Чувам тајни досега на никого не сум му ја кажала тајната но доколку некој ја каже мојата и јас ке ја кажам неговата
и јас сум личност која умее да чува тајни.Има некои тајни што на никој не сум ги кажала,но се случувало и некоја да заборавам
Знам да чувам тајни, посебно ако некој ми се доверил и ме замолил да не го споделувам тоа, ќе го чувам во себе и нема да го кажам никому.
Сметам дека умеам да чувам тајни. Порано бев радио милева , се разгласував, ама повеќе не, сфатив дека тоа е глупаво, ама што да правиш, детиште (а божем сега не сум). Во мене има насобрано толку многу работи што некој да ми ги чита мислите едноставно ќе дознае многу лоши работи
Чувам тајни и тоа како,некогаш за работи што ги знам за роднини или пријатели ни на домашните не им пренесувам,ептен сум принципиелна за тајни кај мене секоја тајна има висока безбедност и гаранција
Доколку некој ми каже „не кажувај никому за ова“ - тогаш да, ќе ја чувам тајната, но доколку не ми е кажено да не кажувам никому ништо, тогаш многу лесно низ муабет со други, може да ми се лизне од јазик таа интересна „информација“.
Да. Безразлика кога некој ќе ме праша дали можи да ми верува јас му велам „Одлучи сам“ во глобала можат да ми веруваат зошто предавство и искажување на тајни ужасно ме нервира.
Многумина би рекле да јас знам да чувам тајни кажи ми се што ти лежи на душа, но дали секогаш тоа е така е сум баш сигурна! Од моја страна ниту една работа која некој ми ја кажал во доверба не сум ја издала па макар тоа било и најлошо и најдобро. Едноставно како никогаш да не сум го слушнала сепак ако тоа било негова тајна и сакал мене да ми ја кажи т.с да ми се довери никој не би смеел да го знае тоа без разлика дали ја познава личноста што ми се доверила или не. Тоа е мој став и до тој став ќе седам до крајот на животот!
Сите мене ми се искажуваат од доверба. И ако ми речат не кажувај јас им викам за што правевме муабет??
Да,сметам дека знам да чувам тајна.Сите тајни што ми ги кажале другарките,на други ги немам прекажано и не ни планирам да го направам тоа.
Да, умеам. Без разлика кој ми кажува, ако ми речи да не кажувам на никој, на никој нема да кажам, па дури ни на некоја блиска другарка.
Умеам да чувам тајни и сум доверлива личност.За среќа,другите имаат каде да се испукаат и испразнат.Па, мојот inbox е преполн со инфо од различни области и генерации.Ама,во нивниот inbox го нема моето име.Јас сум затворена личност и скептик кон довербата на другите.Чувствувам дека тоа ме гуши и измачува,но тоа е мојот карактер.И така,преполна сум со мои и туѓи податоци и ништо чудно,ако еден ден се случи да нема повеќе место за складирање
Искрено не умеам баш добро,пошто сум зборлива и во некоја ситуација може да ми се испушти тајната.Сепак многу луѓе ми се доверуваат,добро е што поголем дел од времето ги заборавам тајните,па секако неможам да ги издадам.
Сите ми кажуваат тајни, како што влегуваат од моиве уши, така и си остануваат. Низ уста не смеат да излезат. А од толку тајни, некои и ги заборавам, хахах.