Да. Обично добро чувам зошто ги ставам во дел од мозокот и ги „заборавам“ дур некој не ми спомни за нив, после само ќе погледам човекот, ќе сфатам дека не смеам да кажам и можам да подмачкам се и да не кажам. Во глобала чувам тајни, значи имало момент кога една што ја знам криела од друга што ја знам работи и јас знаев за тие работи и едноставно молчев. Некогаш ако нешто е премногу битно и ја нарушува приватноста на човекот не кажувам ни на моите најдобри другарки. Значи имам чувано работа за која никој не знаел, па дури и ни другарките. Често ми прат премногу криеш и не чини тоа,а фактички јас неќам некои работи да ги „скријам“ од нив, едноставно ги заборавам и ако не се спомни ...
Умеам доста добро да чувам тајни , не се издавам или испуштам лесно , има работи кои што се вика во гроб ќе си ги однесам кај мене тајните се најсигурни да си знаете
Умеам да чувам тајни, нема тука ништо тешко си молчиш и чуваш. Абе и да ме прашуваат не кажувам, и да ме бесат, колат, дури и да е глупава мала тајна. Тајна си е тајна и тајна останува до крај.
Да, да и јас чувам тајни, другарката моја најверна ми кажа кого го сака сега , не кажувам на никго ништо. Има доверба во мене, јас во неа и си кажувам тајни.
Па штом луѓето ми се доверуваат, значи знам. Се случува некој нешто да ми каже и јас за тоа да кажам на друг, ама за некоја ситница што не е некоја тајна, ама кога некој ќе ми каже нешто во доверба, кога ќе ми рече да остане меѓу нас, тогаш меѓу нас и останува.
Да умаеам да чувам тајни. Со другарка ми си ги знаеме сите тајни и никогаш не би ја издала а знам дека и таа нема да ме издаде
Чувам, како што не сакам моите тајни да бидат издадени, така и јас не издавам. Тие што издаваат тајни се вистински ѓубриња. Си им ја отворил душата, а тие да ти забодат нож во грб. Стварно мизерно.
Тоа ми е маана најголема што јас ги чувам тајните на сите кои ми се довериле, а јас на сите кои се имам доверено (од кои се пола од тие кои ми имаат тајни кажано) на кој стигнат кажат се што знаат... Така да тајните нивни ќе си останат тајни кај мене, ама доверба за јас да се доверам немам буквално на никој освен на маж ми.
Знам да чувам, кога сум му дал на некого збор и верува во мене и ми кажал тајна никогаш ама баш НИКОГАШ нема да ја октријам на било кој макар и од семејеството да мие нема да му кажам. Ако е за отварање очи, ќе слушни/разбери од друг ама од мене не пошто јас сум му дал збор на тој шо ми ја кажал таа тајна, ако ја откријам ќе чувствувам грижа на совест и ќе испадни дека сум го изиграл/предал .
Да, да и повторно, да. Било какви, што и да се случило, прво од етичка природа, не е убаво да се пренесе информација која некој ни ја дал во доверба а второ, од сето тоа може да произлезе само штета, ништо добро.