фатив времето кога сеуште се играше на улица. Ми недостига тоа време.
Еххх времиња беа тоа сега повеќе не растеш созреваш поинаку размислуваш градиш кариера основаш семејство можеби еден ден пак со својте деца играјќи би се потсетил на старите времиња.Али секако ми фалат тие времиња секој од нас длабоко во себе барем еднаш посакал за миг да може да биде повторно мал и да се наврати на тие денови и на тие дружби со маалските другари и безгрижното детство.
Леле и јас ја играв многу оваа. Ме израдува сега. Со сирените и чудовиштето што не можев да го победам. И извиците чудни Мислам дека имаше и со шпанско село една стаза, на првата се сеќавам со бегање од затвор. Бар така мислам дека беше Штета што ја немам да се потсетам, а омилена ми беше. А и на сестра ми. Затоа се тепавме која прва на компјутер. (Па и тоа е детска игра не?) Друго нешто што ми текнува е дека слегувајќи по скали застанувавме на секое одморалиште и игравме бокс ( не паѓаа вистински боксови), а пред родендени или некој важен ден (оти се правеа кифли) се мечувавме со сукала.