Дали трудот е џабе или се исплаќа на долги стази?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 20 декември 2020.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.481
    Допаѓања:
    11.861
    Многу често следејќи каква е состојбата во Македонија, си го поставувам прашањето дали трудот воопшто се исплати, дали вреди на долги стази или не? Гледаме секој ден кој се и како напредува во нашето општество, било да е тоа труд на работа, било да е некоја креативна работа. Често знам кога разговарам со пријатели да кажам „ништо не е џабе“, мислејќи дека што и да знаеш, некогаш ќе вреди во животот, но дали реално е така? Ваше мислење?
     
    Последна измена: 20 декември 2020
    На handyman и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Вреди.
    Менталитетот на народот се менува бавно.

    А ако не друго, за себе вреди да се изразуваш и надградуваш на начини кои ти лежат.
     
    На poi, daylight, Lollipop_123 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.947
    Допаѓања:
    153.572
    Некогаш треба да знаеш и кога да се откажеш и да започнеш од ново со нешто друго.
    Да се погледнеш реално, не бива, не ме бива? Можам, не можам?
    И да бараш реален фидбек ако ти зависи нештото од некого. Зошто многу е лошо на нешто да се надеваш, да си упорен и да те бива, ама тој од другата страна да не те перцепира така.
    Имаме малку садистички ген. Не се откажувај додека не успееш... а мижиме пред важни подсегменти на прашањето.

    Така да, поважно од тоа да си истраен и упорен е, да знаеш кога треба да се откажеш, да бидеш доволно зрел да не се разочараш и да почнеш од ново.
     
    На Tanjamm, Mr.Mary, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.611
    Допаѓања:
    10.783
    Пол:
    Женски
    Трудот никогаш не е за џабе. Вреди да се труди човек колку што може повеќе и кога-тогаш ќе си дојде сè на место (без разлика колку бавно е тоа). Падови ќе има и да дадеш максимум од својот потенцијал, но битно е да се вратиш назад уште потрудољубиво и похрабро.
     
    На Tanjamm и mode-kristina им се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.600
    Допаѓања:
    6.383
    Мислам дека не треба секогаш да гледаме низ призма на пари, финансиски напредок, работа.. за да се каже дали трудот ни вредел или не.
    Трудот ни вреди во однос на тоа дека сами себе се надоградуваме, јас читам и учам многу работи што ме интересираат, за болести, синдроми, психологии, филозофии и да не набројувам и доста голем процент сум сигурна дека ова нема да ми се најде конкретно за идно работно место. Но, убаво ми е да си го знам за себе, па зар поубаво би било да не се интересирам за ништо и ништо да не знам :)

    Речиси се' што знаеш еден ден ќе ти се најде, на овој или оној начин. Можеби утре ден ќе се најдеш во некоја ситуација кај што со твоето знаење и способности ќе помогнеш на некој друг, дали со совет или практично.

    Така што, сакам да кажам трудот се исплати - но можеби не секогаш на начинот на кој што ние се надеваме.
     
    На 1209, dayla, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.916
    Допаѓања:
    48.052
    Пол:
    Женски
    Дали трудот се исплати е многу опширно прашање.

    Трудот на долг рок се исплати секогаш ако се однесува на личен развој, учење, усовршување, надоградување, вложување во самиот себе.

    Вложување на труд во ситуации кога станува збор за љубов, пријателство, работно место знае често на долг рок да има контра ефект и уште поголемо разочарување.
     
    Последна измена: 21 декември 2020
    На Tanjamm и Veta им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.812
    Допаѓања:
    39.360
    Сите благодети во кои денес уживаме се резултат на нечиј труд.
    Значи трудот се исплати, ама не секогаш на оној кој се труди.
     
    На СуперДевојка, Ahoy, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.481
    Допаѓања:
    11.861
    Па така е. Вложувањето во себе е најсигурно нешто, а вложување во врска со пријател, партнер, сето тоа за миг може да падне во вода. Трудот сигурно вреди во нормални општества. Овде гледам дека сите завидуваат кога некој паразит ќе се вдоми со врски во администрација, ама кога некој ќе направи нешто со свој труд, онака се премолчува, дури нема ни пофалба. Не знам зошто мнозинството така размислува?
     
    На supergirlmb и elimkd им се допаѓа ова.
  9. Hugh

    Hugh Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2019
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Машки
    Трудот вложен во себе се исплати секогаш. А за муабетот почни со магационерче па заврши шефче, тука никако не вреди нема ни да се смени....
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.669
    Допаѓања:
    29.153
    Пол:
    Женски
    Вреди вложување во себе, вреди да се трудиш и да работиш и вреди да вложуваш во искрени врски со пријатели или партнери.
    Јас цел живот се надоградувам, учам работам. Бев еднен од најдобрите ученици во средно, добив најграда за најдобар студент на Факултет. Уште на факултет се плеткав со проекти. Научив добро англиски и работа на компјутер и програми за анализа на податоци што ретко кој сакаше да ги знае. Добив стипендија и докторирав во странство. Се вратив тука и продолжив да се наоградувам. Откако се вратив работев на проекти повторно и не се срамев да работам и за помалку пари и со различни рокови. БИтно ми беше да се орджувам во кондиција за работа.
    Сегашната работа ја најдов по принцип праќање мое ЦВ на различни места. На еден Универзитет добив работа. Сеуште сум таму и се надоградувам постојано. Сега работам и плус проекти и веќе после 20 години вложување во себе ми се исплаќа. Заедно со маж ми (кој исто така успеа без партиски врски, пријателски врски и бла, бла) успеавме да купиме наш стан, имаме коли двајцата (нови), одиме на одмори. Да не се урочам ама кај нас трудот до сега се покажа дека вреди.
    Оние што само кукаат и се жалат не сум баш сигурна колку сакаат вистински да се потрудат или колку вистински знаат.
    Нашиот менталитет е баш кукачки менталитет и плукачки менталитет за жал. Никому ништо не чини, се нешто им фали, ама ако некој има конкретен предлог како со работа нешатат да се сменат сите се еее не вреди тоа, ништо нема да смениш итн.
    Моето е дека треаб напорно да работиш на себе и полека полека да менуваш околина. Треба време за нештата да се сменат ама со седење и чекање некој друг да ги смени ништо не се постигнува.
     
    На СуперДевојка, glosipgirl, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.947
    Допаѓања:
    153.572
    708aa591f67a0aea71e0a82e1e85e77c.jpg

    Затоа поважно од вложен труд, е правилно вложен труд.
    Многу е нереално и идеалистички да се трудиме да зборуваме на празно - да, да трудот се исплати.

    Се исплати само да вложуваш да бидеш добар човек и да ги откриеш своите таленти, па да вложиш труд во нив. Труд да ја откриеш својата вистинска цел и така на така.
    И како што кажав, да знаеш кога дошло време да се откажеш.
     
    На Doozy, Jana06, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Во Македонија ниту еден труд не се исплати. Сум вложила труд за кој бев понижувана, а работев максимално што можев. Успеав да се справам со преку 30 луѓе ноќна смена и тоа сама и не се исплатеше. Само повеќе гледаа да ме бутнат.

    Така да, ниту планирам да се трудам во Мкд повеќе, да ти следуваат законски права а да ти ги ускратуваат квази газди - не фала.
     
    На handyman, СлипингБјути, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.481
    Допаѓања:
    11.861
    На ова мислев. Оти се трудиш, и секогаш се бара, уште, уште, уште, а дали на сето тоа ти даваат уште, и уште привилегии? Не.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.481
    Допаѓања:
    11.861

    Убава животна приказна. Реално треба да е така, но во нашето општество некако не секогаш се работите така. Сте имале среќа, знаење, ви се поклопиле коцките.
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.669
    Допаѓања:
    29.153
    Пол:
    Женски
    Во полето каде што сум јас, во цел свет со тек на вреем треба да вложуваш се повеќе и повеќе со тек на време. Резултатите никаде не доаѓаат соодевтно на трудот. Треба да се трудиш максимално многу,а да добиваш малку во одреден период, за по некое време да стигнат резултати.
    Јас никогаш не мерам дали во моментов некој премалку ме цени. Ако се трудам и сум квалитетна ќе имам шанса да најдам друга работа каде што повеќе ќе ме ценат. Едноставно е. Квалтетот испливува на површина порано или подоцна.
    Мене ми е битно да можам да си дозволам јас лични удопства со она што го имам како исход од мојот труд. Лоши газди и шефови секогаш имало и секогаш ќе има (една од најчестите причини за напуштање на работа и барање нова во цел свет е баш ова). Ама ако ти лично си супер ќе се снајдеш да се пробиеш.
    Не може црно-бело да се гледаат работите.

    И не не до среќата. Не ни се склопиле коцките. Поцркавме од работа и од вложување во себе. Има периоди кога сум преуморна, кога едноставно сакам да легам, да шетам по Молови како другите, да се журкам и што ти уште не. Ама знам дека тоа нема да ме донесе до посакуваните резултати и работам и се трудам и покрај умор и покрај се. Зашто побитен ми е крајниот резултат и тоа што сакам да постигнам како животна цел, од моменталното задоволство и состојба. И кога сум уморна се мотивирам себе си со тоа дека
    еќе можам да си дозволам патување, уште еден стан да сме живи и здрави и слично. Се додека се размислува дека среќата и поклопувањето на коцките се битни за успех ништо од успехот. За успех треба да си го испотиш газот поштено. И да не се откажуваш и да не кукаш и да не смислуваш изговори. Звучи прегрубо ама така е.
     
    На glosipgirl, Doozy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Фирмата за која работев имаше отворени работни места во повеќе градови. Значи работев перфектно, амбициозна сум кога работам нешто тоа го работам како што треба. Тие имаа камери и се пратеа,не знам како ме викнаа на состанок во канцеларија и мислев ќе се решат конечно да ме пријават, но всушност они си имале намера да ме бутнат во позадина во перална да сум работела,со платено сместување и храна плус 15.000 денари плата.
    Секако не сум глупа и сфатив која е намерата, толку беа упорни до степен што три дена ме молеа да сум размислела на крајот ми пукна филм им реков дека не сум неспособна и можам и тука да си останам,ако сметаат дека не треба да работам кај нив слободно можат да ме отпуштат, но не и да ме тераат да работам некаде каде што можат и своите деца да ги пратат.
    Драмата заврши кај нив,дадов отказ после два месеци,само никогаш нема да заборавам начинот на кој го кажаа тоа.
    Се што не ми овозможи Мкд, ми овозможи странството.
    Тука припаѓам!
     
    На handyman, Tanjamm и Summerbaby им се допаѓа ова.
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.225
    Не би рекла дека е џабе.
    Дури и да не успееш да ги оствариш плановите, во најлош случај, искуството ќе те направи посилна личност. За жал или за среќа, тешките лекции се паметат најдолго и ќе те направат попретпазлива во иднина.

    Лично, јас сакам да вложувам труд и лично за себе, затоа што и самата борба за нешто што сакам да имам или да остварам ми е многу возбудлива.
     
    На poenta, Tanjamm и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Само правилно вложената енергија резултира со плод.
    Со главата у зид да треснеш неколку пати треба да е аларм,а не и мотив уште толку пати да се залеташ.
    Едноставно, колку и да не е едноставно, треба да си доволно рационален, да знаеш по што да тргнеш, и од што да се тргнеш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Се водам по мислата дека ништо не е залудно кога има конкретна цел.
    Можеби звучи утопија, но се темели на искуството. Животот е составен од падови и подеми, а се учи од сопствените лекции.
    Трудот, едукацијата, работата се манифистираат во личниот профил. Возвишуваат и мотивираат дека секогаш може да се стори повеќе.
    Влогот во себе е најдрагоцено потрошено време, дури и да затаи успехот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.774
    Треба и среќа.. некои едноставноо имаат многу среќа и стигнуваат подалеку од тие со труд.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.