1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали физичкиот изглед е најважен за врска?

Дискусија во 'Сингл' започната од macencef, 30 април 2013.

  1. zgodendecko

    zgodendecko Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    ее нее баш најбитно, битно ние и да има таја карактер.. шо дека е уба ако е глупа ако незнај со да кажи .. :!:
     
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Абееее повеќе ќе се помириш со фактот дека е малку глупава отколку малку дебела :D така да, јас напишав за мажите, ама истото можам да го кажам и за жените....нема шанси некои девојки ни да погледнат некој кој не е убав и згоден а дека е глупав малку, тоа нема врска....и извинете, моментално не можам насловот да го променам....битен е да изгледот, барем малку од малку да ме бендиса мене, ама за некои е претерано битен....и зато подготвувам слатка одмазда за типот - ќе одам и ќе ослабам, само после нека проба нешто...ееее тогаш јас ќе му речам: сега ти не си за мене, не си убав...само тука имам и една нејасна работа: постои тип на кој не му сметаа моите плус неколку кила за да флертува со мене уште првиот пат кога се запознавме - а можам да речам дека е убав и згоден и слаб....сепак, не било до мене...а за одмаздата, оооо најде со погрешната девојка да се зеза :D
     
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Епа така де, тебе треба да ти е убав! Сите си имаме различни критериуми на убавина. Едно нешто во животот што го имам сфатено е тоа, дека убавината е широк спектар од облици, бои, вкусови.
    Мислам дека ти премногу ја поврзуваш убавината со килажата. И дека пред се тебе ти смета тоа, а знаеш кога ти ќе се прифатиш таква и другите ќе те прифатат. Убаво е да сакаш да ослабнеш пред се за тебе самата и за твоето здравје, ама да се нервираш дека некој мочко ти кажал дека мн. си дебелка и да сакаш да му се одмаздиш е губење на твоето време. И на слабите, дури и на згодните девојки некогаш им наоѓаат илјада недостатоци. Такви се луѓето, сакаат да навредуваат.
     
    На mizerija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    :shake: И тоа како има врска. Нешто најважно ми е да бидеме на исто интелектуално ниво.
     
  5. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Па ако бев послаба ке сакаше да е со мене, многу јасно...а тоа што мислам дека повеќе сакаат поглупави девојки ама со супер тело, не го сменувам тоа мислење...или обратно за другиот пол...па да, го сватив како навреда и тоа сето ми го кажа само и само да не ми рече едноставно дека не му се допаѓам...само мн го мачеше тоа што физички можеби не го привлеков, ама карактерно да и тоа мн...и на крајот сепак физичкиот изглед му беше пресуден. Не сваќам како физичкиот изглед им е гаранција за тоа дека ќе бидат среќни или не, сепак го трпиш неговиот карактер. И ќе остариш еден ден и ќе бидеш грд. Таквите луѓе ќе останат со глупави и грди покрај нив, само не им текнува....
     
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Не е баш така дека само физичкиот изглед е најбитен,колку другари мои оделе и со дебели девојки,зато што се паметни,духовити итн.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Истото сакав да го кажам.И веќе се кажав во претходниот мој пост.Продолжи со целта,и докажи му дека и си паметна и убава.
     
  8. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Знаете како велат: пази некој да не ти го земе редот....наскоро ке се запознаам со еден дечко, почнавме преку фб да контактираме па ќе видеме што ќе се случи...знае како изгледам од слика можеби ама сепак ме виде дека не сум мис на светот физички. дури и му ја кажав мојата тежина и висина па има поточна слика. сепак сакаше да се запознаеме. немам појма кој е и каков е, не знам ама апсолутно ништо за него - и знаете што? секогаш така испаѓа подобра врска. а тие што ми ги фалеле, епа му сметало нешто кај мене..... ќе видиме што ке се случи. а тој со тоа што му смета мојата тежина, сега нека му смета неговиот дебел мозок....и сега ќе ми остани само пријател, па ако сака нека е и последен на светот
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Многу ми тврделе дека се дебели, а не се. За некои мои девојки другарите ми кажувале дека не се баш лепотици ама да им ги дадам моите очи.
    Перцепцијата на некоја личност е индивидуална. Мерката/реперот за физичка убавина е индивидуална.
    Познавам многу м кај кои критериумот за убава жена им е формиран од Хју Хефнер, и тоа е тоа, и неможе да се исправи. Најважно е како се чувствуваш во сопствената кожа. Ако со тоа си ОК, и другите ќе го забележат.
     
    На awl и Libera им се допаѓа ова.
  10. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Титан право да ти кажам за секој различно е, еве и друг дечко ми рече дека најбитен му е карактерот и поштоавањето, повеќе карактер отколку изглед. Ама тој живеел 10 години по балканот и нема менталитет македонски воопшто. И сам ми призна дека тоа е така само заради тоа што видел нешто што е надвор од нашите граници и де дружел со секакви луѓе. Не омаловажувам, ама само едно студирање во друг град или не знам 1 година живот надвор од средината во која си навикнат те менуваат и почнуваш да гледаш карактер на човекот повеќе.
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Аман бе луѓе бе, леле бе.
    :x

    Маченце, имаш 27 години? Озбилно?

    Како бе луѓе најбитен ви е физичкиот изглед? Сум имала дечковци и мувачи и со по машала-машала поголема снага од сегашнава, и сега имам дечко. Чисто информативно, не сум со пропорции 90-60-90, напротив, имам уште 10тина килограми вишок кои сакам да ги немам, ама можеби и не сакам толку да ги немам... Можеби ако сакав повеќе, ќе се потрудев малку повеќе. Нема веза, да се вратам назад на темата.

    Најбитно, драга моја, за да имаш една нормална врска, е хемијата, привлекувањето меѓу вас двајцата. Нешто има, не знам како да ви објаснам ако не се почувствувале, има некоја енергија, флуиди, нешто ти се случува внатрешно. Ако го нема ова кога ќе го видиш, пиши крст. Е сега, нека биде манекен ама ако не можеме јас и тој да се разбереме, да се изнамуабетиме и да се смееме заедно, џабе ми е.

    Кога првпат разговарав со сегашниот мој дечко, и сега откако сме заедно, го прашав што прво приметил кај мене кога ме видел првпат, ми рече - однесувањето, беше многу поразлична од другите и од сите досега. Дека ме лаже, не ме лаже, таков си е човекот. Не е светец де, сигурно ми ги гледал и цицките и газот и што ти знам што, ама дека е со мене само ради тоа, не е . Еднаш, паднавме на муабет, не знам како стасавме до темава, и му викам, па да, и јас имам криви нозе. И човеков вака ме гледа - :^) , како тоа имаш криви нозе? И ме загледа, и ми вика, па добро, малку, ама ти ги немав забележано досега. Другпат, намерно не се нашминкав и не се испеглав, а пиевме кафе, ово оно, по ред и процедура :D , и на крај му викам, примети дека немам шминка, и косата ми ја примети? Ми вика - а каква ти е косата, и немаше ли шминка? :D

    Како да очекувам јас љубов, поддршка и разбирање од некој материјалист, затоа што, реално, физичкиот изглед е и материјална работа до некаде. Сакаш да се фалиш со тоа како изгледаш, да се фалиш со тој до тебе како изгледа. Ама џабе ти е фалењето на тоа поле, ако не можеш да се пофалиш дека времето поминато заедно ви е супер, дека се разбирате, се почитувате, немате посериозни конфликти и проблеми, и според мене, многу битно - дека сте и другари во таа врска.

    Значи како да ви кажам, кога некој сака да биде со тебе, ќе биде, и да имаш 100кг, и стрии, и секаков. Или налетувате на погрешни мажи, или барате нешто погрешно во една врска и во еден човек, едно од тие две работи ќе да е.
     
    На Dvolicen, 1209, Lovy1 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. BadBitchBomb

    BadBitchBomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    93
    Ако некој не те сака како што си природно, нема љубов во таа бавча!
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Да, имам 27 години и мислам дека ако имаш дечко не е мерило дека можеш да кажуваш дека само наидувам на погрешни мажи или имам погрешни очекувања од врската. Ако ти тие финти си ги правела на твојот дечко само за да провериш дали ќе му се допаднеш без шминка, некако тоа е несигурност себе....па сега ајде да видам дали мојот дечко е вљубен во мојата шминка или не. Искрено, мн пати не се шминкам и никој тоа не го забележува, па посебно пред дечко не сум сакала да имам тон шминка која што после бакнеж ќе му остане на неговото лице :D Девојко, јас можеби мислам дека е тоа битно, ама кој сега не е сигурен во својот изглед? Твоите т.н. криви нозе и ,, дали ќе му се допаднам без шминка,, фазон, е исто таков комплекс. А твојот дечко чувај го, бидејќи малку се оние кои те прифаќаат по тренерки, ова ти го кажувам бидејќи оваа порака беше очигледно напишана од девојка која цел живот се трудела да импресионира со шминка, чевли и мини здолништа. Па некако и е чудно што најде најобично момче кое те погледнало и само видело карактер кој му се допаѓа.....бај д веј, ако сакаш некого да критикуваш, само прескокни ме следниот пат ;)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не ми се годините многу да коментирам, но мислам дека им е најбитно во почетокот, за да се фалат со неа, но потоа карактер бараат :D
     
  15. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    177
    Темата ти си ја отворила, па треба и на критики да бидеш спремна.
    Девојко, нема ни здолништето ни чевлите ни миничите да те направат убава ако не си, само додатно ќе ти прилепат сељачишта во дискотеки и заедно ќе си се убедувате колку сте убави, а ни приближно во очите на другите. Македонија не е земја на убави луѓе (со чесни исклучоци), факт поткрепен со тоа што повеќето жени киснат по козметички салони и фитнес центри со цел да добијат некој пристоен изглед кога веќе не заиграла природата, кај мажите состојбата е уште полоша, гледаме. Знам дека можно е сега многумина да ми скокнете, ама вистината е таа. Всушност, не е само Македонија, на светско ниво убавите луѓе и екстремно грдите составуваат релативно мал процент, останатото е се просек за кој е научно докажано дека во огледало гледа нешто повеќе од она што е и си ја крева цената. Дечкото кој тебе те условувал, се кладам дека не е ни пола од она што е потребно за да се нарече убав. Отворање на вакви теми води само кон повеќе комплекси, особено кај девојчиња во пубертет, наместо да си го гледа училиштето, таа ќе гледа кој минич ќе и го намали задникот. Која е лепотица, се приметува и без килограмите шминка и миничот и часовите изгубени во фитнес сала, таа која не е (а повеќето не се), што да се прави, постојат и други квалитети во животот. Не е ова наменето само за тебе, ако си ја отворила темава, општо кој прочита, прочита ;)
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.069
    Допаѓања:
    11.215
    Македонците се убава нација. На сите им е важан физичкиот изглед. Сигурно нема да се залетате за некој грд што не можете со очи да го гледате. Но си треба и добар карактер. Што ако е убав,ако е гад?Пак џабе.
     
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Да ние сме најубави во целиот свет,абе нема поубави. :^)
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.069
    Допаѓања:
    11.215
    Па така е доста убави сме. Французинките демек најубави жени на светот, врска нема,пегави, несредени. Италијанките ги има и убави и неубави. Погледнете Албанците каква грда нација се, па ќе видите која е разликата. Да убави сме, и да треба девојката да изгледа убаво за да привлече внимание.Што сега сите ќе бидеме грди и дебели и некој ќе не сака?Не,средувањето е прво за себе да се осеќаме убаво во своја кожа,а после за партнерот.
     
  19. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    177
    Убаво е да се цениш сам себе, ама реалноста е поинаква.
     
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.631
    Пол:
    Женски
    Според мене физичкиот изглед е битен за око да привлечеш некој да ти пријде и да те упознае. Колку и да викаме дека не е важно како еден поединец изгледа факт е дека првин тоа не привлекува за да почнеме муабет. За подолга врска нормално дека освен убавина на око е битна и убавина на карактер.Џабе некој да ми е убав на око ако со него немам никаква допирна точка на муабет и постоење.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.