Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали треба да го молиме Бог за брак и деца?

Дискусија во 'Религија' започната од valery15, 18 август 2024.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.570
    Допаѓања:
    55.523
    Пол:
    Женски
    Секоја молитва која е пристојна вреди да биде изустена од наша уста и да бараме од Бог да биде услишана.
    Секако дека не треба да му се молиме за слава и богатство, Бог не ги сака парите, друг е "газда" на парите и среброљубието.
    Нема ништо погрешно во тоа да сакаме да ни подари рожба и да сретнеме личност со која ќе градиме заеднички живот...
    Бог вели - барајте и ќе ви дадам, вели - не постои молитва која не може да помести планина...
    Лично, не ми се исполниле многу желби и молитви, можеби не бил дојден мојот ред, се тешам дека Бог има други планови за мене, како и за сите нас, ништо не е случајно, сите сме на земјата со некаква цел и мисија.
    Во секој случај молитвата е една лична конекција со Бог, сметајте како да разговарате со родител.. Тој најдобро знае што е добро за нас, што и кога треба да се случи.
     
    На eliesaab, Damsel и Orthophill им се допаѓа ова.