Не, ги немам ударено и мислам дека нема да имам срце да удрам било какво милениче да имам.Постои и друг начин на воспотна мерка, немора да биде тоа покажување сила. И животните имаат душа па ке те разберат
НИКОГАШ! Да ти кажам право повеќе ми е жал за животните одколку за луѓето. И тие се живи души кои не заслужуваат ќотек.
Секогаш кога прави нешто што не е во ред го повишувам тонот.Доколку не сака да ме послуша го удирам ама треба да се знае колку да се удри , неможе да маеш и да го отепаш.
Никогаш, ама баш никогаш! На мојава лепотица дома кога ќе направи некоја белја и’ подвикнувам, и веднаш знае дека ја карам. Ќе си го прибере опашот под г’з и ме гледа под око како најголем грешник Тоа е доволно, знае дека згрешила. И после како да не и’ се смилувам кога ми праќа таков покајнички поглед? И веднаш потоа се галиме и така завршува се’
Исто , ама потполно исто,еднаш кучето што го имав по плеснав по газе, ама после плачев иако многу малце го плеснав, ама како го наведна главчето, од тогаш никогаш го немав умрено, а тие денови што сакаше го пуштав да прави по дома , спиеше на кревети абе свашта , сеа мачоров кога ке ме изнервира го штипам по образот, ама не силно, онака , има едни како обравчиња, абе ми иде да му ги изедам
Животните се многу попослушни од луѓето, на правилен начин може да се воспитаат без никаква употреба на сила. Се згрозувам кога ќе видам дека некој тепа или се изживува врз невино животинче. Моиве мачиња дома разбираат кога ќе повишам тон, а научени се да ми го препознаваат тонот кога сум лута или ги карам. Тврдам дека најдобро е да се воспитуваат од мали исто како деца, а и прифаќаат авторитет. Ако некој од домашните им попушта знаат да го искористат тоа ама ако им е во близина авторитетот тогаш се мирни .
мене кучето знае да ми рипа на нозе дури и да ми се испружи со шепите до рамена но не сум го удрила со стап или со рака затоа што разбира многу е инталигентно.Едноставно ќе свикам по него или ко да му се стрчувам и се смирува,легнува и се испружува и така квичи жално,очињата му светкаат и јас попуштам одма идам се галиме
Викање да, тепање не. Сега не зборам баш ако го плеснеш малку по муцето еднаш, но тепање никако! Според некои експерти, куче се мава само во два случаи - доколку проба да изеде нешто што е опасно за него, и доколку проба да нападне некого (кого го познава). Сепак не сум имала потреба од такви работи, се е ок.
Многу ги сакам животните и едно големо НЕ за употребување сила брз нив. Јас немам срце да удрам било какво животно, некогаш може да го повишам тонот ако моето кученце прави белја, но да го удрам никогаш, па и тоа е душичка...
Xмм попрво би рекла моите животинчиња употребуваат сила брз мене,ме гребат и ми мјаукаат силно кога им се јаде или кога им се оди надвор .Oдсекогаш сум ги почитувала како миленици ниту мое ниту туѓо животинче не сум удрила ,немам срце за тоа гревчиња се и они имаат душа како нас A понекогаш сум ги ударала малку по газето и со повисок тон им се обраќам ако ми се качат на маса но ретко е тоа ,воспитани се и знаат што и како а и да направат белја тоа не е начинот да ги удриме или повредиме!
Уффф НИКОГАШ! Само галење и само наградување кога ќе биде умно. Сила никогаш и никако под никој услов, премногу ги сакам животните за да било што такво направам.
Не,никогаш, многу е послушна само штом ќе свикам одма престанува.После крива се чуствува,легнува во некое ќоше и чека да и пријдам за да се галиме.
Па да го тепам,да го истепам онака крвнички како некој,НИКОГАШ. Ама да подвикнам малку,или така да го поддудрам сосем малку по газето кога ќе ми се качи на глава,да. Ништо не му биднува од мало потчукнување на газето или малку да го искараш,некогаш знаат да ја претераат. Ама,ако се наметнеш на кучето како главен,ќе знае кој е алфата и понатаму е лесно. Зошто неможам да држам лутина,кога ја читав Doberman за оформувањето на алфа ставот кај кучето,мислев дека нема да успеам,мислев не ќе можам да бидам строга,ќе му допуштам се,ама успеав во најважниот чекор,за понатамошното воспитување ќе ми биде лесно,зошто сега ме слуша се како ќе му кажам,не оди каде не треба,каде сум го искарала,не гризе се што ќе стигне,почна и да не лапа од земја сенешто и сл.
ЗНачи ко видам некој да тепа некое животинче ми се иде јас него да го утепам.Мн ми е жал и грев за животните можеби и повеќе одколку за луѓе.Никогаш не ги тепам моите маченца ...ги сакам сите животни........добро не баш сите
Јас не ја употребувам многу силата, но кога дознав дека на мојата Теза зборовите и одат низ уши, ја употребувам силата ама не тепањето И го допирам носето и ја потчукнувам по газот за да не го прави тоа, и сега си е ангелче мирна е и за чудо не ја гребе веќе мојата 3 годишна братучедка! А, само чека нешто да е на маса па да се здебели убаво!
Јас не ја тепам,само ја потчукнувам по муце и по газе малце колку да престани,иначе греотичка е да ја тепам,неможам,и онака ме сака и јас си ја сакам. А иначе за висок тон абер нема,што сака си прави,не слуша,викаш ти,дури почнуваш да се дериш,а таа си продолжува да си прави тоа што го прави,па мора со бркање,иначе нема никогаш и понатаму да слуша. Ја бркам и кажувам НЕ,па разбира по нешто