А зошто мислите дека јас секојдневно не ги читам Свештените Писанија? Или таткото на гордоста Ве убедува, дека само Вие ги читате? Должност на секој Православен Христијанин е да ги чита секојдневно Свештените Писанија (простонаречени Библија) и тоа да му биде духовна храна. На Пречистата и онака не И' треба Вашето величање, зашто Неа ја величаат хоровите на ангелите, земните и небесни хорови на девствениците, хоровите на праведниците, хоровите на преподобните, хоровите на покајниците, хоровите на апостолите и пророците, хоровите на светителите
Моето разбирање на Светото писмо ме наведе да ги отфрлам учењата на Православната црква во која сум израсната. Заклучив дека нејзините доктрини не се засноваат на Библијата. Наместо тоа, тие се засноваат на учењата на луѓето, освен на Библијата. Затоа, морам да се согласам со изјавата на Исус упатена кон фарисеите и да ја применам на Православната црква или која било црква што учи на човечко учење, а не на Божјо. „Залудно ме обожаваат, поучувајќи ги човечките заповеди за учење“, Матеј 15:9. Не сум јас или кој било човек што го осудува учењето на Православната црква. Напротив, тоа е самата Библија, Божјата реч, со која првославната доктрина не се согласува. Има многу други доктрини во православната теологија што ги научив како дете за кои не можев да најдам библиски доказ исто како и вие а тврдите за Марија дека се велича. Всушност, многу цркви делат заеднички верувања со Православната црква кои не се совпаѓаат со Светото писмо. Меѓу нив се и празнувањето на неделата како Господов ден наместо да се свети седмиот ден сабота; учењето дека наградата на спасените е небото наместо да живеат со Христа во Царството што доаѓа на земјата; верувањето во Троица, кое не ја дефинира вистинската природа на Бога. Истражете понатаму и ќе најдете многу во Светото писмо што се спротивставува на доктрините на Православната црква и на многу цркви од нашево време. Не е доволно само да се чита, битно е да се разбере со Божја помош тоа што се чита. Знам дека е тешко и ве разбирам бидејќи мислите дека ве навредувам со ова што го пишувам, но немам таква намера. Поздрав.
Ах, ах, ах. Е сега видов колку е саатот. Ама убаво реков, кој не верува во Пресвета Богородица и во Богочовекот Господ Иисус Христос не верува! Штом и во Најсветата Троица не верувате, нема што повеќе да дискутираме. Иако Најсветата Троица иконски се објавува и во Стариот Завет, кога го посетува Авраама пред уништувањето на Содом и Гомор, ја наоѓаме и при создавањето на човекот, каде во множина Бог се обраќа, според Нашиот образ. Најотворено ја имаме за време на Крштението Христово - Гласот на Бога Отца, Светиот Дух во вид на гулаб и Синот, Кој е крштеван во Јордан и при Преображението Христово - повторно гласот на Бога Отца, Синот - Преобразениот Христос и Светиот Дух во вид на облак! За завршетокот на Светото Евангелие според светиот апостол и евангелист Матеј (Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, Синот и Светиот Дух) - муабет да не правиме. Еве уште еден доказ, каде може да не` однесе нашето одделување од Црквата и самоволното (а според пишаното овде станува збор за адвентистичко-саботјанска заблуда) толкување на Свештените Писанија. Жално! Искрено многу се натажив читајќи ја последната порака. Бог да Ве вразуми, ако е и тоа можно. ПС: Моето проучување на Свештените Писанија ме утврди во верата, која ја проповеда Црквата!
12 Одржувај го саботниот ден за да го осветуваш, како што ти заповеда Господ, твојот Бог. 13 Шест дни работи и извршувај ги сите свои работи. 14 А седмиот ден е ден на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така што може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти. 15 Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден. Зошто Господ Иисус Христос во светото Евангелие не ја повторува оваа заповед? И уште повеќе зошто Господ Иисус Христос, Кој е исполнување на законот и пророците, ја нарушува оваа заповед - делајќи исцеленија, па дури и жито бери со апостолите и јадат во сабота? Дури и фатениот го тера да ја наруши саботата носејќи го својот кревет! Па најголема соблазна на еврејските лидери им беше таа што Христос не се држеше до саботата како тие што замислуваа, а Он е Господар и на саботата. Патем Црквата ја почитува саботата, па затоа во сабота не е дозволен пост, освен во едната света и благословена сабота. Но како што Стариот Завет е само сенка на она што го носи Новиот Завет, така и саботата е само сенка, на она што го носи денот Господов - неделата, кој е и прв и осми ден заедно. На крајот од краиштата ние не славиме ни денови, ни простори, туку Го славиме Оној, Кој го создаде и времето и просторот - нашиот Троедин Бог - Отецот, Синот и Светиот Дух! И дај остави ја саботата, дај да видиме зошто не веруваш во Отецот, Синот и Светиот Дух - нашиот Бог?
Како можеш да ми кажеш дај остави ја саботата, кога тоа е 4 заповед. Значи тебе не ти е важно што ни заповеда Бог. Исус Христос и апостолите живееле и поучувале во општество што ја празнувала саботата. Конфронтациите на Исус со фарисеите биле околу тоа како да се празнува сабота, никогаш околу тоа дали да се празнува. Примерите на Исус и апостолите потврдуваат дека тие верувале и ги почитувале сите Десет заповеди. Во текот на книгата Дела - напишана од Лука - саботата и годишните саботи опишани во Левит 23 се спомнуваат доста рутински (Дела 13:14, Дела 13:42, Дела апостолски 13:44; Дела 16:13; Дела 17 :2; Дела 18:21, Дела 20:16; За светиот дух Петар раскажува дека „Бог го помаза Исус од Назарет со Светиот Дух и со сила“ (Дела 10:3 Ова беше истата сила што му овозможи на Христос да изврши многу моќни чуда за време на Неговата служба. Слично на тоа, Исус дејствувал преку апостол Павле „во моќни знаци и чудеса, со силата на Божјиот Дух“ (Римјаните 15:19). Божјата реч покажува дека Светиот Дух е самата природа, присуство и израз на Божјата сила која активно работи во Неговите слуги (2. Петрово 1:4; Галатјаните 2:20). Светото писмо постојано открива дека Бог им дал божествено вдахновение на Своите пророци и слуги преку Светиот Дух. Петар забележал дека „пророштвото никогаш не дошло по човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале како што биле поттикнати од Светиот Дух“ (2. Петрово 1:21). Духот не е трета личност, духот е Божјата моќ.
Грешка си. Не се противам на Бог, тебе ти се противам. А ако некој се потсмева на другите тоа си ти. На членката што рече дека се моли на Пресвета Богородица и рече дека ти не се молиш на светци, демек зошто си вистинска христијанка. Значи вистински христијани не се молат на светци. Не сфаќаш колку е тоа навредливо што го кажа? Со други зборови и кажа дека таа не е вистинска христијанка, а изгледа ниту православните христијани не се, зошто тоа е она по што се разликуваме од другите христијански цркви - сфаќањето за улогата на светците. За разлика од тебе јас никогаш не би се поставила надмено над некој друг и не би се дрзнала да проценувам нечија вера дали е вистинска, права или крива. Колку за твоја информација (иако не сум должен да образложувам) и јас сум христијанка, свесно и самостојно ја одбрав својата вера и се покрстив по моја желба. Може многу незнам ама она што го знам сум се потрудила да го дознаам (не само интелектуално туку и со срце и душа). Една од најважните и најубавите лекции што сум ги научила од христијанството е дека треба да си скромен, да не се фалиш колку добар или голем верник си, колку го сакаш Бог, колку често се молиш, колку многу си дарувал (зошто поважно е да е искрено и од срце), или колку строго и дисциплинирано си постел, итн ама пред се најбитно е да не СУДИШ на другите. Ти овде им судиш на верувањата на членките, мериш кој е повистински христијанин.. Тоа е тоа што јас овде го критикувам. Никогаш не би се дрзнала да му кажам на некого дали да верува во Бог или не (или во што да верува) или како да ја практикува својата вера. Не сум како тебе "вистинска" христијанка ама имам премногу стравопочит за да го негирам Бог и светците. Не знам од каде тоа го заклучи. Мојот ден почнува со молитва ама не сакав ниту да го кажам тоа јавно, зошто немам потреба тоа да го знае некој друг или некому да докажувам овде нешто. Моите молитви се мој личен разговор со Бога. Членката треба тоа да го сфати, дека нема погрешни молитви. Впрочем, верувам дека Бог го познава нашето срце уште пред уста да отвориме. И последно, никогаш не се потсмевам на другите дури и кога тие се потсмевале на мене, така сум воспитана. Ама ако видам дека некој друг е омаловажуван или дека некој навредува некого, макар и имплицитно нама да седам на страна.
Светиот Дух е Бог и единствена разлика меѓу Отца и Сина и Духа Свети е во тоа што: Отецот ниту е роден, ниту исходи. Синот е роден од Отца пред вјеки. Светиот Дух исходи од Отца пред вјеки. Толку! Дела 10,38 Го помаза Бог со Дух Свети и сила Исуса од Назарет Светиот Дух, најнематливиот од Најсветата Троица е Оној, Кој секаде е и се` исполнува! Ненаметливо. Сите ние кога ја примаме светата тајна миропомазание, која ја отфрлија оние, кои отпаднаа од Црквата (да мислам на протестантските новокомпонирани заедници и нивните исчадија, зашто и Православната Црква и Римокатоличката и Ориенталните, па дури и традиционалните протестантски заедници ја имаат), биваме помазани од Светиот Дух! Односно тоа е моментот, кога ние Го каниме Светиот Дух да дојде и да се всели во нас, а Светиот Дух како Добар и Човекољубив доаѓа и се настанува на престолот на нашето срце! Господ Иисус Христос, како совршен Бог и совршен Човек, ја има совршената човечка природа односно има и тело и душа и дух (кој дух, не е исто со Светиот Дух). Второ Петрово послание, 1:21: светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух. Сила не може да просветува, туку просветува Личност, односно и овде се пишува за просветувањето кое доаѓа од Бога - Светиот Дух. Второ Петрово послание, 1:3-4: Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сè, што е потребно за животот и побожноста, а преку познавањето на Оној, Кој нè повика со Својата слава и совршенство, преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, ако се оддалечите од гнилежните похоти на овој свет; Овде се зборува за силите и енергиите, кои Господ Иисус Христос, како совршен Бог ги поседува и надумно им ги дава на оние, кои го призиваат Неговото совршено име. Галатјаните 2,20. и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме засака и Себеси се предаде за мене. Не ја отфрлувам благодатта Божја; оти ако правдата доаѓа преку Законот, тогаш Христос залудо умрел. Ако мислите, дека благодатта која подоцна се спомнува се однесува на Светиот Дух, пак грешите, зашто овде се пишува за благодатта, која е божествена енергија. Впрочем не сте Вие и Вашата адвентистичко-саботјанска заедница првите кои сте духоборци, и во 4. век ве имало. Еве, што пишува великиот ум на Црквата светиот Григориј Ниски, братот на свети Василиј Велики за духоборците: https://blagovesti.wordpress.com/2016/03/28/свети-григориј-ниски-против-духоборц/#more-3381 Ајде да се вратиме на Вашата омилена тема - саботата: Во глава 13. од Делата на Светите Апостоли свети Павле оди во синагогата ЕВРЕЈСКА и таму им проповеда. Евреите се собирале и се собираат во синагогите во сабота и тука нема ништо спротивно. Свети Павле оди таму да го шири Светото Евангелие, а таа синагога не е ЦРКВА. И тука има голема разлика. 16, 13. А во саботата излеговме надвор од градот при една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени. 17, 2. Павле, по својот обичај, влезе при Јудејците и три саботи по ред им зборуваше од Писмото, Исто и овде. Каде да ги бара свети апостол Павле необратените Евреи, ако не во синагога и во сабота? Зарем можел да ги најде во храмовите на лажните елински и римски “божества“? Ама и ова се однесува не на христијаните, туку на паганите. 18,21. туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим; и ако Бог сака, пак ќе се вратам при вас.” 20,16. Во оние дни Павле реши да помине покрај Ефес, та да не се задржи многу во Азија, зашто брзаше, ако му биде можно во Ерусалим да се најде за денот на Педесетница. Светите апостоли откако Го примија Светиот Дух на света Педесетница - го славеа тој празник. Исто како што ја славеа и Пасхата - Воскресението Христово. А дека христијаните се собирале во недела, за кршат лебови, односно да служат света литургија читаме од: Дела Апостолски 20, 7. И во првиот ден на седмицата, кога се беа собрале учениците за да прекршат леб... Значи, христијаните се собирале во недела и служеле литургија, а Евреите во сабота! Дали има разлика? Има и тоа голема!
Процедурално: @Lella би било убаво да ги префрлите дискусиите меѓу мене и @Damsel во „Се` што сакате да знаете за религијата“. Благодарам.
Библијата објаснува дека Светиот Дух е централен за сè што е и прави Бог. Светиот Дух не е личност, туку е самата суштина на Божјата совршена природа, карактер, моќ, влијание и авторитет. На пример, Божјиот Дух бил корисен во создавањето на целиот универзум — вклучувајќи ја и земјата и целиот живот на неа ( Јов 26:13; Јов 33:4; Битие 1:2; Псалм 104:30 ). Цитирајќи го Исаија 61, за време на Неговата земна служба, Исус рекол: „ Духот Господов е врз мене , затоа што ме помаза да им го проповедам Евангелието на сиромашните; Тој Ме испрати да ги исцелам скршените срца, да објавам слобода на заробениците и обновување на видот на слепите, да ги ослободам угнетуваните“ (Лука 4:18, нагласено во целиот свет ). Исто така, кога Светиот Дух им беше даден на учениците на првата новозаветна Педесетница во 31 н.е., тие беа исполнети со духовен поттик и цврстина. Користејќи ја моќта, храброста и мудроста на Божјиот Дух, тие станаа храбри сведоци на Исус Христос и бестрашно ја шират добрата вест за Неговата идна влада на земјата (Дела 1:8; Марко 16:15; Дела 4:31). Многу христијански деноминации ја празнуваат неделата наместо саботата (сабота). Голем дел од овој запис може да се потврди во историските книги и енциклопедиите. Многумина во раната црква (во вториот век од нашата ера) почнаа да инкорпорираат некои од практиките на традиционалните пагански религии во Римската империја околу нив, вклучително и практиката на богослужба во недела. Црковното раководство, исто така, ги компромитирало и ги споило практиките на грчките филозофи со христијанството. Мотивацијата за тоа беше да се дистанцираат од се што е еврејско. Иако корените на христијанството се наоѓаат во еврејската практика (Божјите закони во Стариот завет), црковните водачи во тоа време беа засрамени од оваа асоцијација и решени да се ослободат од еврејските врски како што е седмиот ден сабота. Додека неколку деноминации за празнување на неделата денес ќе цитираат неколку стихови од Новиот завет кои наводно даваат „доказ“ дека саботата не се празнувала во раната црква и дека неделата била, повеќето ќе признаат дека политичките притисоци во историјата биле тие што предизвикале промената. Се разбира, овој компромис со Божјиот закон (Четвртата заповед) беше забележан и кога црквите почнаа да ги вградуваат замките и практиките што сега се поврзани со Божиќ и Велигден. Друго писмо што некои веруваат дека покажува дека новозаветната црква го празнува во недела е Дела апостолски 20:7: „Сега на првиот ден од седмицата, кога учениците се собраа да кршат леб, Павле, подготвен да замине следниот ден, им зборуваше и продолжи неговата порака до полноќ“. Внимателниот поглед на настаните раскажани во Дела 20:7-14 покажува дека неделната богослужба не е опишана овде. Навистина покажува дека Павле учествува во оброк во сабота навечер и зборува речиси до зори, по што пешачел речиси 20 милји во неделата за да им се придружи на своите сопатници, кои пловеле 60 милји од Троада до Асос. Одејќи по тоа растојание, Пол сигурно не ја чуваше неделата како ден за одмор! Некои мислат дека „кршењето леб“ се однесува исклучиво на церемонијата во која христијаните земаат леб и вино во спомен на Христовата смрт. Така тие заклучуваат дека стихот овде се однесува на верска служба на првиот ден од седмицата. Меѓутоа, таа комеморација би требало да се одржува еднаш годишно на празникот Пасха. Освен тоа, кршењето леб не е ограничено на религиозно празнување, туку се однесува на делење рамни лебови за типичен оброк. „Тоа значи да се јаде храна и се користи за јадење како во оброк... Ова се докажува со фактот дека откако Павле завршил со зборувањето, тие повторно кршеле леб и јаделе (Дела 20:11). Кршењето леб за јадење е споменато во Лука 24:30, Лука 24:35 и Дела 27:35. Времето на настаните во Дела 20 ни помага да разбереме појасно. Дела 20:7-11 опишува неколку настани од една ноќ. Бидејќи Библијата, и во Стариот и во Новиот завет, ги брои деновите како почеток кога сонцето заоѓа, овие настани започнаа со оброк во сабота навечер по саботата, која би била единствената вечер на „првиот ден од седмицата . Неколку преводи, вклучително и Нова англиска Библија, Ревидирана англиска Библија, Библија за добри вести, Новиот завет на современ англиски и Целосната еврејска библија, недвосмислено наведуваат дека тоа се случило во саботата навечер. Павле планирал да замине следниот ден во друг град, па останал и зборувал долго до ноќта. На полноќ еден млад човек од собранието заспа, падна од прозорецот каде што седеше и беше убиен на пад. Павле се упатил кон младиот човек, кој за чудо се вратил во живот. После тоа, групата кршела леб и повторно јадела, зборувајќи речиси до зори. Павле замина во разденување. Откако зборуваше и зборуваше цела ноќ, Павле следното утро пешачеше речиси 20 милји до Асос за да се сретне со останатите луѓе од неговата група што пловеа таму (Дела 20:11-14). Така, наместо да се опишува религиозна служба во недела, овој пасус всушност го документира Павле како пешачи речиси 20 милји пеш на првиот ден од седмицата - едвај го прави ден за одмор и обожавање за него! Некои луѓе претпоставуваат дека 1. Коринтјаните 16:1-2 се однесува на собирање за време на неделната верска служба. Меѓутоа, подетално гледање покажува дека тоа не го мисли Павле. Иако Библијата вели дека собирањето се одржало на првиот ден од седмицата, никаде не пишува дека била вклучена црковна служба. Ова беше посебна збирка „за светците“, членовите на црквата во Ерусалим (1. Коринтјаните 16:1-3). Тоа беше дел од пошироките напори за помош во кои беа вклучени други членови во Галатија (1. Коринтјаните 16:1), Македонија и Ахаја (Римјаните 15:25-26), како и оние во Коринт на кои Павле им напишал. Овој излив на поддршка можеби е оној опишан во Дела 11, кога гладот ги поттикна членовите да испратат „ослободување на браќата што живеат во Јудеја... преку рацете на Варнава и Савле“ (Дела 11:28-30). Павле не дава никакви индикации дека оваа збирка требало да се земе на религиозна служба. Напротив, тој им вели на Коринтјаните: „Секој од вас нека остави нешто настрана, складирајќи како може да успее, за да нема колекции кога ќе дојдам“ (1. Коринтјаните 16:2). Овие прилози требаше да бидат „оставени настрана“ и „складирани“ од „секој од вас“ како индивидуален чин, а не да се носат на црковна служба и таму да се собираат. Да се каже дека ова е извештај за збирка земена за време на неделната богослужба значи да се прочита во Библијата неоправдано лично толкување. Светото писмо не содржи други пасуси кои споменуваат нешто што оддалеку наликува на неделни верски служби на првиот ден од седмицата. Новиот завет е напишан повеќе од 60 години по Исусовата смрт и воскресение, и никаде не се ни навестува дека денот на одмор се менува во недела.
Зарем мислиш дека за неа пишувам? Не, пишувам за да некој/а, кој/а ќе ги чита овие прозелитски написи, да не помисли, дека се вистински. Христијаните и псевдохристијаните се делат на: - традиционални христијани, кои имаат апостолско преемство, а тоа се: Православните, Римокатолиците и Ориенталните христијани, до скоро овде беа и Англиканците, но тие отстапија со сите нивни новотарии кои ги воведоа. - протестанстски христијани и псевдохристијани(оние, кои не признаваат дека Бог е Најсвета Троица) се оние кои отпаднаа од Римокатолиците и оттогаш досега се разделуваат на миријади секти, затоа што за нив апостолското преемство нема никакво значење. Па и јас можам утре да си оформам таква секта, како што направи во Македонија Константин Кајшаров и да си терам бизниси, ова де да проповедам нешто!
Кои факти сте ми ги побиле? Па јас Ви пишав детално и за саботата и за Светиот Дух. Што сакате повеќе?