Би сакала ваше мислење: дали им е тоа на мажите пресудно кога бараат т.н. сродна душа? Ајде баш сакам да слушнам сечие мислење
Најпрво здраво од мене Зависи кое машко!!! Има машки што тоа им е многу битно дури и премногу а друго ништо не гледаат. Ина4е не е баш дотолку да се каже најбитно,добро да и изгледот е важен ама мора да бидеш убава и внатрешно.Со тој што си, треба да се почуствува доволно сакан и почитуван и без лаги. Зар не Сепак лепота е пролазна,зар коа ке поминете толку многу во животот и напуните по 70 години ајде сеа развод ти си грд а ја ке идам на пластична операција хахаха. Вистинската љубов се познава по тоа што каков и да си секогаш ке остане покрај тебе и во добро и во зло
Хммм а што ако ти кажам дека на еден мој дечко тоа му беше услов? или да ослабам или ќе раскиниме....само не свати дека јас можам и ќе му раскинам....и кога повторно тоа ми се случи, почнав да правам агресивни мерки само за да ослабам на секое машко му е најбитно да си слаба, ако тој филтер го поминиш - имаш шанси ако не, жалам
зависи до карактерот на машкото има некои машки кои за поозбилна врска го гледаат карактерот пошто факт е да лепота је пролазна така да неможе секогаш изгледот да биде пресуд ен
Да,за самиот почеток физичкиот изглед е најважен. Но, за понатаму да продолжи да функционира, многу е важна компактибилноста меѓу партнерите, согласноста на нивните карактери, способноста да прават компромис и да ги прифатат меѓусебните маани. Но, да е бељата уште поголема, дали некогаш сте се запрашале зошто постојат толку несреќни љубовни врски? Ова прашање, многу тесно е поврзано со темава. Многу често, тешко е да постои идеален партнер, односно партнер кој ќе биде атрактивен, добар, со одличен карактер и голема поддршка. Генерално кога таквите партнери ќе се сретнат, врските се одлични. Но, што да кажеме за девојките кои имаат одличен карактер, знаат да сослушаат, да ти бидат одлична поддршка итн., но не се атрактивни. Таквите девојки, многу често се втор, трет или незнам кој по ред избор, сето тоа од причина што за почеток атрактивниот физички изглед е пресуден. Значи, се на се, вртење во круг. Што е најинтересно во целава работа, ако прашате поголем број на мажи за ова прашање, поголем број ќе ви кажат дека добрата душа е најважна, ни самите не се свесни колку не ја забележуваат добрата девојка покрај атрактивна девојка. Многу сум го истражувала ова прашање, и девојки, верувајте ми, за жал за почеток потребно е да го освоите со атрактивност, а потоа да го задржите со внатрешната убавина. Иако е тоа така, сепак, не заборавајте дека најважно од се е да бидете свои.
Физичкиот изглед е најбитен и за мажите и за жените. Според мене неможе да опстои врска ако тој што е покрај тебе не ти е убав. Јасно дека треба да ти е погоден и по карактер, ама нели ние луѓето си сакаме крај себе убавина со која ќе си се фалиме. Јас мислам дека убавината кај партнерот ја разпламтува желбата за страст, која е ите како потребна во една здрава и функционална врска. Ако не тие е убав и секси нема да сакаш да го погледнеш, а не па да уживаш со него. Колку и да е добар по душа ти ќе си го гледаш само како другар, а не и љубовник. Физичкиот изглед според мене опфаќа 60%, а карактерот 40%. Значи јас никогаш не сум барала покрај себе богат човек, туку убав, па потоа се останато.
Хммм.... Физичкиот изглед - најбитно за мажите за врска???? Мислам дека секој маж кој сака да се впушти во врска, најпрво гледа во физичкиот изглед на жената, потоа во нејзината хумористика, а најпосле во убавината на нејзината душа. Но сепак мислам дека за еден маж кој е подготвен за една сериозна врска не треба да го гледа физичкиот изглед на жената. Се надевам дека се согласувате со мене.
Важно е да има привлечност, а ако не ми е секси човекот ќе ми биде другар, а не дечко. Се гледа од прва дали има хемија или нема. Во моите очи човекот да биде убав важно е. Може да не е згоден, но да има симпатичен лик само и да ми се допаѓа.
А како тоа мажот денес се буди и решава дека е подготвен за сериозна врска не може тоа туку така ,јас сум цврсто убедена дека за сериозна врска си подготвен кога ќе ја имаш правилната личност до тебе . Врската станува сериозна кога увидувате дека си одговарате , убаво ви е заедно , имате хемија , карактерно сте погодени итн итн . Ама за да увидиш дека некоја личност е правилна за тебе мора прво да ти се допадне физички и да те привлече . Не знам зошто многу жени дискутираат како мажите се шупливи и бараат само изглед , а они во меѓувреме се палат на дечки од постери Нема ништо лошо во тоа да си бараш човек кој тебе ти е убав , не значи дека треба да бидеме модели сите , убавината е релативна работа за некој нешто што е убаво за друг не е . Ама една сериозна врска не се раѓа преку ноќ , мора да отпочне од физичка привлечност и хемија ,и нема ништо лошо во тоа . Туку нормално е .
Ако физичкиот изглед е најважен за мажите, ондак јас сум маж и се гордеам со истото. Што се замарате со вакви работи, секако дека физикус те привлекува првично, а не е ни филозофија што понатаму во врската - ќе носи авион до себе, а во мозокот ни механизам на точак нема.
Па тоа е тоа....Заклучок: без оглед што носите во себе, карактер и слично, редовно одете на теретана девојки и момци па да си се допаѓате меѓусебе. И што е нај ама најбитно: фала ви на сите што ми ја потврдивте тезата дека физичкиот изглед е на прво место....хммм се осеќам како фрик, бидејќи најмногу (70%) гледам на карактер а не на физички изглед.
Сакам малце од малце да ми се допадне девојката ама ако карактерно се споиме секоја нејзина мана мене ми е симпатична.
Таа со која си моментално е срекна девојка, бидејќи овој одговор е баш супер....мој совет: не се менувај никогаш.....
Јас мислам дека ги ценат и двете работи.Па сеа не бива да си убава како кукла,а карактер 0-како што би се рекло да не знаеш уста да отвориш.Значи и внатрешно и надворешно треба да си добар.Ајде дее гледајте карактерот да ви е супер,а што се работи до изгледот секогаш можете да го промените баш вие како што сакате.
Ова дефинитивно не значи за сите мажи.Зошто и како ееве мое мислење:зависи од карактерот на типот,зависи од неговите мечти и сонови и зависи најмногу со каков човек стапувате во игра.Се имам запознаено со многумина и би ги оценила како женкари,тешки ропачишта,романтичари и стабилни.Женкари,тешки ропачишта и романтичари претпоставувам дека знаете што се,а во стабилни би ги сместила сите оние кои знаат што бараат од една жена,не се со надреални посакувања и истите или сличните ги исполнуваат и секако,знаат да сакаат и да љубат.Овде во нашава државичка би рекла дека преовладуваат женкарите и ропачиштата,а во среден процент оние стабилните. :geek:
мое мислење е да физичкиот изглед сите не привлекува најпрвин па потоа со муабет ја откриваме личноста подлабоко, е сега има и такви што не гледаат на тоа туку битно им е убав дечко или девојка да имаат мене лично можеби изглед најпрвин и секако да е мој тип па потоа да дознаам каква личност е и или ќе го биде или не хахаха
А па демек за женските не е важен физичкиот изглед. Мразам "заклучоци" од типот жените сакаат ова а мразат она или пак мажите се вакви или такви... Секоја личност си е посебна и си е сама за себе. Да се вратам на темава. Неможете да имате врска со човек кој не ве привлекува физички. Од друга страна ако неможете да се сложите со тој човек и ако не ви одговара карактерно џабе е и да биде најубав на свет но сепак за да забележите некогу и за кај вас да се појави желба да бидете со него треба да ви се допаѓа физички. Физичкиот изглед е подеднакво важен и за жените и за мажите.
Види,може ќе те утеши фактот дека не е така.Братучед ми,има девојка,која наскоро ќе му биде и жена(за месец-два).Прво да го опишам братучед ми.Он е убав,згоден,има добро тело,не е дебел(има одржано тело,атлетски граден).Кфеава коса,мил лик.Тешко да му најдеш мана,која ќе ја забележиш на прв поглед.А девојка му е:дебела,има преку 100 килограми,многу е дебела,има целулит со тони,стомак,стрии,да речеш гради,ама нема ни тоа.Мислам нема ништо повеќе од девојка со нормална тежина.Коса стрижена како маж,кафеава коса.На лицето има малку машки лик,ама не е грда.Од село е,а тој е од град.Арно ама,девојкава е многу вредна,и не е воопшто лоша.Многу е добра,е сега дека не е културна,тоа воопшто.И што да се очекува од селска девојка(извинете ме тие што сте од село,ама како рурарна средина,нормално е да не бидеш цивилизиран).Ама ајде некако,се учи.Сакав да кажам,постојано гледам многу слаби и згодни момци,со девојки со застрашувачка тежина.Ни најмалку не е пресудна дебелината.Убавината е релативна.За некој,дебелите девојки,се поим за атрактивни,а за некој слабите.Тој што така ти рекол,што сакал да ти биде дечко,верувај не те ни заслужува.Тој е еден обичен кретен,кој она што неможе да го има тој,се обидува да го најде во својата девојка(зборам за физички изглед).Вака снаа ми ја опишав како чудак,ама не сум толку строга со другите кои имаат недостатоци и кои се грди и дебели,верувајте.Иако јас неможам да си дозволам и да го прифатам фактот дека имам пресни стрии.