Па јас не сум знаела дека постои ваква тема , а јас сакав да отворам тема Ископлексираните феминки ! На форумов фемина сум веке 5 години , на почетокот не забележав феминки кој осудуваат , се ископлексирани ,што последнава година забележав дури и клан на форумов , една е воџа а другите се без свое Јас и и кликаат лајкови и ја подржуваат иако не ја сватиле суштината на проблемот , порано на форумов секој си го истакнуваше своето мислење и не беа како сега , ако вашето мислење не се поклопува со мислењето на Воџата ке бидете нападнати безвезно од малите чивечиња што не ни знаат за што се работи .На форумов не можеш да побараш мислење затоа што ке бидеш нападната од некоја ископлексирана што си има лош ден \ лош живот или е асексуална личност ! На форумов влегов со неколку во конфликт дури една сакав да ја тужам за навреда ( иако модераторот ги избриша навредите , јас си ги сликав и ги чувам ) Тие истите лица не се ни пола од тоа што се покажуваат овде на форумов (вероватно се работи за несрекни лица) , ке си се препознаат самите во постов , а вие остали што си имате стварно вистински проблем , не го истакнувајте вашиот проблем пред сите овде бидејки ке бидете нападнати од воџите и клановите , и тоа ке ви дојде како сол на рана ! Поздрав
@anakonda88 Лошите ситуации и моменти не треба да бидат одраз на целиот форум. Сепак мислам, штом сите доаѓаме, (како и ти), тој има и своја позитивна страна, позитивни теми и позитивни луѓе
Мене ми имаат многу помогнато ,па сега не знам можеби има некои кои осудуваат ,но се на се мислам дека повеќето помагаат .
не реков дека сите се такви туку само за клановите и воџите , али некој не свака дека некој навистина си има проблем и бара помош и совет овде а ке биде нападната и осудувана
@anakonda88 Јас мислам заврши тоа одамна бе, клановите и воџите Што знам, мислам едни си тргнаа, нови членови дојдоа, и тешко се задржаа на власт
па да ти кажам една воџа не сум ја приметила на форумов во последно време , валда некој и кажал кај и е местото или пак ја фатил климаксот пошто во тие години беше хахахахахааа
Понекогаш и да се напише нешто добрнонамерно може да го савтиме погрешка зошто сепак друго е виртуелно а друго е во очи кога ке слушнеш како и со кој тон е кажано нешто...
Сосема се согласувам , недај боже да имаш поразлично мислење од нив . Автоматски се збори за сосема нешто трето каде се занемарува темата и прашањето и почнат да солат памет , ти ваква таква
Бригет сега видов дека си ме прашала ( али не си ме цитирала ) воџата моментално е банирана од форумот , сега и останаа сами пиунчињата
I jas sum primetila deka nekoi od clenkite se plasat svoeto mislenje da go kazat ko da se plasat da ne bidat otfrleni ili osuduvani od "tolpata". Znaci forum e, slobodno iskazete se ali ako ste za lajkovi dojdeni toa druga stvar e, mene lajkovi ne mi se bitni pobitno mi e da go kazam toa sto go mislam. A u odnos na soveti ima feminki koi pomagaat i znaat da dadat korisen sovet Ne sum zabelezala nekoja feminka da osudi nekogo smrtno plus forum e ne treba sekoja kritika tolku licno da se sfati, chill
Дали помагаат или осудуваат највеќе зависи од тоа кој бара совет Ако е во прашање популарен или постар член може да се кладиме дека скоро сите одговори ќе бидат културни, издржани, без сарказам и исмејување. Пише ли нов член- веднаш е трол, распрдено детиште или не знам што. Свесно се користат навреди, проблемот тотално се занемарува додека таргет станува членот кој пишал па му се прават психолошки анализи... Има ликови кои како едвај да чекаат нов член (или член со малку мислења) да побара совет за да почнат да блујат отров и цинизам. Тотално се заборава дека зад тој анонимен ник стои вистинска личност, со вистински проблеми. Со ова кажано, огромен дел од активните членови на форумов се прекрасни личности кои не само што не осудуваат туку навистина помагаат со корисни и практични совети. Не им е проблем повторно и повторно и повторно да реплицираат за еден ист проблем со цел да помогнат членот да изнајде решение. Реално, множинството да беа такви како членките за кои пишував погоре, верувам дека форумов одамна ќе престанеше да постои
Има многу што пишуваат на некој одбивен начин да ти се згрози животот што си побарал совет.Има и такви што сакаат да се направат многу искусни и паметни па газат по туѓо "аматерско" прво пишување.Има и такви што имаат на форумов стаж па си дозволуваат да одговорат како ке им текне во секундата без ни малку да се потрудат да бидат човечни и еднакви со сите.Фино лепо не одговарај ако не сакаш на нечие мислење,а не да се иживуваш со зборови од типот" во ред си ти,нормална си?Фала богу постојат и оние правите кои ке ти кажат мислење од срце,не ради 'околинава' во форумов што им наметнува....
Зависи некогаш некоја од феминките ако е станата на лева нога само ке искритикува без совет е жалми е за душичките што некогаш поѕсравуваат некои не толку паметни прашанја ама секој со својата мака. Па мислам колку и да е глупо или смешно прашанјето треба да се даде совет ако не продолжи по својот пат па кога ке се биде расположени за разговор и совет пиши.
Отсекогаш имало феминки кои повеќе осудуваат одошто помагаат оти, отсекогаш имало луѓе кои повеќе осудуваат одошто помагаат па, веројатно е дека Фемина во сегашно време не е исклучок. Ги избегавам темите со совети и проблеми оти, нај што би ме изиритирало најверојатно, освен можни тролови кои поставуваат прашања и бараат совети џаст фор фан се.. баш такви членови. Тешко ќе ми е потоа да ги лајкнувам по другите теми или да бидам пријателски настроена. Тешко ми оди преправањето а, горе/долу потенцијалот за да се здавиме на конкретни теми заради нечија конзервативност, моја либералност или нивна широкоградост, моја тесноградост и обратно... е многу могуќа. И, нејќу. Си штедам енергија за другаде.
Јас сум сигурен дека овој форум на мн му има помогнато и сеуште помага,до кај што се можи. Тоа најмногу го знам од мојата најмила umbrella Елена таа секогаш кажуваше дека најголемата подршка ја има од мене и од фемина ама и јас како што разгедувам набрзина во темите има совети и се шири позитивна енергија и во секоја можна ситуација се помага со совети а и со дела.
Некои осудуваат, некои помагаат но генерално сметам дека повеќе се помага. Нормално, си зависи и од содржината на прашањето, некои теми општо поттикнуваат повеќе осуди и исмевања. На пример ако некоја девојка постави прашање дали е бремена, многу повеќе има шанси да наиде на осуда од некои членови во стилот неинформирана си/што не си внимавала и сл. отколку ако праша на пример од каде да купи таква и таква кошула. Како и да е, сите треба максимално да се потрудиме да се разбираме и да не се расправаме за небитни работи. Ништо нема да добијам ако навредам некоја членка поради тоа што немаме исто размислување.