Голема е веројатноста дека машко со атлетско тело ќе се сака полна девојка (плус 10 - 15 кг). Постојат мажи кои сакаат полни девојки и според нивната логика жена под 60 кг не е жена или еден другар знаеше да се нашали “Не сакам да ја шлапнам по газ и јајниците да ги бара по кафана“. А дечкото патем има феноменална природна градба и со теретана само го истакна тоа што веќе го имаше. Дури и во порно индустријата има категории со изобилство на видеа од полни девојки со распоредено “салце“. На крајот телото се поправа, во зависност од природната градба и генетска предиспозиција секој може да го доведе во ред, а 6 месеци дисциплина може чуда да направат меѓутоа суратот освен операција друго решение не гледам.
Да, да ти кажам право, стално се вртиме по женски и викаме брат и ги виде ноктите на онаа. Аауаауау еј. Топ! За врска не ти треба лепота, ако се лажеме. Да бидеме реални: ако не се свиѓаат, ако не се палат еден на друг, зашто и како ќе имаат секс?
Јас мислам дека за денешните мажи и момци е многу битен надворешниот изгле, а карактерот па и не е битен.
Па битен е.За да привлечеш некого прво треба физички да го привлечеш,а потоа за да го задржиш,треба да знаеш како да се однесуваш.Се е до вкусот.На пример некои момци сакаат русокоси,некои сакаат црнокоси,некои сакаат бринети,а некои црвенокоси девојки и обратно.Некои сакаат девојки со сини очи,некои со зелени,некои со кафеави,некои со сиви,некои со црни,а некои со шарени очи(сино-зелени,сино-сиви,сиво-зелени или зелено сиви,кафеаво-зелени или зелено-кафеави),додека некои сакаат слаби,некои сакаат девојки од типот на Џеј Ло,Бијонсе,Софија Вергара,Шакира,а некои сакаат полни девојки.Се е до вкусот.
Битен е.Прво тргнете од самите себе, вас би ве привлекол некој со деформиран сурат?Што е вистина вистина е.
Па реално мажите и не се толку пребирливи како што сме ние жените, имаат пониски критериуми. Значи ние сме тие што повеќе ни е битен физичкиот изглед кај мажот.
За one night stand да, за врска е многу битен, крај краева сите врски прекинуваат заради карактерни не(у)согласувања, зарем не
Се согласувам со тебе... Како може за врска да не ти треба и убавина?.Значи не зборуваме за лепотан невиден или лепотица ама сепак да е личноста симпатична во целост да личи на нешто,инаку како ќе ме привлекува физички ако нема и надворешна убавина... Некој можи да биди добар/а срцка све од убо по убо ама ја нема таја привлечност,првоботно која произлегува од физичкиот изглед да сме реални сега, и како може да има нешто понатаму дали било секс или врска? Значи битен е... А и глупави ми се резмислувањата од типот ДА ТРЕБА ФИЗИЧКИ ИЗГЛЕД ЗА СЕКС ЗА ЕДНА ВЕЧЕР, а демек за врска КАРАКТЕРОТ Е НАЈБИТЕН омг дАли сте сериозни? Дали е за секс или понатаму за нешто повеќе ако сакаме да градиме сепак треба прво физички убаво тој/таа да ни изгледат. Све произлегува од таму.
Јас сепак мислам дека понашањето е она што ја прави една жена/девојка привлечна, а не изгледот. Џабе ја гледаш некоја надотерана, нашминката, намирисана а кога ќе отвори уста.... Ако сте убави од внатре и од надвор ќе бидете
Генерално мажите прво го забележуваат визуелното а жените обично паѓаат на шарм..но вториот впечаток одлучува дали ќе бидне врска или не. Има убави жени кои не се женствени а женственоста мислам дека најмногу пали кај мажите, мислам на женственост истакната преку гестикулации, гестови, начин на однесување итн.
физичкиот изглед е за привлекување помеѓу момчето и девојката..ама сепак мислам дека душата е таа што ја исполнува љубовта..физичкиот изглед го снемува..а карактерот, навиките, срцето, душата..остануваат исти до крај..
дал се мажи дал се жени, или пак се дечки и девојки све е исто и за едниот и за другиот пол! тапа тема! треба листа да направам со класификација по тежина можда. 1.интелегенција 2.глас 3.мирис 4.изглед (достоен за партнерот) 5.интереси 6.хоби 7.работа 8.домаќинлук 9.околина/родители 10.хммм ќе ми текне!
коа ќе пораснете ќе сватите тоа од родителите зависи не од мене... можеби и милионите ќе играат улога некогаш, а можеби и долговите... така да не ја исклучувајте секоја опција.
Зависи од човек до човек. Иако јас лично не верувам во терминот сродна душа, нормално е да бараш истомисленици како тебе. Дали мажите бараат сродна душа? Да. Но не на начинот на кој жените или медиумите го преставуваат. Дека бог или којзнае која судбина ве споила заедно. Секој бара разбирање. Од тоа разбирање се развива блискост. Од таа блискост се развива љубов.
Колку и да се прават мажите дека надворешниот изглед не им е толку битен не им верувам. Надворешниот изглед па другото се понатака , инаку што ќе им кажат другарите ? Ејј брат кај ја најде оваа ептен е за никаде
Сродна душа мислам дека не бараат мажите, само некоја со која можат да исполнат добар *екс и при тоа има добра финансиска ситуација. Толку. Не мислат за концептот на сродна душа, само се држат до овие два концепти и нашето сваќање за сродна душа - за да можат да се понашаат по тој концепт доволно добро. После стапување во брак - се гледа неговото вистинско лице, кое може да е многу поинакво отколку пред стапување во брак. Така се растураат за кратко време браковите кои биле последица на долгогодишни врски, тука нема некоја голема филозофија. А разбирање? Хммм, не знам дали воопшто се свесни и за тој ``медиумски концепт``, се додека не му сметаш во гледање тв си супер.....Верувај - на своја кожа го имам ова искусено и животот, мојот личен живот, е скрос уништен. Затоа, девојки, нема љубов, убаво размислете поради која причина вашиот партнер е со вас, бидејќи има сигурно некоја реална причина....ако ви се допаѓа и покрај таа причина, останете со него. Ако не, вие си знаете.....
На оваа тема како е поставена жена неможе да дискутира Јас за себе би кажала дека од мој аспект а и онака општо кажано, физичкиот изглед е пресуден. Немора да е некој атрактивен на изглед, и самиот поим ФИЗИЧКИ ИЗГЛЕД не значи ,,убавина,, туку каква надворешност има некој. Незнаеме дали некој е пријатен или не, а му се приближуваме судејки по изгледот... Значи не привлекува надворешноста а после се дава чекор понатаму
Секс е битна работа. Кај некои повеќе кај некои помалце. Проблемот со брак е дека луѓето скокаат во него СО НАДЕЖ дека ќе им ја зацрврсти или подобри врската. Тие што се во лоша врска со партнер што или не им одговара или не ги разбира си имаат филм за лажна надеж дека бракот нешто ќе им смени. Има и такви кадешто бракот стварно им сменил нешто, али таа врска била изградена на подобар темел. Разбирање е темелот на секоја врска. Ако го нема тоа, има само секс/мување/заебавање или нема ништо. Ако твојот живот е уништен, во ред. Мое сочуство. Но твојот совет дека нема љубов е тотално субјективен. Солење памет на други дека јас се заебав и затоа МОРА ДА Е ТАКА е не држи вода за други. Немора да значи дека други женски нема да најдат љубов во врска, во брак или да најдат совршен партнер. Од маж до маж, секој си бара одредени работи. А филмот дека сите сакаат да те искористат и да те фрлат во канта откако завршиле со тебе... тие совети им ги оставам на бабите што гледаат турски серии 24 часа дневно.