1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали употребувате сила како воспитна мерка за животните?

Дискусија во 'Дом' започната од biggirlsdontcry, 21 април 2012.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    никако
    од што ги сакам животните дома веќе имам една зоолошка :)
     
  2. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Не. Многу сакам животни, дури може да се каже дека ги сакам повеќе и од луѓето :D Ако направат некоја беља само ги карам, а никогаш не би ги удрила! :)
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Џабе се правите сите светци и не си ги тепате миленичињата, бидејќи очигледно не знаете како се воспитува домашно милениче.

    Кога малите мачиња се земаат да живеат во домот, тие мора да се научат што им е дозволено, а што не. За да се научат каде е местото за вршење нужда, тие најпрвин мораат да направат некаде „беља“, многу се ретки случаите, каде мачињата успеваат од прва да научат каде треба да одат. Кога ќе направат беља, мора да се плеснат веднаш откако ќе го сторат тоа и на самото место, а потоа да се однесат во песокот и таму да се погалат, да им се зборува мило, за да сфатат каде треба да одат. Некои мачиња учат побрзо, некои поспоро.

    Кај кучињата е слично, а сите кои имаат кучиња би требало да знаат дека еден обичен весник е продолжена рака на сопственикот на кучето и тоа мора по некогаш да добие по глава кога ќе направи нешто што не е дозволено. Секако ако не прави бељи, нема и зошто да добие од весникот.

    Животните не се способни да ве разберат кога ќе им објасните дека домот не мириса убаво ако направат некаде беља или ако им биде искинат каучот и тоа не изгледа добро пред гостите. Тие знаат само „Тоа не смее“ и „Тоа смее“.
     
    На mil4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Се сложувам со тоа дека малите мачиња треба да се научат што треба , а што не треба и долку се потрудиш ќе научат ама тоа не значи дека треба да го тепаш. Кај нас мачињата се качуваа на маса и секаде каде што ќе стигнат , само ќе го туркаш се додека не свати дека не треба да се качува :lol: . Зално е да се тепа животинче, греотка е и оно е душичка.
     
    На zalosna, hermosa и tessie им се допаѓа ова.
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    А ти пак,какво разбирање имаш,да се мислиш,дал да веруваш,дал не.
    Она со весникот е нешто што највеќе ме иритира.Цел живот до пред само неколку(4-5) месеци сум со мачки по дома,и не дека не ми направиле беља,туку верувај не сум ги истепала и нема потреба од тепање со весник,зошо е само непотребно плашење,а напротив,наместо да сфати,само ќе добие страв,и ќе се плаши секој пат кога ќе види весник,а пак нема да знае за што го карате.
    Ми скрши вазна,кристална вазна,прво беше стара и прескапа,друго направи страшен неред,парчиња стакло,насекаде.
    Ги искрши сите вештачки цвеќиња,ги расипаа сите плишани мечиња,редовно ,,честеа,, све што има на масата,и пак не добија весник по газето.
    Е вака беше,се до пред неколку години откако наместо да ги гњавам и тероризирам мачките,ги оставив малку на мира,ги смирив малку,имаа играчки нормално за да ја потрошат енергијата,а не на вазните и домашните ќебенца,па така немав проблем,ретко ги карав дури,скоро никогаш да не сум му викнала силно,а не па да ги удрам.Верувај,немав прблем.
    Воопшто,ама воопшто не се согласувам со тоа дека е исто и со кучињата.
    Еве,три месеци чувам куче,и можам да кажам дека емногу полесно да воспиташ куче,многу повеќе разбира,многу повеќе чуствува во споредба со мачката.Мачката е себично суштество,гледа да ја нахраниш,се гали кога таа сака,додека со кучето е друго.Помило е,постојано е со газдата,го следи,го сака,мене повеќе ми одговара куче,зошто повеќе можеш да се приврзеш кон куче,кажав мачките се посамостојни суштества,те сакаат кога им требаш само.
    И до денес,не ми направил особена штета дома,еве осум месеци полни,забите ги смени одамна,има играчки за заби,топчиња за него посебни,шетање,нормално да ја потроши енергијата,зошто е доста темпераментно куче,и дресурата секако. За три месеци,научи се,и став знаеме и трчање,и место,стани,седни,топче,кога ќе кажам НЕ,значи-НЕ и прекинува без разлика што и да прави.Еве до денес не сум го удрила,освен со весникот,ама тоа беше кога го зедов,и сфатив дека со тоа го плашам, и добивам контраефект,па одамна не сум ни дофатила весник.Не се прават сите светци,некои и се. ;)
     
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^ Не би требало да ти реплицирам зашто најверојатно не си и прочитала повеќе од една реченица од мојот пост, а ако си ми прочитала уште пострашно, воопшто не си обрнала внимание што сум пишал.

    Сепак, да ти објаснам, за да не мислиш дека нешто измислуваш топла вода со својот однос кон своите мачки.

    Прво, мачки не се тепаат со весник, нема потреба. Второ, мачки се тепаат додека се мачиња, односно додека се малечки и мора да се издресираат. Кога мачето ќе стане мачка, ако го тепаш, значи си идиот. Поентата е во воспитувањето додека е мало.

    Второ, кучиња се тепаат со весник, бидејќи така не го поистоветуваат весникот со раката на сопственикот. Ако го удриш со рака кучето, тоа знае дека ти си го удрил и ќе сака да ти врати, весникот е еден вид на средство за воспитување. Не мора да биде весник, само што тој е лесен, не боли, а ја постигнува целта.
     
    На kikkki, mil4ence и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  7. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Ми се лоши кога ќе прочитам вакво мислење -
    |( добро, или вие (личностите со вакво мислење, не зборам конкретно за kikkki) не знаете како да воспитате маче, или па јас имам тотално поинакво мислење бидејќи сум пораснала со мачки (отсекогаш сум имала и кучиња, ама поблиска сум била со мачките).. значи НЕ, НЕ е точно тоа дека мачките се себични суштества :!: ! Јас од 3 години сум со мачки, и повеќе од пола од нив биле мачиња кои попрво би одбрале да се галат со мене, отколку да јадат.. неможе никој да ме увери дека се она што го наведе ти за кучињата, не го прават и мачките.. значи сум имала секакви мачки, и такви какви што спомнуваш, ама и мачки кои ете, според љубителите на кучиња биле всушност.. кучиња ?? :^)
    еве најсвеж пример ми е мачето што вчера ми умре, уште не ми е пријатно да зборувам за него ама ајде - уште од мало си беше такво, самостално, бидејќи никој дома не му обрнуваше внимание, ама кога почнав да го галам, да го учам што треба и не треба да прави, сите дома го засакаа.. Ме следеше секаде, буквално секаде, и не, не беше за храна!! Ќе одев до другиот крај на дворот, тоа по мене, ќе се вратев, тоа пак по мене, ќе излегував некаде - тоа пак до мене.. а да не ни почнувам да зборувам за тоа колку беше мило, абе ако не го галиш те гледа во очи, мјаука и ти паѓа на нога, се врти на грбот се додека не го погалиш.. а ако некогаш бев зафатена во рацете, ќе ми дојдеше до лицето и ќе почнеше да ја трие главата, ќе почнеше да ме грицка.. и ај сега, како да не се приврзам со него?? и сум имала и други вакви мачиња, се е до тоа како ќе ги научиш додека се мали..
    забегав од темата, ама морав, бидејќи коментари од типот dogs>cats, не поднесувам..

    а сега барем да кажам по некој збор во врска со темата -
    незнам за кучиња, немам воспитувано, ама за мачиња, се согласувам со Captain-Omni.. значи мачињата се учат додека се мали, тоа што ќе го научат во првите 8 недели ќе го применуваат цел живот, а подоцна што и да правите нема корист.. е сега, не зборувам конкретно за тепање, мавање со влечки или сл. туку едноставно нежен удар по увцето или мало тапкање по газето.. На пример мачево што го наведив погоре, беше малце поенергетично и некогаш се случуваше да сака да ме изгреби по лицето, е тогаш само малце ќе го удрев по рачето, или увцето и по 2-3 пати се научи.. исто влегуваше и во кујната, ама тогаш ќе го изнесев надвор, ќе го потапкав по газето и му правев тајм-аут, и по 2-3 пати така, можев да го оставам само во дневната, со сигурност дека ништо нема да чепни.. Е сега, мајка му не ја научивме додека беше мала да не влегува во кујната, и сега кога и да не е мајка ми дома, веднаш влегува в кујна и оди право на корпата за ѓубре.. и колку пати мајка ми и има викано, фрлано со перници, и пак не учи.. затоа, мислам дека е потребна минимална сила за воспитување (на мачињата :!: ), ама додека се мали, а кога ќе пораснат, кажа Омни -
     
    На kikkki, Captain-Omni и Hipica им се допаѓа ова.
  8. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Имам папагал и да сакам да го удрам ке ми летне :D Обично кога стои на аквариум и пие вода од аквариумот :rofl: само ке му се доближам и ке му се раздерам и прекинува неколку дена,после пак ке почне и пак му се дерам :D Исто така и кога ми застанува на чаша да пие сок или кога досаѓа а јас имам обврски и си знае дека несмее.. :) Инаку дечкоми зема хаска и тоа едно малечко уште срцка како мече е,а овој го удира со весник или со рака кај газето ако направи нешто лошо.. кога ке го удри срцето ми се кине,цело време му се дерам да не го удира а он ми вика како инаку ке го научам на ред.. па не си земал куче бе за да го удираш.. греота! и него му е жал ама ако не го удри за да му даде до знаење дека несмее да кака во дневна и дека несмее да јаде се што има по улица тогаш нема да се научи на ред тоа куче.. мора да го слуша.. :)
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Нема да ви реплицирам,мразам да дообјаснувам,зошто станувам досадна,ама морам да кажам,дека тотално погрешно сте ме разбрале и двајцата.
    Омни,прво мојата поента беше дека нема потреба од тепање,нити на мачка нити на кучка.
    Најважно е односот миленик-сопственик,значи мораш да бидеш строг и постојан со миленикот(мислам секако дека можете да играте игра со миленикот,ама не смеете,ни под разно да дозволите да прави што сака со вас,мора вие да ја водите играта,секако истото важи и за останатото воспитување/дресура на миленикот),а воедно и да сте внимателни и нежни кон него.
    Доволно е повишен тон за да миленикот ја сфати својата грешка,ни тепање ни гаѓање со перници,те плечки,те незнам какви глупости.Ако обратите доволно внимание на миленкот и тој е среќен,верувајте нема да прави беља и ќе биде послушен,ама ако го запоставите,тој нормално ќе најде нешто со што би ја искористил енергијата и би го потрошил времето.Толку од ова.
    Маги,те сфаќам,јас кажав,уште пред да се родам моите имале персиски мачор,прекрасен и мил,па се до пред неполни 5 месеци бев со мачки,и многу добро знам што значи претерувањето на мачката,кога ќе скрши непто или гребне на лице,ама освен повишен тон не добиле ништо повеќе.
    Омни,јас многу добро прочитав што си пишал,и многу добро сфатив,ама ме изреволтира тоа што викаш дека сите сне се правеле светци,а сне ги мавале со весник,на кугла ли гледаш или што?Да,мачката исто и кучето,се учат додека се млади,многу добро го знам тоа.
    Пак ќе кажам-поентата ми беше,немора да се употреби сила кон миленикот,наместо во миленикот,побарајте ја грешката во себе!Верувајте,човекот многу повеќе греши,ако ова го разгледате малку,и се преиспитате каков однос имате кон вашиот миленик,врската со миленикот и воспитувањето ќе ви се подобрат,и тоа видно!Толку.
     
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    па има ќотек изедено во овие пед години два пати ,ама сега си знае не беше за џабе и не ја прави истата грешка.