Дали умеете да чувате тајни?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 11 август 2012.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Дали сте личност од доверба? Дали умеете да чувате тајни и колку луѓето ве избираат токму вас за да ви се доверат?
    Што ако ви доверат тајна иако знаете дека со нејзино откривање ќе помогнете на блиски луѓе, т.е ќе им ги отворите очите?
    Кому вие ги доверувате своите тајни? Дали некогаш сте биле изневерени од дадена личност на тој начин што ја издала вашата тајна?

    Ајде феминки да видам колку умеете да си го држите јазикот за заби :wink:

    Ако напредниот пребарувач не лаже, мислам дека нема ваква тема. Ако има, најискрено извинување. Јас само сакав да ве почестам со уште една тема :D
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Личност сум од доверба секогаш знам да JA чувам тајната.
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.658
    Да. Искрено. И затоа му е многу лесно на луѓето да ми се отворат и никогаш не сум ја злоупотребила таа моја особина. И никогаш не сум играла на карта - да не почнам јас да зборувам. Глупости тешки.

    А инаку сум била заебана, но не во многу наврати. И ништо сериозно.
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Досега јас нај,нај многу значи апсолутно се сум доверила на едно девојче кое што ете може така да оговара некогаш,ама никогаш,никогаш за ништо не би кажала,во тоа сум уверена и затоа сум и се доверила. :)
    До сега не сум издала,значи знам да чувам тајни,се надевам дека и во иднина ке чувам тајни,несакам да ја намалам довербата што ја имаат луѓето во мене.
    А кога јас ке се доверам на некој ако дознаам дека ја издала тајната јас нема да се налутам на него/неа,туку на себе си затоа што кога кажуваме нешто тајно треба да знаеме дека можеби некогаш ке дознаат и другите,да не бидеме изненадени. :)
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dagi

    Dagi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    Едно големо ДА. Можеби не многу луѓе ми се исповедале токму мене, но оние кои го сториле тоа знаат дека тајната им е на сигурно :$
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    7.635
    Да. Умеам да чувам тајни.
    Најчесто се доверувам на братучедка ми, се имам многу зафркнато со другарки на кои сум се доверила. Кога се во тесно, ако ги уценува некој за нешто, тајна за тајна, веднаш те издаваат.
    Тоа не е случај со мене, ако сум во тесно, не издавам. Секогаш се извлекувам на добар начин, прво низ смеа, а потоа решавам проблем.

    Не ми се допаѓаат тајни, кога се работи поврзано со некој друг другар или другарка, тепање, наштетување, вовлекување во невоља, местење.. Многу тешко ми е што треба да ја сокријам тајната, но секогаш наоѓам начин да му кажам што се случува без да му ја кажам тајната. Некогаш и ги извлекувам со ситуација.

    :!:
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Знам да си го држам јазикот позади забите, затоа што знам колку боли и колку е непријатно кога некоја твоја тајна е издадена, и тоа од некој што си го сметал за близок. Многу се имам доверувано, само за да ми олесни, а после сум зажалила за тоа. Моментално можам да бидам целосно искрена само со две личности.
    Значи не ми смета да чувам тајни, и најискрено, утре и најлошо да се скарам со таа личност, не мислам дека би го раскажувала тоа на цел град.
    Често ми се доверуваат затоа што го знаат ова, и онака не сум многу зборлеста личност, мразам трачарење и знам да почитувам сечија приватност.
    Во врска со второто прашање, па би се обидела да помогнам некако индиректно. Тешка ситуација, се надевам нема некогаш да дојде и до тоа. Ете, ако е нешто лошо, ако станува збор за некаква тешка манипулација, само во тој случај би ја открила тајната.
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. attias

    attias Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Па да, умеам да чувам тајна.. Мислам дека за такви работи луѓето ми се обраќаат на мене. И да ви кажам искрено тоа многу го ценам.. кога некој ќе ми се отвори и ќе ми дозволи да ѕирнам во неговиот живот и да знам нешто плус за моите блиски, тоа ме прави среќна, иако понекогаш умее нешто да ми се лизне низ устата :wasntme: :wasntme: :wasntme: :wasntme: :wasntme:
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    221
    Просто, едноставно и едно гооолема ДА! Доволно е да се каже толку. :)
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lina92

    Lina92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    30
    ДА :)
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Пред сè многу пати сум била заебана од страна на некој во кој сум имала доверба. Па едно време не сакав луѓето да ми се доверуваат бидејќи едноставно не сакав да бидам таа што треба да чува нечиви тајни додека моите ги откриваат. Ама сега повторно чувам тајни. И не ми е тешко, посебно не за личности што ми значат.

    А во врска со второто прашање, искрено не знам како би постапила. Ако тајната е кажана од личност која ми е поблиска и повеќе ми значи за некоја личност што не ми значи нешто посебно тогаш ќе ќутам, ама ако е во обратен случај има шанси да кажам. Посебно ако се работи за доброто на таа личност што ми значи. Такви работи не можам да кријам, затоа што знам дека потоа ќе се каам што не сум кажала и ќе се обвинувам себе си без врска.
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    да и тоа многу тајни чувам во себе од мали до големи и ден денес ниедна немам кажано
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mrs.Styles

    mrs.Styles Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    Пааа...знам али некогаш кога нешто морам да кажам кажувам....:)
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    ехејј..јас и тајните..не незнам да чувам тајна..може само ке кријам едно 2-3 дена после ја отворам устата.. таква сум шо да правам..:D
     
  15. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    456
    Често ми се доверуваат, ретко се доверувам.
    Во мојот круг на пријатели јас сум онаа на која прва и се доверуваат.
    Финтата е што не дека јас сум толку посветена на чувањето тајни и внимавање некого да не издадам, едноставно разговорот што го правам со одредена личност никогаш не го прераскажувам на некој друг, од чиста причина што многу брзо заборавам и што воопшто сме разговарале.
    Ми се има случено пријателка да ми се заблагодарува за тоа што сум го зачувала муабетот само помеѓу нас двете и никој не дознал, а јас да не знам воопшто за што ми збори.
    Обично кога ги слушам речениците : Ќе ти кажам нешто ама не кажувај на никој, праам turn off на мозоков и што влегло од едното, излегло од другото уво.

    Е сега кога станува збор за проблем или за некоја лоша ситуација и се работи за некоја моја блиска личност, тешко можам да премолчам. Прво ја резонирам ситуацијата па потоа одлучувам што треба да сторам.
    Ако одлуката е дека треба да се каже, дека нема да можам да го премолчам тоа, и неможам да издејствувам сама за да помогнам, тогаш внимателно ги одбирам личностите на кои ќе им го соопштам проблемот.

    А јас не се доверувам често. Некако се чувствувам како таа личност потоа да ме држи во дланката и како да може да го сврти тоа во сопствена полза. Има само една личност со која не се чувствувам така, и знам дека тоа е обострано.

    Убаво е да имаш таква личност покрај себе.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    ДАА!Знам да чувам тајни. :** :D
     
  17. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Секако дека умеам да чувам тајни и се сметам за личност на која може да и се доверат. Досега не сум издала некоја тајна. Не сакам луѓето да ја изгубат довербата која што ја имаат во мене, затоа што знам колку тешко се стекнува.
    А што се однесува за моите тајни внимавам на кого ги кажувам. За нив дознаваат само оние во кои имам целосна доверба и сигурна сум дека не би ја изневериле.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. M.arija

    M.arija Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    268
    Знам да чувам ;)
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    2.300
    Пол:
    Женски
    Секако, умеам да чувам тајни. :)
    Поретко се доверувам,а почесто јас сум таа на која што и се доверуваат.
    Моите тајни ги кажувам само на одбрани луѓе, на луѓе кои претходно ја докажале својата лојалност ~
     
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    2.396
    Пол:
    Женски
    Не умеам. Премногу зборувам и несакајќи знам да истрескам се што некој ми кажал а после да сфатам каква глупост сум направила.. :$ :$