1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали феминките повеќе осудуваат или помагаат?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од butterfly.mk, 26 октомври 2013.

  1. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.067
    Насловот доволно кажува, дајте ваше мислење за тоа дали на форумот може да се најде решение и соговорнички или пак може уште повеќе да сте исфрустрирани, и дали секогаш можете да се снајдете низ темите и советите.

    :)
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    4.547
    Допаѓања:
    48.055
    Пол:
    Женски
    Има доволно девојки кои те сослушуваат и ти пишуваат совети на темите а исто и во лична порака. Но има и такви кои се сваќаат на мајтап и ти скокнуваат да те осудат како тоа да е најлесно :x
     
    На black_lover, Tanjamm, iloveyou29 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.067
    темава ја стартував бидејки се повеќе во било која тема среќавам некои кои се ,,идеални,, и кои си земаат право да осудуваат. Јас мислам дека не сме ние тука за да се истресуваме на некој кој има проблеми. Друго се феминките кои се зафркаваат или ,,падобранци,, а друго се некои кои имаат реални проблеми.
     
    На Elly Stann, Juicy, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    19.844
    Допаѓања:
    172.271
    Пол:
    Женски
    Зависи од оној што го поставил прашањето, т.е проблемот, ама и од самиот проблем. Кога веќе се пишува на форум, дали се бара совет, решение, или само олеснување, треба да се знае дека не секој размислува исто како нас и да се знае да се прифати мислење и став поинакви од нашите, исто така да се прифати и добронамерна критика. Ама пусто его, големо е, макар и вака виртуелно. Треба да се сфати дека не секогаш можеме објективно да гледаме на работите, а некој од страна може да ни помогне во тоа. Затоа се добри форумите, ама не се за сите, очигледно.
     
    На TheGirl23, mizerija, iloveyou29 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    37.621
    Пол:
    Женски
    Toa што советите на темите односните личности ги земаат како осуда бидејки така им одговара да гледаат на нив не значи дека оние кои се потрудиле да одвојат време да напишат збор два за нивниот проблем го прават тоа со цел да ги потценат и омаловажат останатите.

    Ако сакаш да си постојано во право ,проблемите чувај ги за себе не ги дели со никого и сам на себе вели си дека сите грешат а само ти си во право.Кога веке определена мисла ке решиш да ја споделиш гласно со околината треба да бидеш спремен дека нема сите да те тапшаат по рамо и да ти викаат дека си во право постојано.

    Секогаш нападот е најдобра одбрана па одма почнуваат сите со иронија и цинизам дека останатите се идеални и светици. Никој не е идеален ,но тоа што не го дели твојот став не го праи предмет на потсмев и подругавање.

    Да,одговорам на прашањето на темата.Во 90% од случаите помагаат па друри и кога коментарите им се напишани со доза на иронија (како што повекето се во Дали сум бремена) бидејки ако другата страна малце е паметна тој ироничен коментар ке ја замисли и ке си рече-Чекај бе зарем е можно до толку да сум мутава и неинформирана за тоа што ме опкружува, па некоја рандом личност што нит ја знам нит ја познавам да ме подругава мене и да ми испрака иронични стрели?
     
    На LadyC, Dennings, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  6. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.067

    За ова имаш право,не можам да речам дека не се согласувам.
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.835
    Пол:
    Женски
    Licno mene feminkite mi pomognale.
    Koga imam problem za koj znam deka ako go spodelam so pobliskite kje dobijam subjektiven sovet ili pak ako ne sakam istite da znaat za istiot, togash se sovetuvam so moite virtuelni prijatelki.
    Imalo i konflikti normalno....ne moze site isto da mislime. No, koga nekolku feminiki koi licno ne te znaat kje ti napishat deka greshish i deka treba malku da si go preispitash mislenjeto pa i odnesuvanjeto, malku kje se zamislish i porealno kje podrazmislish shto i kako da napravish ili ne napravish. :!:

    A ironcnite i sarkasticnite komentari ....veruvajte istite ste gi zasluzile. ;) :wasntme:
     
    На Neytiri, LittlePinky и Annath им се допаѓа ова.
  8. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    225
    Се трудам да дадам совет кога можам и кога мислам дека мојот совет е добар...ама обично повеќето феминки се замеруваат со моите мислења повеќе ме осудуваат оти не се сложуваат или како што имате напишано погоре ќе ми вратат со иронија или вреѓање абе катастрофа.....
    се трудам да не им враќам и да не се спуштам на нивно ниво ама некој недноставно мораш претеруваат :D
     
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    11.055
    Пол:
    Женски
    Не сум изнела некој проблем овде , освен дискусии , и многу ми се допаѓаат различни мислења и различни перспективи , кога си гледаме само низ наша призма цел свет ни е крив ..
    Повеќе ценам совет кога ќе ми рече некој- еј полека малку не си во право ,смени го однесувањето и постапките ..
    Отколку некој да ме тапша по рамо , нити ќе ми помогне само уште повеќе ќе си земам сила да грешам во постапките ..
    А и многу земате на срце еден форум :^)
    Различни луѓе ќе дадат различни совети , а вие направете си микс од најдобрите .
    Ако навистина барате совет, а не сожалување и тапшање по рамо .
     
    На meckicka, crazylady, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.318
    Допаѓања:
    8.394
    Форумов е за тоа нели,да се пруже поддршка,да се даде корисен совет,наше мислење за нештата,да се покаже знаење во одредена област,да се споделе наше искуство итн.
    И сметам дека феминките помагаат.Барем мене кога ми бил потребен совет,секогаш сум го добила.
    Е сега,сметам дека и дел од феминките претеруваат со нивните проблеми,т.е ако тие баналности можат да се наречат проблеми.
    Посебно напишани категоријата Дали сум бремена.Значи оправдувам дел од одговорите напишани со доза на сарказам и ироничност,од причина што се впуштаат во сексуални односи,а притоа не се едуцираат.И после кога прашуваат нешто,не знаеш дали е за смешка или плачка.

    И како што спомна некоја феминка,опуштете се.Форумот е место за да се релаксираме.
    Не го сфаќајте премногу сериозно.
     
  11. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    941
    На форумов гледам многу луѓе се нервираат, дај опуштете се бре луѓе малку. :lol:
    Тука сме да се забавуваме, да си дадеме некој совет, да споделиме мислење, а не да се осудуваме, навредуваме и споредуваме. :)
     
    На galapce и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  12. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    39.453
    Пол:
    Женски
    Па има некои(нема да именувам нормално) што воопшто не се однесуваат добро,некој бара совет,а тие се занесуваат и пишуваат глупости,но има некои-секоја чест,навистина се добри и добри совети даваат...сега ќе си помислите оваа новава најде да коментира,но да напоменам-го следам форумов веќе 3 години и колку-толку знам кој какви мислења пишува. :)
     
    На Kolumbo и anakonda88 им се допаѓа ова.
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.666
    Допаѓања:
    7.603
    Пол:
    Женски
    Па нешто измеѓу пола пола. Ми дале совет за некои теми и благодарна сум им за тоа. Но некогаш на некои теми/прашања буквално знаат да го измејат, изнавредуваат и понижат човек најмногу колку што се може. Да не објаснувам да не ставам линкови сепак ок е секој има различен карактер, различно мислење и различно гледа на некои работи, ама овде се зборува за совет. Ако можеш да помогнеш ок пиши ако не ништо. Некои коментари некогаш знааш да ме насмеат до солзи но сепак ако се работи за сериозна работа не е во ред да се шегуваме.
     
  14. Makeup

    Makeup Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    49
    Не мислам дека било кој осудува тука туку секој си го кажува своето мислење и некој помага моќеби не сите но секој има право на свое мислење :)
     
  15. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.629
    Допаѓања:
    58.980
    Дали феминките повеќе осудуваат или помагаат?
    Мислам дека никоја од нас несака намерно да осуди, туку секоја си го кажува своето мислење! Понекогаш тоа може и да се свати како осудување, но верувам дека никоја од нас нема лоша намера - секоја сака со свое мислење да помогне или поттикне на размислување!!! Убаво е што има ваков форум каде што со различни мислења, предлози, сугестии ке се соберат „материјали“ за ШТО ПОНАТАМУ!!!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.352
    Допаѓања:
    18.454
    Пол:
    Женски
    Koга како ќе не` фатат. :D Aма арни сме, најчесто се праи коктел од двете...
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.231
    Пол:
    Женски
    Односот на Феминките е:
    кон нови членови :^)|-)
    кон активни членови ]:):yawn:
    кон истакнати членови:):D:*:inlove:
    кон популарни членови(y):handshake::clap::muscle:
     
    На Аliсe, theowndemon, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    87.297
    Поддршка или напад, генерално зависи од првото мислење по барањето совет.
    Мојот став е дека сме груби.
    Сарказам и исмевање на девојчиња од 14 год не е човечки.
    Често има и игра-детектив. А тие кутрите за да не се разоткријат ќе излажат, па ќе се сплеткаат, па биваат фатени во мрежата и на крај се губат. Уфф не е тоа крај - тогаш се прогласуваат за тролови.

    Поддршката најчесто ја добиваат оние кои културно се изразуваат и ја прифаќаат својата грешка, уште при презентирање на проблемот.

    - но има и исклучоци...вчера на нова членка, со самосвесност за личниот проблемот и беше дадена титула - глупава . Помислува ли некој како се чуствува глупавата во тој момент зад некој компјутер?
     
    На Lejla8, VladeMila, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.212
    Допаѓања:
    22.461
    Мислам дека во некои теми има премногу осуди. Некогаш не ми се верува на очите кога ќе напише некој обичен проблем или ќе праша нешто и ќе му налетаат сите лелееее ваква таква ваков таков, па почнува одма тоа па тоа; лечиш овде комплекси, ти си бетер, глуп си. Е стварно да се најежиш, ако нема некој добронамерен совет поарно нека си премолчи. Секако дека и не заслужуваат сите прашања одговор.
    Од друга страна сретнувам многу членови кои ептен убаво си разговараат разменуваат искуства, знаења и слично. Тоа обично го гледам во темите за бременост, деца, исхрана, нега на тело здравје и има уште. Еднаш мислам оти кажав, можеби јас не поставувам прашања и не барам совети овде но тоа не значи дека не читам за да си пронајдам некој одговор, и секако дека наоѓам.
     
    На galapce и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    306.556
    Многу се осудува, небаре осудувачите се Девици Марии.
    Абе овде само идеални личности има..спремни во секое доба да осудат.
    Ако некој се осудил да напише за свој проблем, тогаш не биди идиот и ако немаш совет, решение, искуство...ич не пишувај...на никого од корист нема да биде - козо, ако ти е, ти си крива.
    Па кога ке видам како дискутира девојче од 18 години на тема ,,брачни проблеми,, ..,,брачни неверства,,...,,развод,, МИ СЕ ПОВРАКА.
    Па и полемизира , па и дава совет замисли, па и критикува !!!
     
    На Lejla8, VladeMila, galapce и 4 други им се допаѓа ова.