Претежно помагаат, имам добиено многу корисни совети на форумов и фала им на сите, од . Ќе се најде поретко и по некој негативец, ама ништо страшно, само игнор.
Изгледа повеќе гледаат да те навредат, отколку да ти помогнат. Да те навредат се со цел да си го хранат егото. Има исклучоци, ама многу ретко.
Не е дека нема такви што ќе те осудат, но од друга страна на форумов сум добила толку многу корисни совети, сум била ислушана тогаш кога сум се чувствувала најосамено. Тоа е тоа што за мене се брои
Јас најкорисни и пријателски совети сум добила во темите за бременост, бебиња/деца... од срце сум им благодарна на сите кои ми излегуваат во пресрет.
Сугурно се застапени и двете страни но лично прво го забележувам доброто кај луѓето а лошото пробувам да го игнорирам и имам впечаток дека има доволно членки кои се добронамерни и сакаат да помогнат.
Поради која ситуација мислиш така? За нешто конкретно мислиш или општо читајќи ги темите? Јас за мене ќе си кажам: Секогаш давам совети колку/како што можам и гледам најправилно да ја проценам ситуацијата и да помогнам. Но има и злоупотреби. Зависи како ќе се поставиш со прашање, таков одговор и ќе добиеш, но сметам дека повеќето тука помагаат со совети. Барем тоа е моето лично искуство, но не тврдам дека и твоето треба да биде исто.
Не може сите да те тапкаат по рамо кога ќе побараш совет а си виновен, критиките се дел од нашето секојдневие.
Има и од двете групи, зависи кој како ги доживува советите и критиките. Ама нормално е секогаш да има спротиставени мислења, совети и критики, не може само да се тапшаме по рамо и да се тешиме, ако ситуацијата не е за тоа. Добро многу често се случува да се испревртуваат муабети и дда се бега од некоја тема, ама сепак е "нормално" затоа што сме на форум, плус како викаат 100 људи 100 чуди, секој различно ги протумачува некој работи. Во главно кога е некоја ситуација за помош, верувам дека нема некоја феминка што не би помогнала на било каков начин.
Не знам дали помагаат или не, ама факт е дека сите сме различни со различно размислување, не може сите едно исто да мислиме. Ништо не ми смета како што ми сметаат навредите што се упатуваат. Колку и да не се согласуваш со некој зошто мора да се навредуваме. Едноставно некој мисли различно од мене и тоа е тоа. Јас немам исто мислење со мајка ми што ме родила не па со некој х од форум или од било каде.
На форумот сум активна многу кратко време, но сум видела феминки што даваат искрени совети како на свој близок. Исто има многу и што критикуваат и сакаат да се исмејуваат, некако ми делува како да сакаат повеќе лајкови да добијат, ама добро можеби се уште мали од друга страна јас кога давам совети, гледам да сум реална и како јас би постапила без некој да навредам или осудам.
Има што се и сакрскастични особено во темите за бајачки и гатачки. Дури некогаш знаат и да провоцираат не само јавно на форумов туку и во лп. А има и такви што со сета сила се трудат да помогнат и не само мене туку и на некои други кои сум приметила. За темите за религија ич да не зборам. Се надевам дека ќе прифатат дека секој си има свое мислење и дека е ок да не се согласуваме понекогаш. Не значи дека треба душа да му извадиш на некој зашто имаш различни ставови за нешто.
Зависи за која членка станува збор. А од повеќето повеќе одмагање неголи помагање. Премногу злоба, премалку разбирање. Едит: баш вака, како мислењето подолу.
Убеден сум дека повеќето во целина се добронамерни, и помагаат, но, оние што осудуваат се повидливи. (Тука спаѓаат оние кои тенденциозно се злобни, лажно „хумористични“, се „истрестуваат“ зашто не им бил денот/животот и немаат каде на друго место, оние со двојни профили, ботови, вознемирувачи од секаков тип (напаленковци (мажи/жени), членови што знаат буквално сѐ, политичко ориентирани заговорници, истрауматизирани генерализарачи кои треба на друго место да се третираат, итн, итн) И ова треба да се регулира, од страна на одговорните, ама и од другите членови (и вертикално и хоризонтално), т.е. не треба да се охрабруваат на никаков начин. Сите мислења немаат подеднаква тежина, интересот за одредени коментари (број на допаѓања) не е исто, и не треба да биде исто со длабочина или советување, конструктивно и аргументирано мислење. Мислењата кои се засноваат на негативни чувства ( и обично намерно) се повидливи и го насочуваат разговорот, комуникацијата кон уште поголема поларизираност, и кон уште поголем недостаток на конструктивност во нагорна спирала, што пак ја искривува целата перцепција на форумот, како јавен простор на солидарност и конструктивна дебата, или простор за размена на совети/мислења.
Повеќето помагаат. За разлика од други форуми, каде само тепаат време и хејтаат. Затоа и дојдов на овој форум.
Па, зависи дали нештото за кое си дошол да бараш помош е за осудување или не. Како и да е, си добил совет, или ми ти помош. Е сеа оти не ти чини оти советот не ти е по терк, тоа друго е. Не значи дека ако ти треба помош, само позитивни и совети за мачкање очи ќе добиеш.