Кога се работи за хумано дело , тогаш повеќе помагаат . Но онака низ темите знаат и да критикуваат . Е сега кој како ќе си земе . Јас тоа го сметам за критика , не за осуда .
Јас кога се зачленив, конкретно побарав помош нешто да ми се објасни, пошто бев тотален лаик во областа. Нели не е срамота да побараш помош. Имаше такви што одма ме нападнаа, во стил лелеее отвараш тема само за ова, иди на друг форум, па на долго и широко се правеа препаметни. Ако не можеш да помогнеш, зошто воопшто одговараш? А имаше и некои што помогнаа.
Не сакам никого да осудувам,ако можам со добронамерен совет да помогнам,ок,а да се осуди е лесно,но треба да се внимава за личноста која седи позади компјутерот.Пред се од крв и месо е,зарем постои некој кој е толку безгрешен-ако има таков прв каменот нека го фрли.Затоа треба да се внимава кога сакаме некого да навредиме или омаловажиме.Мене конкретно ми помогна друштвото од форумот,и тоа многу .
Има и од двата типа. Јас пак сум толку зафатен со типот што помага што немам време за оние што осудуваат ♥
Форумов во последно време ми е пандан на "глув телефон". Еден/една вика, друг/а се надвикува, трета/а ништо не разбрал/а.
Има многу што сакаат да се прават паметни на сметка на резилот на другите.Такви најмногу. Некои што осудуваат исто ги има,ама поретки се. Ама за помош и хуманост не сум видела форум кој повеќе се сплотува во едно кога треба да се помогне.Дефинитивно.
Не осудуваат туку си даваат мислење нели , но понекогаш треба некое брутално мислење да дојде како шамар од вистината за да не освести што навистина правиме.
Зависи која феминка и која ситуација.Се случило одма да судат на некого поради одредено мислење или постапка.Но се покажала и голема совест и солидарност кај одредени кои ги има во се поголем број.
Прва и основна задача на повеќето феминки им е да осудат, за тоа сме ние родени во Македонија сами да осудуваме...