Зошто да се регулираат? 2024г. е, се договоривме за инклузивност. # bekind Значи напротив, да се охрабруваат. Јас мислам да им се даде посебна тема за нивното прекрасно лик и дело, продуктивно за форумот и заедницата воедно, ако не и банер, сметам ќе им значи. А можат ли мислења да идат на банер па? Зборот ми е нека ги овде,нека не ни ги носат на третирање, нема тука шо да се третира веќе. Може и форумот да се преименува таман во "Островот на изгубените души" , евентуално "Бардовачки голуб". На крај краева за другите кои ова можда го сметаат за испод части, има алтернативи, фала Богу бар денес. Битно секој да си го најде местото под небото.
Ти ја сфаќам иронијата, но, не мислам дека „фаќање“ сеир е решението за здравјето на еден форум, затоа што тоа само охрабрува слично поведение, моделите се учат, на нас останува дали ќе бидат позитивни или негативни, здрави или нездрави, не се нештата толку релативни...Be kind, апсолутно, но за да има kindness, треба да има ред, услови за неа. Инаку, одлична референца за филм: Island of lost souls (1932). Го препорачувам.
Не е проблем што го искажува мислењето со цел да помогне, проблем е ради тоа шо тој/таа имал негативно искуство со нешто, покрај даденото мислење кое не се спори, се продолжува со убедување до недолична дистанца дека мора/треба да се биде како што тој/таа мисли и најчесто се осудува до степен кој повеќе личи на психичко малтретирање и изживување одколку помош.
Ама не беше целосно иронија. Ама добро, можда до Водолејскиот Меркур е, не сум се изразила пак соодветно за разбирање. Се сложувам дека влијае на здравјето на форумот. Ама ако форумот, одговорните, членовите, и се измеѓу, не го гледаат тоа, би да го дозволуваат, охрабруваат и им одговара така, нека го така. Секоја акција, а и неакција си има соодветна реакција на крај. Неизгубените останува да се фокусираат на неизгубените. И да не се изгубат меѓу изгубените. Евентуално ко што реков, има алтернативи. Евентуално во крајност па се изгубат во оф-грид шума/и, Македонија и Балканот на пример имаат прекрасни шуми, а и времето е сега убаво. Може на крај па ако им се исполнат желбите и се доохрабрат доволно, и останат само изгубените, и се преименува соодветно конечно. И сите среќно засекогаш (соодветно Космички). C'est la vie.
Моето водолиско сонце многу добро те разбира. Очигледно, не сите се согласуваат со таквото устројство и на многу луѓе им пречи, како што гледаме од тоа погоре, и не гледам зошто би останало така како што е. Работите секогаш треба да се турнат во некоја подобра насока, зашто ако изгубените се препуштат на изгубените, неизгубените ќе се самоизгубат. L'essentiel n'est pas ce que l'on fait de l'homme, mais ce qu'il fait de lui-même à partir de ce qu'on lui a donné...