1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали тој требаше така да постапи?

Дискусија во 'Канта' започната од Angells bejb, 3 февруари 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Види вака некој те дави за врат и ти сеуште се чудиш дали тоа е во ред или не ????? :^)
    Трпи нека те тепа....све за љубав. :headbang:
    ...Од каде тој си зел право тебе да те удира. Свести се со време и не си го губи времето со некој кој те малтретира психо-физички.Ваква работа според мене не се простува, нареден пат отвори си ги очите на кого му се доверуваш ти не си на улица најдена имаш фамилија. Шпанска серија боже господе.....
     
    На Cinderfakinrella, sj *O*, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Stefan-Stefi

    Stefan-Stefi Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Единствена грешка гледам во тоа што повторно сака тој да влегува во истиот пекол и да одново го поминува сето тоа, некои девојки едноставно се родени да бидат такви. Многу ме нервираат девојки кога ќе речат јас ништо не направив тој ете така од чиста мира почна да љубомори. Јас верувам дека никој не е толку луд така да постапи ако девојката нормално се однесувала и не флертувала или по секоја цена сакала да биде во центарот на внимание.
    Јас не оправдувам насилство но понекогш некои луге знаат така да те извадат од кожа што не можеш да се исконтролираш.
    Замисли ја однесеш во странство да види свет а таа уште ти се ку*чи?

    Мене ми се има случено да извесен период поминам со девојка која не требаше нишѓто посебно да направи за да те извади од кожа. Да флертува на перфиден начин со други пред тебе и да се кикоти на работи кои воопшто не се смешни е полошо отколку достоинствено да те изневеи.
    П.С гледам сите нешто паметувате и делите памет а верувам дека и мегу вас постојат такви кои сеуште трпат насилство од своите партнери или барем некогаш во врсата добиле шамар и останале со истата особа.
     
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Stefan-Stefi Што ќе постигнеш ако ја удириш бидејќи се понашала или флертувала со други? Решението е веднаш да ја оставиш и да не се замараш со неа, а не да ја претепаш.
    :d::drunk:
     
    На Cinderfakinrella, NOVAVON, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски


    :inlove:
     
    На Gosh, Victorian и EvAngelos им се допаѓа ова.
  5. Stefan-Stefi

    Stefan-Stefi Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Да се согласувам, ама понекогаш едноставно толку ќе те извади од такт што нема да можеш да се исконтролирш. Сигурно не дошло до тоа така наеднаш туку тоа било само врвот на нејзиниот безобралук.
     
  6. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Јас само знам дека машки што удираат женски се слабци.

    [​IMG]
     
    На Cinderfakinrella, NOVAVON, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    И домашните ти имаат мавано шамари де, па пак највеќе те сакаат!
    Дури не ти ги извади цревата, нема зашто да го оставаш. Тогаш ќе мораш оти ваљда нема да си жива.
    Фино ти укажал дека те смета за нискоморална девојка што ја провоцира неговата маленкост, а знаеме дека таквите девојки немаат многу шанси да фатат друг дечко, па затоа остани си со него да не кукаш сама на стари години после.
    Малце ќе бидеш ко една моја баба што на свои 80+ години става облоги со лед од што ја боли главата од мажот што ѝ пукаше аркади, ама што има везе па?

    Не знам колку пати да повториме: шамарањето или било кој вид физичко насилство е сељачко. Не е битно кој кренал рака, сељачко е, ропачко. Никој не родил никого за друг да му стопанисува.
    Затоа цивилизираните луѓе смислиле нешто многу фино што се вика раскин.
    @Stefan-Stefi
    Меѓутоа, драг мој, и од двата пола постојат параноични ликови што се изгореле во претходни врски, па сега дури и нарачките од келнерот/келнерката ги сметаат за флерт и осеќаат потреба да го контролираат партнеровото идење во WC, оти далеку било, може за тие 5 мин. таму ги чека швалерот или швалерката на шоља, па ќе биде беља. И доста често, љубоморната страна е онаа што е склона кон работите од кои се плаши дека ќе ѝ бидат направени.
    Затоа за таквите сомнежи си постои разговор.
    Ако другата страна не сака да разговара, значи не е зрела и нема зашто да се троши време на таа личност. Не знам во кој универзум шамарот го сметате за продуктивна мерка.
    „Леле, душа моја. Не сака со никого да ме дели, па ми ја влепи една.“
    За жал, очигледно случаи ко девојчево навистина така мислат...
     
    На Cinderfakinrella, Gosh, Tan4ence и 10 други им се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    6.467
    Охоо, дали го имаме новиот Артиста на повидок? (facepalm)
     
    На Cinderfakinrella, Gosh, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    @Angells bejb а да ми го дадеш ти мене овој на 3 минути, максимум 4?
     
    На Cinderfakinrella, Gosh, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    [​IMG]
     
    На sj *O*, Victorian, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  11. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Не може на машко па дај на женско ќе мавам,не начекал некоја да го искрши па тогаш памет ќе им дојде на таквите, друг спас нема за таквите психопати.
     
    На Cinderfakinrella, Gosh, NOVAVON и 8 други им се допаѓа ова.
  12. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    Да не пукнеш кај ти текна цртанов, одма ми текна како се смееше поцркав :rofl::rofl::rofl:

    Тебе од мал така те учеа? Ако за нешто девојка ти те изнервира претепај ја, па после вади се на тоа дека таа е крива, јер, тебе жички ти се споија па не можеш да се исконтролираш?
    Или Артиста го банираа од еден профил, па сега си отвори друг „хехе друг ник нема да ме познаат“.
    Еве јас ти кажувам, не „делам памет“ туку пробувам на оваа што ја отворила темата да и ги отворам очите, бидејќи јас никогаш не би била со исфрустрирано насилничко говедо, ама пошто понекогаш се толку добри глумци да на почеток тоа не може да се види, првиот момент кога би пробал да крене рака истата после не знам дали ќе ја носи во гипс, или ќе треба да му ја ампутираат зошто ќе биде здробена на парчиња.
    Не секое женско е слабо и неспособно само затоа што е женско.
    Да си ти маж воопшто нема да ја кренеш раката, а не да се вадиш на неконтролирање.
    Така не се третира ни животно, а не пак човек, без разлика на полот.
     
    На Cinderfakinrella, "Zoki", Gosh и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.759
    Пол:
    Женски

    Немој те молам..
    Ја носиш во странство за да види свет а?!

    Ха ха ха!
    Вицотека?!

    Кај пишува дека тој и платил се а таа се курчела?!

    Епа од вакви размислувања :puke:

    Ме однел демек во странство на негова сметка, како да сум багаж со доплата на Визз ер, па сега може да ме треска од земја додека не ме искрши како кристална вазна?!
    Па немој те молам да бидеш со толку тупи размислувања..

    Еве бившиот мој ниедно патување не плати, а бевме на повеќе од што може некој да претпостави, па сега јас требаше сред Јелачич во Загреб да го шамарам затоа што сака да збори хрватски наококу?
    Сред спринг брејк кај пијаниците затоа што сака да оди да се начука?! И на уште 10тина места..само затоа што јас сум му платила а тој сакал да прави глупости?!
    Луѓе сме или стока не ми е јасно во твои очи?!
    Ајде плати ми патување, јас ќе се курчам а ти ќе се вратиш натепан..онака за памет да ти дојде:envy::drunk:


    А што ако членкава прописно си платила а тој ја зачукал?!
    Што менува тоа?

    А ова можам да го разберам само ако имаш до кај 16год
    Сериозно, не можеш да се контролираш?!
    Имаш проблем со нервите, вишок сила или негативна енергија?
    Како бе не можеш да се контролираш аии...како бре еден ваков не ми се падна во животов:rofl:


    П.С.... ти духот на Артиста да не си?!8-|:!:
    П.П.С..и Магс помислила на ова додека јас пишував..ме превари хмм :D
     
    Последна измена: 4 февруари 2017
    На Cinderfakinrella, "Zoki", Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    [​IMG]
     
    На Cinderfakinrella, "Zoki", PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Е како мене на пример никогаш не ми дошло да удрам некој?
    А ме нервирале многу луѓе, и сум била и бесна.

    Само вие кутрите алфа мажјаци што им плаќате на вечно незадоволните девојчиња го имате тоа право.
    Каква мајка ве воспита бе да мислите дека е океј да удрите девојка, уствари било кој. Срамота.
     
    На Cinderfakinrella, Gosh, NOVAVON и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Bella.04

    Bella.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Ќе го трпеш све за љубав :D
    Свашта по форумот:envy:
     
    На Згодно Момче му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stefan-Stefi

    Stefan-Stefi Нов член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Не се работи за плаќање туку кога реков ја однел да види свет, повеќе мислев на нешто друго. Ако таа за една минута откако се одалечила од него се изгубила во трговски, тогаш можете да замислите дали воопшто сама би стигнала до Турција.
    Сакам да појаснам дека јас никогаш не сум удрил жена ниту пак било кој, јас сум изричито против насилство но не можам на прва да го осудам него за постапката знаејки какви се жени има на светот. Веројатно сум повозрасен од многу овде на форумо и имам доволно искуство за да можам да зборувам за тие машко-женски односи. Постојат жени кои имаат таква моќ да ја убедат околината дека тие се жртвите а всушност вистината да е многу поинаква.
    Уште да ве замолам да полемизирате со мене а не преку мене да се обракате на некој друг кој некогаш бил член па сега да ме поистоветувате со него.
    Се надевам ќе ја услишите барем оваа моја молба за се останато можеме да спориме.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Секогаш може да и раскине ако мисли дека не му одговара, и да си најде некоја што нема да се изгуби во трговски. Не е причина за шамар, па уште и да ја треска и бутка на само.
     
    На Cinderfakinrella, "Zoki", Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека треба да останеш со него, доколку според тебе е во ред да јадеш ќотек. Ако се осмелил да стори вакво нешто во толкава толпа на народ тогаш не сакам ни да помислам што ќе се случи ако некогаш му се спојат жичките на само. Зошто воопшто ти паѓа на памет дали треба да му простиш па згора на се не прашуваш и нас? :^) Мислам дека и самата го знаеш одговорот. Тој што вистински те сака нема да дозволи едно влакно да ти фали од главата!
     
  20. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Пиле никој со сила не те држи да бидеш со девојка што според тебе заслужува шамар,нели е подобро да и раскинеш човечки на цивилизиран начин ако не ти одговара и да ти појаснам неколку работи шамарот може и на таквите као тебе што размислуват да им се врати на некој близок од женски пол од некој што размислува као ти ТОГАШ БОЛИ А нели а,и за синеќниот коментар што го пиша на ЦрнаДама дека те навредила имаш среќа што ти даде пристоен одговор пошто таква е пристојна,а ако во иднина скокаш толку со мене работа ќе си имаш не сакам да глумам лудило на форумов али бато ме вадите од такт ваквите тепачи позз имај убава вечер
     
    На sj *O*, Gosh, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.