Дека мора да се работи, мора. Јас не спорам дека треба да се работи, туку дека во ова општество каде секој со кодошење, врски, и многу други начини преку ред се наметнува, некогаш мислам дека цел труд е залуден. И јас сум против тие фантазери, кои седат дома со години и се тешат со фразата „ќе биде подобро“. Не, нема да биде ако не се запне. Дури и да се запне, дали ќе има соодветен фидбек.
Не е џабе, меѓутоа....Најубавите работи се случуваат спонтано и лесно. Нели има нешто и во мотивацијата, и во љубовта кон работата, па трудот баш и не е труд, не е напорен ако те бидува и уживаш во него. Но секогаш можеш да се премориш. Ти можеш да се истакнуваш до исцрпување, ама некој друг преку врските и повеќе ќе напредува од тебе и колку и да успееш, тоа ќе те јаде и ќе те нервира.
Секогаш вреди. Пред се заради себе. Јас конкретно секогаш сум одела на разни обуки и семинари, факултет, едукации. И студирав и научив занает. Кога почнував ми беше ептен тешко, млада, неискусна, а работев во свое. Многу труд, многу работа, доста и не можњв да направам, искачања, дружења, со малку слободни денови, здрава болна сеедно, многу менувања на планови зошто се менувале условите. И многу вложен капитал, како ми доаѓаа парите, така ги инвестирав. И со маж ми е така нешто приказната. Сега ние 2, сами на свое, не е луксуз, но за нас сосема доволно. Автомобили, куќа, убави патувања, ништо не ни недостига.
"Ништо не е залудно, ќе дојде и тој долгоочекуван ден..." ова е мислата која ме води низ целиот живот. Секој атом снага вложен кон некоја цел се исплати! Верувајте во себеси!
Ама и ти на секој пример за тоа дека се успева со труд имаш оправдување де до среќа , де не вреди ради кодошење. Не знам што сакаш. Дали сакаш да чуеш дека не вреди или дека вреди? Ако сакаш да чуеш не вреди, ебве не вреди. Ич не работи и не се труди, оди бегај подалеку од тука каде што мислиш.
Кажав јас дека работам, не е да седам џабе. Сум работела на работа, и плус хонорарно на уште три места во исто време. Среќата делумно игра улога. Без труд џабе ти среќа и без знаење. Нашето општество го мотивира она што не е нормално, да се вработиш со врски, преку партија, и тоа се доживува како врв. Во некое посредено општество каде нема такви работи, секој ќе биде онаму каде заслужува.
Секогаш се исплати, колку и споро да иде, ќе ти се исплати на крај верувај. Не се откажувај од своите соништа.
Човек треба да работи напорно, но и паметно. Најголема заблуда е дека тешката работа се исплаќа. Ти можеш со глава кроз зид, и ќе пробиеш, но со какви последици? Човек треба да знае кога да направи чекор напред, и кога да отстапи од нешто. Кога се трудиш извесен период, не ги добиваш посакуваните резултати, ревалуираш ситуација и пробуавш одново, пак ништо не е сменето на подобро, зошто да продолжиш со исто? Нема логика, само се губи скапоцено време.
Моето мото е 'Трудот секогаш се исплаќа'. И малиот успех треба да се цени. Некогаш ќе направиш полошо, некогаш подобро.
Трудот ако не ти се исплати на начинот на кој очекуваш секогаш ќе ти се исполни како ново искуство или вештина шо ќе ти го олесни животот. Секогаш трудот вреди и никогаш не е џабе.
Зависи каде. Постојат фирми и газди каде се цени и тоа како трудот и работата на некој. Имам примери многу, а еден од нив е и мм, вработен преку оглас, без врски и пријатели. Но, за државно вработување не би рекла. Барем од она што сум видела и чула баш најдобрите кои им.ја работат целата работа на сите се и омаловажени и како што видов погоре кодошени без причина. Трудот вреди , пред се за себе.
Се исплати ако се трудиш заради себе. Без разлика на кое поле, учење, работа, пријателство, врска, хоби, ако се трудиш да успееш за да бидеш среќен, исполнет, успешен, богат, се исплати. Ако се трудиш за да задоволиш нечии други амбиции и желби, можеби се исплати, а можеби не. Кога правиш нешто за некој друг, другата страна никогаш не е задоволна и те тера уште и уште. И ти доаѓа преку глава и мислиш дека не се исплати.
бубаче знам не ме мирисаш ама нема врска со тек на време ке смениш мислење јас пак твојот случај го имам доживеано во странство едно се договараш три праиш ја не де жалам од работа ама секако фала богу сите работиме за финансии така трпев трпев си собрав колку што ми требаа си имам свој работа тука со вработените многу пазам како се однесувам кај мене на работа нема релација газда вработен сите сме исто ако не го работиме заедно како што треба тоа ни за мене ни за него ке нема профит затоа им велам на другарите сите работат си имаат вработени не си барај кривец кривецот си ти ти му кажуваш на кој начин да работи и тој си тера така до тебе е фала богу до сеа не сум му дал отказ на никого самите си даваат отказ од срам дури и на пробно работене се им е платено кога доаагат п.с тешко е со луге да работиш сто глави сто чуда
џабе е, не се исплаќа толку многу вложувам во некои работи, што ми доаѓа да се запрашам зошто го правам ова.. Џабе толку труд и на крај - многу мал возврат.
Хмм, трудот во Македонија тешко и ретко се исплати. Не би да звучам песимистички, фала му на Бога благодарение на сопствен труд живеам комотен живот. Под комотен се подразбира платени сметки, храна еден одмор годишно, НО и е еден кредит за стан. Се најдов во ситуација како она магарето што трчало по морковот...уште малку, уште малку...и никогаш не е доста. Бев еден од подобрите ученици во средно, исто и на факултет, се вработив на добро работно место и со добра плата. Работев препосветено, со останување прекувремено, не одбивав работа, на тел. Достапна 24/7...бев дел од студија во ценето научно списание...и тука почнаа моите проблеми. Константни опструкции од колеги (читај шеф), казни за глупости, дури и најблиските од семејството се сменија, во смисла ааа сега си важна не се прави муабет со тебе ( што секако не беше точно), плус никаков приватен живот. Затоа се вратив чекор назад, сменив работа за помала плата. Важно ми е да сум среќна. Финансиите се важни исто толку колку и исполнетоста од тоа за кое се трудиме. И кога ќе си го вратам филмот и не сум баш сигурна дека вредеше сите непреспиени ноќи за учење, а подоцна за работа. Најубавите години од животот ги жртвував за "подобро утре" кое еве уште го чекам. Да бев во странство со мојата професија ќе немав финансиски грижи, можда и ќе бев посреќна. Ама тоа е. Сама си го одбрав овој пат, нема што да се жалам. Барем си родив прекрасна ќеркичка која е моја наголема среќа и радост!
Ова дојдов да го кажам. Треба да се трудиш, но уште поважно е да знаеш кога да бидеш упорен, а кога во нештото едноставно нема иднина и да си бараш друго чаре. Исто така, врло веома важно да бидеш реален во врска со самиот себеси, да си ги знаеш границите и можностите, да си ги знаеш јаките и слабите страни, да знаеш за што те бива, а за што не те бива... таму каде што има дупки (во знаење, во тврди и меки вештини) да ги надополниш со учење и работа на себе. За жал, луѓето доста често размислуваат само праволиниски и така и гледаат на работите... за успех е потребен отворен ум, пред и над се друго