Или јас сум престарена или нешто не е во ред со мене. Јас немав поима дека она тресењено на задник има име, а искрено и се изненадив дека овде има толку заинтересирани за тоа па уште и воодушевени. Ме интересира за што ви е потребна таа вештина: пред секс, после секс, за денсање во диско? Или чисто онака, Мајли и Ријана тоа го прават па ајде и јас? Просветлете ме ве молам, заостаната сум.
Глупаво е. Не, никогаш не сум пробала и нема да пробам. Мајли ако нема друга работа, нека тверка. Тресење на задникот? Што по ѓаволите е убаво во тоа?
Секој со своето право на избор На секого му е интересно или неинтересно од различна причина. Мене лично отсекогаш ме интересирало како го прават тоа зошто некои движења навистина се необични и наизглед неизводливи. И тоа нема врска ни со Мајли ни со Ријана, туку со самиот начин на изведување на twerkot. Затоа и го поставив прашањето. Нема ништо лошо или не знам што да се обидеш да изведеш некое провокативно играње и чисто да го испробаш за своја душа, барем за мене, за други не знам Сигурно нема да излезам по жешки гаќички да тресам на сред диско, ама кој знае можеби утре ќе решам да му го зачинам денот на партнерот
Голем ми е газот и би бил добар за тверкање ама не би правел такво нешто .... сепак сум нормално човечко суштество
Во одделение машките тверкаат. Поточно со тверкање нервираат и тоа го сакаат. Ма, да, повеќе личи на ас-чејз отколку тверкање, сепак се најдобрите тверкачи.
Леле бре дете, ме умре од смеење да си жива и здрава Инаку јас тверкам, порано практикував јога ама сфатив дека ова твекрањево повеќе ми ги отвора чакрите. http://www.youtube.com/watch?v=VkXZocIK5gQ
А кој овде се поистоветува со Мајли или Ријана ? Јас конкретно се заинтересирав за ова уште пред неколку години , го начекав случајно во неколку спота претежно на црнци и ме заинтересира .Факт е дека е нешто што не го може секој и треба време да се научи и поради тоа го гледам како некој вид уметност , како на пример pole dance или bellydance . Тоа што го направи Мајли како прво не беше ни тверкање , а Ријана го владее се гледа Ама воопшто не е некој нов тренд , ниту они две топла вода измислиле .Јас ни во лудило не би се снимала како го играм ама би му изиграла на дечко А овие што се снимаат не ми сметаат , посебно ако се како онаа што ја постирав , па мора од негде да се учат елементчиња
Мене ми е срам само што го гледам,а не пак да го правам. Имам и јас прилично голем задник и сум пробала колку да видам како би изгледало. Успеав,но се засрамив од самата себе,а не пак на друг да покажувам како го тресам мојот задник. Ми изгледа многу перверзно и не ми е јасно од каде се појави воопшто. Исто и јас не знаев дека тресењето на задникот имало дури и име.
Старки ај не им се мешајте на децата Сите генерации си имаат по некој тренд , се сеќавате ли на ова a a ? Мајка ми вака ме гледаше http://www.youtube.com/watch?v=XiBYM6g8Tck Мене ми е неразбирлив и вулгарен , ама шта чеш , нови времиња Yolo bitches
Еј, ова некоја уметност станало Тресење целулит, безвезе! Ама јас тоа си го правам по дома, не знаев дека е во мода
Па јас баш не би можела да го споредам со танцување на шипка или стомачен танц, ма да и за тоа немам некое најсјајно мислење. Не гледам никаква уметност во тресењето задник и не знам што корист/бенефит би имале од тоа. Ако сакате цврст задник вежбајте, нема потреба од црнечки срања. И ми текна на видеово го имав гледано пред некое време, здраво ме изнасмеа. Тверк беља http://www.youtube.com/watch?v=CddMD3QqTFs
Епа мене Ејми Ли ни Лизи Хејл до сега не ме научиле што е тверкање ... Тоа со Дајнасур шо го видов тогаш, не знаев дека вака се викало well still, човекот учи додека е жив ... Патем ВООПШТО не ми се допаѓа туку ... грозно ми е, тресење на целулит и то лично мене ме тера на ...
леле ми се згади како што кажа една феминка,мене ми е страм да го гледам а не пак да го правам и некој да ме гледа