Многу интересна работа е што на темава сите пишале дека верно и неотповикливо чуваат тајни а сепак дури и да не знам за таков во реалноста. Зошто ли?
Заклела се земља рају да се све тајне знају, па така мојот одговор е не Да не се разбереме погрешно, намерно и свесно не издавам тајни но сум прилично комуникативна, и во муабет знам и тоа како да издрдорам и свои тајни, и туѓи. Исто така, не се лутам ако ми издадат моја тајна, зошто штом јас не сум можела да ја задржам за себе, зошто некој друг би ја преќутел (па уште ако е сочна...)
Чувам тајни само ако мислам дека личноста што ми ги кажува е вредна за тоа.. Се случувало да ми кажуваат тајни, а јас за 5 минути да ги издрдорам.. Ама има некои тајни што до ден денес не се дознале!
зошто секад си имаме "некој/а" од доверба за да и ги испричаме новостите и секад започиња со ова.. еј имам да ти кажам нешто али на никого да не си кажал да сигурно а прблемот е и што личноста што ви е од доверба исто има личност од доверба на кого му кажува се и така кругот се шири
Зависи за кого се работи.. за некои драги луѓе што ми кажале, никогаш на никого не сум кажала ни збор. А пак некои такви, кои што знам дека чисто онака ги користат термините „тајни“ и „пријателство“, тајните нивни не сакам ни да ги слушнам, кога ќе тргнат да ми кажат нешто од доверба ко демек, ги прекинувам и менувам тема. Не ме интересира да знам. Таквите луѓе од типот „да ти кажам, ама немој на никому“, а не сме блиски пријатели, самите ќе се издадат. Ако мене ми кажале, а не ме знаат доволно добро, тогаш уште на некој таков ќе му се „доверат“.. така да ич не се замарам со такви луѓе и такви муабети од „доверба“.
Да. Пошто заборавам што ми кажале. Стандард. Човек што не се замара со туѓи животи-нормално е да не ги памти туѓите тајни. Тајна е информација која не треба секој да ја знае-а на тој што ја кажува да му олесни. Чим му олеснило зошто да памтам?
Сум личност од доверба и знам да чувам тајни. Ама да признаам.. само 2-3 пати ми се случило да ми излета нешто ама не сум имала никаква лоша намера
Како гроб сум кога ќе ми се довери некој или ќе ми каже некоја тајна. Јас пак премногу внимавам на кого му ги кажувам тајните.
Јас чувам тајни, тоа што е тајна останува тајна. Било да е моја или на некој друг, едноставно е заклучено и клучот е фрлен некаде на недостапно место.