Форумџика на годината

Дали физичкиот изглед е најважен за врска?

Дискусија во 'Сингл' започната од macencef, 30 април 2013.

  1. Mizi123

    Mizi123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2017
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Физичкиот изглед најмалце треба да е битен.. Секој сака девојка чесна и паметна шо би се рекло очите во глата да и играат а не да и шараат лево десно..
     
  2. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Физичкиот изглед е важен НО НЕ E круцијален барем за мене лично. Можеш да ја имаш и најубавата/најзгодната женска ама по ѓаволите кога не сте на иста фрекфенција (читај: КАРАКТЕР)
     
    На Momichka, lunchy и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    7.554
    Како викаат..
    Физичкиот изглед е тој што привлекува, но затоа карактерот е тој што задржува па видете сега :)
    *само што исто така за вкусови не се дискутира...таа што му е на некој најубава, на друг му е грда итн.. сепак во целина е едно те исто- тоа што прво го напишав
     
    На crazylady, realGirl, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Во последно време имам забележано многу парови, во кои само девојката се истакнува со физички изглед. Обично, сакам филозофски да гледам на работите, па се прашувам зошто е тоа баш така.
    Дали девојките во Македонија не се ценат доволно себе си, па завршуваат со тој што прв ќе им пријде?
    Или пак толку многу им е битна финансиската состојба на партнерот, па замижуваат и пред физички изглед и секакви недостатоци. Толкава ли е желбата за стабилна врска/брак, па се снижуваат сите можни критериуми?
    Вистина е дека убавината е релативен поим, сите сакаме различни нешта. Ама девојка која се грижи за физички изглед, во врска со понизок од неа, па и со огромен пивски стомак, некако не ми оди! :(
     
    На anonymous16, realGirl и Petar80 им се допаѓа ова.
  5. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Добриот изглед и добриот секс не се круцијални за среќа, но одржуваат врска.
     
    На Momichka, Tinushka и Petar80 им се допаѓа ова.
  6. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    А што е круцијално... парите? :D
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Парите не се круцијални, но се многу важни. Многу фактори зависат за една квалитетна врска. Треба долг пост да напишам, али ме мрзи моментално хехехе.

    Генерално девојка која била со многу богат дечко многу тешко би се спуштила да оди со некој просечно богат. Едноставно е така. Дали е во ред не знам, но така е.
     
  8. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Па не е фер сеа. Немора на долго и широко, во кратки црти. :D
    Да, да разбирам. Скупи ствари, вечери, одмори итн итн, тешко се одвикнува човек од тоа. :D
     
    На La.loca и Jacques им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    @Aquamarine93 Можеби тие што викаш со пивскиот стомак ги направиле многу посреќни , него оние без пивскиот стомак , на пример.
    Кога бираш партнер/ка за сериозна врска , физичкиот изглед и не е толку битен , барем кај повеќето. А друго тоа што не е атрактивно за тебе и не ти фаќа око , можеби за некој друг е .... итн итн...
     
    На Someday, joy1, Papillon.Papi и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Пивски стомак, многу е атрактивно. Премногу :D Значи, не зборам јас дека тие не треба да имаат девојка. Огромна е разликата кога видиш таков пар. Таа градена како срна, тој како фришидер. Мене ми е бизарно, за некого нормално.
     
    На sjdgo и Petar80 им се допаѓа ова.
  11. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Физичкиот изглед за мене не е најбитен, привлечноста, хемијата, енергијата да нормално мора да ме привлече со нешто на први поглед, прва средба, на пример кај мене ми е битен погледот, очите тоа го приметувам многу, секако и други работи, ние машките сме повеќе по визуелизација но ако нема карактер, однесување џабе е сета убавина сексапил, ако збориме за нешто посериозно за сериозна врска, убавината и парите се минлива работа а изградениот карактер/личност, искреноста, лојалноста тоа се вредностите што ги почитувам и ценам, со еден збор да е добра личност девојката
     
    На Dust и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Да, да, карактерот ти покачува либидо исто така. :D И сам се демантираш, привлечност и хемија неможе да има ако партнерката не ти е барем просек, туку под просек.
     
    Последна измена: 7 јуни 2017
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Воопшто не се демантирам, само го кажувам своето милење и стојам зад моето мислење, искрено онака како јас гледам на работите. Кој е утврдениот просек? како се мери тој просек, има некоја формула?никој нема право да кажува за некого дали е просек или под просек, или над просек.Тоа сие индивидуално, различно кај секој човек и за секој човек според сопствен вкус и видување на работите. Секоја жена, девојка/дама си има сопствена убавина, и сопствена тактика на освојување, како и начин на покачување на либидото на партнерот, и пред се збориме за сериозна цврста врска, а таква врска не се гради исклучиво на основа на либидо, страст итн.
     
    На Dust и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Физички изглед не е пресуден колку што се пресудни итрината на жената, способноста да заведува и самодовербата.
    Со овие особини секој маж што ќе го посака, ќе го добие.
     
    На Momichka, Dust, Tinushka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    На темава мислам втор пат ми е да коментирам ама сега нешто дополнително:

    1. Добриот изглед, лик, тело и сл пали побрзо за One-night stand

    2. Материјалното поседување, ( богатството ) пали за средни дистанци а понекад и долги во зависност од ситуацијата.

    3. За долги стази финкционира вредноста. Тука е до некаде физичка привлечност ( која е релативна ), до некаде материјална стабилност затоа што во иднина деца не се чуваат на воздух и вода (јебига во капитализам живееме ) и повеќе пали карактер ( прогресивен или стациониран, манири, како те прави да се чувствуваш и сл )


    Немојте да ги мешате времетраењето на врската со 3те поделби за тоа што се бара кај момчето, затоа што ниту една од овие 3 поедечно нема да ви го даде целото решение и задоволство.

    Пример: Мислите дека само убав, згоден момак ви е се што ви треба !? - Замислете дека тој е коцкар, и често е агресивен и во понатамошниот тек на врската ќе ве малтретира.

    Пример 2: Замислете момак со пивски стомак, или изглед на фрижидер како погоре што прокоментиравте а сепак многу добро се однесува и се грижи за вас целосно.

    Пример 3: Пример со богат момак додадете го или одземето го во првите два примера :)


    Бирајте што сакате, но не заборавајте дека златната средина ќе ве вози најдобро ;)


    P.s. Сега забележав дека овјаснувањето ми е само во однос на девојката кога бира момак, а темата е обратно но мислам дека и предходните коментари погоре беа во таа насока затоа што повеќето што коментираа беа девојки.


    ПозЗ3³ ®
     
    На kim.k, anonymous16, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Вака сега, секој си има различни преференции за тоа што му треба во врска, на некој врска и не му треба воопшто. Ми е смешно да зборувам за one-night stand тука во мк, заради тоа што е конзервативно општество и ретко која девојка се согласува на тоа. Момците од друга страна, одвај чекаат да се пофалат и заради тие компликации, немој да спомнуваш такви работи, за мк се далечни. И да, има исклучоци ама во глобала се ретки. :D
    Пример 1: Да, битен ми е физичкиот изглед и тоа е она што ми треба. Не сите згодни момци се коцкари или слично, баш напротив, пазат на себе и спортуваат. 8)
    Поентата беше како можат девојки кои се 10, да идат со момци кои се “златна средина“ како што пиша ти. :D Ако има луѓе кои се задоволуваат со средина и вадење просеци, не гледам зошто тоа би било општоприфатена норма? Впрочем, се е така во животот. Имаш луѓе кои се задоволуваат со малку, други се амбициозни и гледаат само напред.
    И да, утната е темата за оваа дискусија, ама не сакав нова да отворам. :D
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Не важи за секој маж ова. :!:
     
    На Rama, Aleksandar1212 и realGirl им се допаѓа ова.
  18. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Кога си веќе во врска не е важен изгледот туку карактерот и почитта. Но додека да стапиш во врска изгледот при одбирањето на партнерот е пресуден барем за мене.
     
    На Momichka и Rama им се допаѓа ова.
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Народ.....гхгмхг.... модераторот ќе одлучи дали е утната темата за дискусија:D.

    Би сакал да те корегирам за one night stand , не ретко која девојка се согласува , многу девојки се согласуваат , но за разлика од мажите фалбаџии , поради таквото општество се држат на она "ќути си и дупи си" и не се фалат на сите, впрочем така е со сите работи во секс и врски категорија , мажот се фали а жената си работи без сите да знаат итн итн...

    Да се согласувам дека не сите згодни жени и мажи се со лош карактер и слично , али пак морам да ти напоменам дека тоа што е 6ка за тебе , може е 8ца за нејзе. Не можеш да кажеш дека тој маж или жена се задоволува со малку , кога може се задоволува со многу.
    Патем можеби имаш приметено , за пример , некои членови на форумов имаат слики постирано , колку се убави викаш одма да ги земеш за маж или жена , а после ќе прочиташ на други теми колку глу....гхгмг.... нелогично размислуваат.
    Сепак јас све што можам да ти дадам се шпекулации и можеби е вака , можеби е така, за конкретен одговор почекај некоја од згодните 10ки на форумов со просечни партнери да ти даде одговор:D:rofl:
     
    На Читател му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.786
    Допаѓања:
    169.677
    Пол:
    Женски
    Изгледот е важен за да ти се допадни некој, но не и да се заљубиш.
     
    На Momichka, lunchy, Читател и 1 друга личност им се допаѓа ова.