Дали физичкиот изглед е најважен за врска?

Дискусија во 'Сингл' започната од macencef, 30 април 2013.

  1. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Се знае, чиста и уредна, редовно да иде на фитнес, да не јаде нездрава храна, да не пие, може да пуши.
    Се знае, да не пие, да не пуши, редовно да спортува, да работи и да не менува често работно место, да е шеговит, да живее сам, да спортува и да има 20 што го ужасно посакуваат без ниедна од нив да изусти нешто за него.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    На претходната страна сте збореле како може со некој помалце привлечен од вас. Епа... лесно.

    Претходниот тип ќе го речеш икона. Висок, згоден, брадест, убав стил... абе сите лудило, леле, пар снова сте (ова скриена фалба демек ја лепотица, гет ит? :D ), ама кога ми пројде сиот занес околу физичкиот изглед, почна да нервира карактерот. Да го буцнеш да се насмее, па кога почна простотилук со фалење колку легнал и колку му се пуштале. И сфаќам јас тешка финансиска состојба, никогаш не ми сметало кој колку има, ама немало за него работа, а му нудиш ли да ти помага - го мрзи да учи основни работи, и пак немало за ова, за она, а за три кутии цигари дневно и пијанчење до сабајле, мора да се најде. Абе...

    Сегашниов е ко компјутер во мозокот, културен, си работи, си има интереси во животот, користи која може прилика да ме види, макар и на саат од работа да излезе или пола град да го кружи за заедно да си одиме т.е. да ме испрати, па дури му се лутам што се мачи така. Е сега, има невино-слатка фацка, минимално е повисок од мене и има малце меше. Биг дил.
    Ќе го одберам ени деј. Плус, секогаш постои теретана за тело, за разлика од таа за мозок.

    Сега реално, мора барем нееешто симпатично да гледаш физички во некого, али не сме во никого на кожа, па да знаеме што им е привлечно. И ние сме најгрди на свет некому и си викаат дека ни плунка не би истрошиле на нас.
     
    На kikkki, Dream-Girl, Dust и 24 други им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека не важи цитирај ме со аргумент
    @Aleksandar1212 остај слика твоја ;)
     
    Последна измена: 7 јуни 2017
    На H.VAGA, Dust и Red&Black им се допаѓа ова.
  4. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Девојката која ја отворила темата прашува дали на мажите им е најбитен физичкиот изглед кога бараат девојка. Јас коментирав зошто девојки одат со помалку атрактивни партнери. Има разлика, нели? :D
    Ете може во твојата блиска околина има ван најт стендови, во мојата немало. Бикоз, паблик шејминг. Што мислам дека е ептен олд скул 13 век стајл, оти на многу луѓе им раѓа фрустрации поради хроничен не*битис.
    Не почнувам форумска војна, па отворање комплекси и слични работи. Случајот кој најмногу ми остави впечаток, еве визуелно ќе се обидам да го доловам. Девојка со изглед како Хајди Клум, оди со лик што потсеќа на Амди Бајрам. Ликот е само добро ситуиран, нема некој интелект и е премногу љубоморен. До тој степен што не ја оставаше девојка му, навечер да излегува со другарки.
    Така да, глупаво е сега сите атрактивни луѓе, без разлика мажи или жени, да бидат етикетирани како мрзливи, нарцисоидни, расипници. А другите се секогаш океј, оти медиокритетот поминува во мк.
    @elimkd Оние мажи од моето поблиско опкружување, не паѓаат на такви фори. Не знам точно каков аргумент бараш од мене. Да дадам лични податоци, име и презиме. Да направам анкета со статистички податоци? :D
    @calliope Тоа што ти си имала згоден дечко, кој потоа испаданал морон, не значи дека сите згодни дечки кои идат во теретани се баш такви. Премногу се генерализира и тоа мене лично ми смета.
    Поради вакви предрасуди, многу атрактивни луѓе се сингл во Македонијата. Оти ете, замислени биле многу. Па е згоден, по дифолт е неинтелигентен и мрзлив. Некако во ова државиче многу доминираат предрасудите. Па некои луѓе, само за да се вклопат потпаѓаат под медиокритетот.

    Шет, се надевам дека не започнав трета светска. :D
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Поентата на Калиопе не е дека убавите/згодните се мрзливи и неинтелигентни, туку вели, откако ќе го имаш она што го сакаш, за кое сонуваш... по сите твои стандарди за физички изглед, и ќе видиш дека, не е се' во тие стандарди за физички изглед... нема да се замараш повеќе со физичкиот изглед. Предност ќе дадеш на други работи. Па, сега, ако Калиопе, не дај боже утре раскине со овој дечко и сретне тип кој ќе е тип а ла снова, а го има и сето она што ја привлекува кај овој дечко,моментално - карактер, како ја третира, интелегенција,хумор и што год, нормално ќе го избере. Не ќе рече, ау,згоден си ти и празноглав. Ај чао.
     
    На Dust, Mrs.Styels, LollySky и 12 други им се допаѓа ова.
  6. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Физичкиот изглед мене искрено не ми е толку важен.
    Џабе ми е некој лепотан со убави очи, коса, убаво градено тело ако нема понашање спрема девојка како што треба.
    Во мојот град оние убавите, симпатичните, познатите машки сите пушат трава, немаат понашање, те зјапаат како да не виделе девојка итн.
    Мене ми е најбитно да се погодуваме јас и он, да имаме разбирање, да има понашање, да знае како да се постави во одредени ситуации.
    Убавината е променлива, ама карактерот е најбитното нешто.
     
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Жапче, фала за толкувањето. :D
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    @Aquamarine93, no probs. :D Пошто го делам нејзиното мислење де.:D
     
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    А кој ти побара матични броеви, не си нешто особено нова па да не знаеш, ако не се согласуваш со нечие мислење пак ќе се повторам пишуваш аргумент и пак не добив, мажите од твое окружување знаеш на што паѓаат хмм шта речи
    А да те читам цел есеј друга прилика, преферирам кратки и јасни мислења
     
    На Mrs.Styels и "Zoki" им се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Есејот не беше за тебе, делот каде што си означена е. :D Спомна женски итрини. Можда палеле во доцни 19-ти век, сега се прочитани. Такви итрини можеби уште функционираат на некои интровертни машки, па му треба иницијатор. На екстроверти, малку потешко. Кажи ми ти, како ќе натераш машко да пријди, користејќи “итроштини“, ако не му се допаѓаш барем ни малку? Хипотетички зборувам. Друго, не сум нова на форумов и имам забележано дека си активна на еден дел од форумов, наменет токму за машки физички изглед. Поштено си признавам :D и јас таму прикачував слики, ама хипокризија е да кажуваш дека не му бил нив битен физички изглед, а дека не ти бил ни тебе. :D
     
  11. lunchy

    lunchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Тaкa е !!! Сoсемa си вo прaвo:D Џaбе aкo некoј е убaв aкo е кретен :)
     
    На sj *O* и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.861
    Допаѓања:
    173.387
    Пол:
    Женски
    За доброто на темата, ќе ве замолам да се задржиме на неа, а не да анализираме членови!
    Ви благодарам на разбирањето:hai:
     
    На fallenangel, theowndemon, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Гледам слабо си запознаена со Викторијанска доба, да не навлегувам во друга тема.
    Во која тема сум активна за машки физички изглед?? Хаха свашта океј, чим ме пратиш ти верувам и поласкана сум, а тоа што за тебе е поим за згодност за други не е, што значи и тука во вода паѓа тој "јак" физички изглед, тоа е субјективно. Зашто да чекам да бидам бирана и да ми пријде момче кога можам и јас да бидам иницијатор.
     
    На Mrs.Styels и "Zoki" им се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Абе, па не идеше во теретана ни овој. :D Се зезам.
    Многу јасно дека не секој убав е празноглав (иако многу и машки и женски со бар малце капацитет, не го користат оти се водат по она дека се убави, па светот ќе им прости за друго), и не значи дека ако е карактерно совршен, а физички не ти е ич привлечен, ќе му дадеш шанса пред некој твој тип на убав, на кој би му прогледала низ прсти за некоја карактерна фалинка. Битно е со себе да сме на чисто колку сме спремни да ја мрднеме линијата кај онаа ментална слика која сме си ја зацртале за совршен партнер.
    Муабетот ми беше дека меѓу овие двајца, јас вториов би го избрала секогаш, и покрај физичката супериорност на првиот.
    И физикус и карактер апла по мерак, тоа е више 7ка на лото.
     
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Сите очи не гледаат исто. Има луѓе кои мислат дека се убави, згодни, добиваат такви коментари, а мене ми се просечни на изглед (jас до душе имам многу високи критериуми, перфекционист која секогаш ги анализира нештата). Понатаму, има луѓе на кои физичкиот изглед навистина не им е важен, повеќе внимание обрнуваат на карактер... или на пари. За мажите генерално, сум забележала дека навистина им е поважно девојката да биде насмеана и срдечна. Она може да личи и на Меган Фокс, ама ако е своеглава или со незгоден темперамент, се повлекуваат. Попрво ја одбираат просечната која е расположена и позитивна. Јас не го сфаќам тој пристап. Карактерните разлики и несогласувања може да се средат, нели ние луѓето треба да учиме едни од други како да се менуваме на подобро низ животот? Парите се важни, ама никогаш не би била со некој што физички не ми се допаѓа, само заради пари, тоа ми е јасно повлечена линија. Голем естета сум. E сега, некои жени си се големи пароманки, и друго не ги интересира.
     
    На Mrs.Styels, crazylady, Aquamarine93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Најинтересно на темава е што на крајот, we can all agree to disagree. И тоа, само зошто никогаш нема да не привлекува сите истата работа. Убавината е многу релативен поим. Она што за мене е најубаво на свет, тебе ќе ти е дури и потпросечно; и обратно. Со другарка се смееме секогаш дека ние секогаш ќе бидеме блиски бидејќи ниедно машко нема да не раздели - имаме толку различни вкусови, небо/земја, што за сите кои мене некогаш ми се допаднале таа вртела со очи во неверување, и обратно.
    За сите, помалку или повеќе, физичкото е она кое на прв поглед не привлекува, да сакаме да и се приближиме на некоја личност, да ја запознаеме, па можеби и нешто повеќе. Верувам дека нема некој кој во некоја прилика не си ја собирал/а вилицата од земја откако видела некој/а „совршен/а“, секако по негови/нејзини критериуми за физичка убавина и совршенство. Но, што со тоа? Ако некој во мои очи претставува физичко совршенство, а кога ќе отвори уста нема да знае да сврзе две реченици и ќе е на интелектуално ниво на второодделенче, значи ли тоа дека јас ќе треба да речам „ајде бе, битно е згоден, што ако е (при)глуп?“ Не, ќе речам „заеби убавината“ и ќе се тргнам. Со таква личност среќна иднина немам.
    Затоа, без разлика машки и женски, сигурна сум дека за долга, стабилна и исполнета врска, карактерот и интелигенцијата се оние фактори кои се најважни. За обична заслепена страст, one night stand, кратка врска без обврска, или слични кратки релации - само тогаш не се оди подлабоко од физичкиот изглед.
     
    На LollySky, sj *O*, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Тоа со теретаната го вметнав само како пример. Многу од мажите покажуваат љубомора, кон други мажи кои се грижат за себе и своето тело. Биле шовинисти, педери, незнам што не, немам слушнато. Исти работи ќе слушнеш и за убави девојки. Површни, спонзоруши... и да не редам натаму, најсмешно е што и судат на личност уште пред да ја запознаат. И тоа е дел од македонскиот менталитет кој очајно ми смета.
    Те разбирам, кога сме во комфорна зона, се обидуваме да ги минимизираме можните недостатоци кај партнерот. Јас за мене си зборам кога велам дека ми е битен физички изглед, а битен ми е бидејќи не сакам озбилни врски, сакам да биди поопуштено и затоа толку многу не се потресувам. :D
    @sjdgo Точно е дека некои од македонските мажи многу брзо се повлекуваат. Некои, иако имаат сипатија кон одредена девојка, никогаш не ни пристапуваат. Од страв од неуспех, најверојатно. Мислам дека треба повеќе храброст за овие работи, ама пак ќе нагласам конзервативно е општеството и за мене тоа е главен проблем.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.493
    Допаѓања:
    43.307
    Не е ни до изгледот, ни до карактерот...
    Сигурно е до тоа дали некоја комшика ти ја колнела цела лоза да ти се запусти...

    Еве јас и убава, и згодна, и паметна, и скромна, а сама...
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Ketchup, calliope, blueeparadise и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Па искрено е..
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Барем некој да си признае и тоа е повеќе од доволно. :D
     
    На Vik'Toriah му/ѝ се допаѓа ова.