Ок гледам дека цел свет е заразен со тоа тверкање (twerking). Прво мислев дека Мајли Сајрус го почнала ама кога подобро разгледав тоа си имало цела историја уште пред неа. Гледам врие од видео материјали на интернет и баш ме интересира дали некој кај нас игра вака? Макар по дома Ми делува прилично провокативно ама и интересно. Пробав еднаш да играм само мислам дека немам доволно месо на мене за да го изведам како што треба
Хахаха според мене ова тверкањето е една луда работа, значи стана познато со милионите критики до Мајли, а потоа и секој почна да си се снима хаха. Искрено јас немам пробано, но една моја другарка е тука некаде и навистина ми изгледа апсурдно.
Да и тоа заедно со другарка ми, ама сеуште сме на основно ниво. Се договоривме кога ќе имаме повеќе време ќе извежбаме и некое покомплицирано движење... Инаку тверкањето не зависи од облините- јас имам прилично голем задник и полесно ми оди, ама иако другарка ми има затегнато и мало газе, сепак тоа го прави одлично!
I do not agree Мислам дека она си нема појма, ептен ја исфорсираа со она настапон со јазикот дури смешна ми е! Ама затоа Ријанче со видеоно за Pour it up WOW http://www.youtube.com/watch?v=ehcVomMexkY
Мислев на шала, но тверкањево ми е... Незнам каде е убавината.. Едит: Не мислам за Ријана општо мислам.
Абе каква Мајли Тоа ли е тверкање , се ежам кога ке се спомне нејзиното име у овој контекст . Јас имам научено некое елементче сама дома си се учев од едно видео и една другарка заразив па сега заедно ќе се учиме . Кога научив еден основен елемент се испофалив по другарки , на мајка ми , абе жива радосна бев .Имам изгледано доста видеа од Тверк Тим неколку девојки што има ама баш газлести се снимаат и секоја чест капа симнувам , е од пред неколку дена имам нова миленичка , посебно заради затегнатото газе што го има Иначе зошто глупости ? Мене ми е баш интересен за да приреди приватно шоу на некој што заслужил Абе толку ми се свиѓа што часови би земала да го утврдам . После видеово мислам дека никој нема да остане рамнодушен ,уживајте http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... t&id=45179
И мене ме интересира тоа!!! Мислам ајде некои основни движења, ама кога ќе видам некоја превртена со нозете нагоре или шпага направила и уште го тресе не ми е јасно како го прават тоа?! На пример знам дека ако сакаш да научиш да мешаш со стомакот треба да земеш едно шише да го ставиш напред значи кај половината на панталоните и секој ден да се обидуваш со стомакот да го кренеш нагоре. Може и тука има некоја финта што ние не ја знаеме
Искрено мене ова ми е глупаво, ако сака некој нека си го практикува (иако мислам дека постојат доста видови на понормален танц), ама закачувањево видеа, да им го креваш "притисокот" на цела јавност.... Ријана не ја сакам, како и повеќето познати пеачки од слична категорија бидејќи не знаат веќе што да направат со себе, па успеваат да ги затрујат и нашиве тука иако сме мнооогу поназад, па се ова се смета за страшно недолично за нашиве простори. А за Мајли премногу ми е жал во што се претвори слаткото невино девојче, на добар пат е да стане копија од Лејди Гага, страшно.... и да сум позната личност не би сакала да го задржам вниманието на јавноста правејќи работи што не се за во јавност, па ниту за било каде!
Тверкање бе! Девојчиња, стварно престанете да се поистоветувате со Мајли, Селена и остала компанија. Тренд било у цел свет, може у вашиот пошто у мојов сигурно не е. И стварно темиве се... незнам, само за смеење и фаќање сеир. Најнова танцова дисциплина - тверкање. Што е следното ?