Секој има различни барања. За некој да приметиш треба да е физички специфичен, но со тек на времето физичкиот изглед може да стане и споредна карика. МОже да е физички фантазија, ама карактерно нула. Еми јас нема да муабетам со мускулите ако тој незнае муабет да напраи асален. Баланс некој е најубаво да се постигне. Не сметам дека сите мажи се темелат само на физичкиот изглед, може само да ги делат категорично девојките и предност да има некоја позгодна. Истото го правиме и ние жените.
И јас исто, мислам дека женските повеќе гледаат надворешен изглед од колку машките. Штета! Се ужаснувам од оние фраеришта кои мислат дека секоја можат да ја имаат.. Ароганција на ниво. А кога ќе ти зборне, некој ептен безврска муабер да посакаш да фатиш и да го исфрлиш од тука! А колку момченца има, мили, пријатни.. Душички. Ама единствена пречка на цурата и било, што не бил убав. Муабет од едно другарче што многу ми се свиде: „Мила, не те носам со мене само како слика, битно ми е каква си кога ќе отвориш уста."
мислам дека е важен женскиот изглед за машкиот пол но не е тоа се... Но девојката е по привлечна ако е културна, се однесува како што треба и има убав речник со еден збор дама или девојка на место...ако тоа го нема тогаш убавината паѓе во вода...
Jas sum na ista linija so lugjeto koi go vrednuvaat fizichkiot izgled. Ne sum humanitarna organizacija za nekoj zapushten, zdebelen da se chuvstvuva podobro... Izgledot govori mnogu i za karakterot i za lichnosta, kolku i da se negira toa. Mazh shto nema normalna muskulna masa, oblikuvani stomachni, simetrichno lice, ne e mazh za mene.
Рака на срце, мене ми е битен изгледот кај машкото. Не се срамам да си признаам дека кај некои одредени личности прво ме привлекол изгледот. Сепак, изгледот не го рангирам на прво место, побитно би ми било кога машкото со својата харизма и интелигенција ќе знае да направи нормален муабет а не она фамозното „како толку убава девојка да нема дечко?“. Сигурно дека во гужва, низ толку лица (убави и просечни) ти нема да го избереш оној што уопште не ти се допаѓа туку ќе гледаш некој што ќе ти украде неколку погледи. Е сега кога веќе ќе ти пријде, ако пријде, е друг мубает. Се знае што му е потребно на машкото за да шармира девојка (убав изглед, добар карактер, интелигентен, убава насмевка, бла бла...). А на нас женскиве ни е многу потешко. Криво ми е вака што машките се испозалетуваат по некои вештачки дрољи а не ги гледаат оние убавите девојчиња. Ретко да знам некое машко што би и пријдел на некоја девојка што е онака природна, искулирана, обична да не речам... Што значи на машките им е многу побитен изгледот кај женското. Повеќето машки (особено околу 20-тите) сакаат девојката да им биде како орден, најискрено, многу ми го имаат тоа потврдено. Сакаат некоја лепотица, без разлика дали има два грама мозок, ним им е битно да биде убава со јако тело, нели мора да се покаже пред народ. Како и да е на крај трчат по спротивното, од кога ќе ги заебат јако и ќе сфатат уствари ќе сфатат што им навистина треба, а и кога им се намалува егото обично тоа се случува. Исправете ме ако грешам, јас како тинејџерка такво сфаќање имам. Донекаде и не е вистина, ама повеќето се такви до таа некоја одредена возраст кога уште бубачките им се во глава.
Да не се лажеме на секоја возраст физикусот е важен но, не и пресуден. Секој/ секоја има некоја своја убавина и стилот има импакт, се зависи како се носи едно парче облека. Меѓутоа оној момент кога ќе се прозбори е, тука е решавачкиот момент.
Секако дека треба да изгледа привлечно и убаво,но јас не сум некој фан на оние девојки кој се премногу стегнати,разголени и итн.Ако девојката нема нешто во карактерот да ме привлече специфично и да ми го задржи вниманието,џабе е убавината.
hmm na prv pogled se gleda ubavinata ne karakterot kako ke stapis so nekoja devojka vo kontakt odnosno da go zapoznaes nejziniot karakter koga ne ti se dopaga?
Не си ми го сватила постот изгледа. Значи реков дека треба да изгледа привлечно и убаво,но јас не сум фан и не ми се допаѓаат оние девојки,кој се премногу разголени,стегнати,напуфкани,едноставно сакам природна убавина и нешто нормално.Ке стапам со некоја девојка во контакт,ако има нешто специфично на нејзе,али ако нема,може да биде и бомба за некој кога мене карактерот нема да ме задржи.
На прв поглед секогаш се загледува надворешната привлечност... примамува и тоа е фактот. Прашањето всушност е колку тој надворешен изглед ќе се вклопи со внатрешноста во еден човек после првиот, вториот.. поглед.
Без привлечност ништо не правиме. Инаку жените кои се во брак ги советуваат помладите кои се без дечко дека изгледот не е толку важен, важно е да е добар. Ма колку сака нека е добар, нека си ја чува добрината ако не ми се допаѓа.
Јас сум тип на човек кој повеќе цени карактер од убавина нормално сеа не може да се затрескам во некој за никаде,катастрофа.... и јас паѓам на шармот на ептен згодни момци ама сепак карактерот има поголема улогга. Џабе ке биде ако не кој е згоден презгоден ама нема никакво однесување и со него не тие добро не се согласувате и ви е хаос у врска и уште што не ....... и што ако имаш покрај себе згоден дечко а не ти е океј ке ти служи како споменик. Имам запознато некој момци што ставрно се многу згодни ама никогаш не би била со нив култура и однесување на нула па уште ко ке видиш како размислуваат не знам што да кажам.
ам Се согласувам со тебе, но пак оставаме простор во случај ако можеме да го научиме да збори поубаво
Колку ли само глупи мислења прочитав, па и од овде може да се види колку ум имаат повеќето од девојките мислам без навреда далеку од тоа пак дека машките се попаметни, незнам каков требало да биде мажот незнам каква требало да биде девојката, па пред да зборувате дали самите се погледнувате какви сте??? Се согласувам дека изгледот е клуч односно почеток за многу работи, затоа и јас лично работамна мојот изглед, исто така работам со девојки кои изгледат убаво, високи, згодни (мислам на хостеси, да не дојде до забуна)...но просто сум разочаран од тоа колку токму тие девојки немаат мозок за размислување. Јас лично како машко, да сакам убави и згодни девојки кои изгледат прекрасно, но исто така сакам и девојка која кога ќе ја одведам со мене на вечера со некои луѓе дали ќе се тоа мои пријатели или луѓе со поголем авторитет да не ме засрамува пред нив, и да не треска глупости. Сепак за мене карактерот е најбитен, додека на физичкиот изглед се работи
Не можам да ги сватам луѓето кои мислат дека ако се во брак или долга врска треба да престанат да се замараат за изгледот и да се препуштат на домаќинлкот и староќата, има безброј вакви примери што навистина се чудам како тоа размислуваат дека ако пронашле сродна душа не треба да се замараат со ништо и да се препуштат на не хигиена, храна и распраталеност, ми се гади од луѓе кои не се одржуваат, па колку сакате наречете ме некултурна, за мене изгледот и одржувањето се доста клучни поими за секој човек, прво сам за себе а потоа за другите.
Не е најбитен, но да бидеме реални има големо влијание. Не значи дека секој ја бара онаа универзална убавина али некако мора да те привлече физички за да го запознаеш и карактерот. Мене ми се најтрагични оние машки што идат со јака девојка, а насамо не можат да поседат пола саат со истата и да ги слушаат оние празни и површни муабети. Али за во јавност е топ. Далеку од тоа дека сите убави девојчиња се глупи и површни, но ете познавам неколку баш вакви парови.
Јас мислам дека физичкиот изглед сепак е првичното што не привлекува, и тоа не е само кај мажите така, туку еве, конкретно за мене ќе истакнам. Дечко ми ме привлече физички првин, и тоа и ми беше разлогот поради кој ( не дека се фалам али да хах ) му се доближив. А нормално, за да опстои потоа таа врска беше многу повеќе потребно од тоа физичкото Но сепак, очите се оние што го формираат првиот впечаток, и тоа е неизбежно кај сите нас.. И искрено, не мислам дека мажите повеќе го гледаат само физичкиот изглед, бидејќи со развивање на целата технологија, со индустријата ( притоа мислам и на филмската индустрија и сл. ) тие секојдневно се опкружени со убавина околу себе. Сите ние сме постојано опкружени со убави девојки и момци, и токму тој факт, што веќе не е онаа време во кое само одредена „класа“ на луѓе ќе внимава на својот изглед не доведува до тоа дека не може некоја цурица да задржи одреден момак а притоа да нема мозок, бидејќи утре ќе си најде и паметна и убава. Веќе сите се убави, паметните се издвојуваат од толпата и да, од сето ова сепак постојат и исклучоци, но нема да навлегувам во тоа бидејќи ќе пишувам уште половина ден
Факт е дека изгледот привлекува но карактерот задржува. Битни се и едното и другото. Секако дека машко ќе падне на надворешноста на девојката но карактерот е пресуден дали со неа ќе остане и ќе изгради нешто посериозно или нема. Барем моето искуство досега така говори. Но исто, девојката не треба да се запушти себеси ако е во сериозна и долга врска или во брак. Тоа и јас самата би го осудила. Јас не би можела да се запуштам првенствено заради себе а не заради маж. Самата не би се поднесла во тој случај. И обратно, не сакам ни тој да се запушти.