Трудот секако ке се исплати, но треба време за тоа. Среќата не ти паѓа од небо, се зависи од тебе како ке постапиш, дали ке се одкажеш или ке продолжиш напред...
Во Македонија трудот воопшто не се исплатува.Да помине панемијава и веднаш полетувам. Како што имаше @buba4e89 напишано, колку и да ти е тешко, барем законските права ги имаш и не те третират ко роб.
Баш утрово коментиравме дома какви се неписмени се вработени во државно само затоа што имаат партиски врски. Од друга страна, имам братучетка која заврши факултет со 10-ки и едвај најде работа, па 6 години работеше непријавена, хонорарно, и дури сега е пријавена и работи за минималец. Навистина штета. Ваквите примери ме тераат да мислам дека не вреди. Кога ќе видам некој двојкаш работи во општина, министерство итн. Епа затоа Македонија е таму каде што е.
Истово и мене ми се случува. со подобар факултет,со вршење на работа на 5 особи... и работење скоро секој ден(и недела), дотична што нема појма и постојано пие кафиња,викенд е слободна, со биро функција и повисока плата ..мене ми се жали.. а зошто ,затоа што има врски. И потоа трудот се исплатувал.Не само ти додаваат обврски да те полудат во Македонија а плата ниту скока ниту мрда и секогаш за се си виновен.
Се исплати, само што трудот генерално се насочува у погрешен правец, се вложува многу труд у непродуктивно знаење.
Читам една книга сега од странски автор и таму пишува дека првите 5 години не се работи за профит, заработка, туку за искуство и знаење. Значи ова како модел го опишуваат во некое друго општество надвор од македонското. Е сега, можеби и нас ни се брза, на моменти ќе застанеш и ќе се прашаш дали ти се врати толку колку што вложи, но и средината е таа која наметнува дека се мора да се направи сега и веднаш и на што полесен начин.