Надворешниот изглед е минлива работа,човекот не се цени дали е паметен или глупав по надворешниот изглед.Почните заедно да излегувате и по самото однесување може да се оцени каков е..Немам дечко,ама уште едно е важно за мене-ако ме сака,значи ме сака каква и да сум...не е важен надворешниот изглед,пак е на прво место карактерот,да покаже почит и кон твоите...Ако во некоја ситуација се однесува дрско,тогаш не е тој за мене.
Хм,ова би рекла во тинејџерските денови,а сега не би сакала да бидам погрешно сфатена си кажувам мое мислење,некако гледам да е обратно, поубави мажи покрај понеубави,дали мажите станале спонзоруши,или''понесигурни'',епа да си одговорам на темата,а дали е важен ф.изглед за врска,да, но не е пресуден,ќе кажам отскочна даска за понатомашен увид дали сме на иста фреквенција.
Точно А кога од вас некоја последен пат рекла ејј види му го карактерот или душата на оној во сивиот дуксер? Никоја така? Е така е. Прво се почнува со тоа еј види го каков е овој во сивиов дуксер, па после се почнува со разговори и му го гледате паметот и душата. Физичкиот изглед освојува, а карактерот задржува, иако кај денешниве само физичкиот излгед и парите им се битни.
За да му го видам карактерот,и душата,да тоа е најбитно,мора да има нешто да ме привлече,некоја харизма,а инаку како ќе знам дека тој во сивиот дуксер има добар карактер/душа,значи треба да ми фати око,е сега ако тој дотичен е убав,а се друго не, џабе ми е,ќе ми биде одбивен,така да баш како што кажав ф.изглед е само отскочна даска за понатаму,така да карактерот е тој дефинитивно тој што задржува.А инаку мое гледиште е да мажите некако се повеќе стануваат спонзоруши,генерално зборам,пошо покрај понеубави жени има поубави мажи.
Веке подолго време ме привлекува една девојка али незнам дали да и се пуштам така прво индиректно а ако тргне работа па и директно. Се разминуваме често на улица, вечер на излегување, во маркет, ама освен здраво ништо друго си немаме кажано. Не би ве прашувал вас за мислење ако беше се во ред, проблемот е што јас не сум висок многу (метар и седумдесет) а таа е висока за женско, можеби и 10 сантима повисока од мене. Незнам како реагираат девојките на тоа, дали може само заради висината да ме игнорира, по што неверувам дека директно ке ми каже, не изгледа таква опуштена.
На момците им е најважно убавото А на мажите квалитетното Епа сега зависи на која до каков и е Или на кој до што ми е...
Да ќе се сложам со членката погоре, не знам дали годините играат улога тука но јас спаѓам сеуште во таа прва категорија на момците кои што прво нешто што забележуваат кај една девојка е убавината. Но тоа не е пресудната работа никогаш затоа што може човек да се заљуби во карактер толку силно како што не може само во надворешна убавина, која не е вечна.
Mene mi e mnogu vazen delot kade sho taa treba da e malce punichka...mislam da ja ima nasekade po teloto da ne e slabutarka nekoja...za koa ke zdrma da ima za sho da se fatam-drzham.
Дефинитвно им е најбитно, т.е. нив да им е топ ( нели секој со својот вкус) а дали била глупа, плитка, паметна не знам каква абе битно да го пали у секој момент. Е тоа им е најбитно!
Идеална комбинација им е убава и глупа Ем трофеј, ем да не паметува многу, бидејќи тие секогаш треба над неа, да се попаметни
Не би се согласила дека физичкиот изглед е клучен. Може тој да помогне машкото да и фрли око на таа девојка и да почне нешто со неа но доколку подоцна согледа дека таа не вреди како личност многу веројатно е дека нема да остане со неа. Сигурно ако тој е добар, културен и искрен нема да трпи крај себе некоја лоша девојка која не го почитува, сака се да биде по нејзино и го изневерува. Но за жал познавам и смотани машки кои само за да имаат убавица крај себе трпат се и сешто. Нив им е битно кога ќе излезат со неа, сите да им завидуваат и да велат леле каква му е девојката... А тоа што ги зезаат на големо нема врска очигледно