Убавината е тоа што се забележува на прв поглед кај некого, но карактерот на личноста треба да биде тоа што ќе те задржи. Што ќе ми е убавина ако не ме сака и цени? Убавината е променлива.. ќе се здебелиш, ќе ослабиш, ќе родиш едно дете, ќе остариш. На 50 години сигурно нема да си како што си бил на 20, ама карактерот, душата дали на 20 или на 50 си останува иста.. и да сакаш да ја смениш нема да успееш.
Можеби убавината се забележува на прв поглед, но за мене е пресудна.Ако нема харизма нека биде какво совршенство сака, не би била со него. Мене ми се има свиѓано и дебел со што нешто убаво и интересно сум видела во него. Што ќе ти е убав згоден ако незнае два реда муабет да ти направи и да те насмее...
Душата и срцето на една личност ми се пресудни,а изгледот ми е релативна работа.Ако ме прави среќна тогаш се заборава физичкиот изглед и тогаш е нај прекрасната личност лично за мене
Многу се нерирам кога ќе слушнам дека "девојка" од 35-6 год немажена и без дечко одбила да излезе со дечко пошто не и се свиѓал. Ало жено твоето време на бирање помина. Дај му шанса на човекот. Не значи дека ти ќе се е..ш со него на првиот дејт. Излези пиј кафе. Напрај муабет. Ќе те привлече со неговата харизма можеби. Да ми кажуваше некој дека јас ќе се земам со мм немаше да му верувам. Ќе речев јас со него, нема шанса. Ама денес.... Секој заслужува шанса. Незнаеш што ти носи животот. #сестрозатебе#
Не можеш така да судиш, јер на некои личности физичкиот изглед им е и те како битен. Поаѓам од себе, физичкиот изглед ми е особено важен и доколку ми се допаѓа типот може да продолжиме со муабет. Не знам каква харизма да има, доколку физички не ме привлекува - ништо од бизнисот. Втора и исто така, многу битна работа се годините. Без разлика дали има 25 или 35, било дечко или девојка можат и треба да бираат. Не е решението да се "скрасиш". Не, не, тоа е мнооогу погрешно. Треба да го најдеш соодветниот партнер и тогаш да се решиш да стапиш во брак и да родиш деца, секако, доколку го сакаш тоа.
Да пие со мене ладно пиво во парк и да си правиме муабет...физичкиот изглед е во втор план,кога муабетот ке ни тргне
Изгледот и те како игра голема улога во секојдневниот живот - сите мажи гледаат и коментираат кога ќе пројде некоја стегната девојка во фармерчиња, па уште ако има и СиСки...лелелеле кома.... - ако помине некоја дебелка (не зависно колку ум има) или е исмејувана или не е ни погледната ние дебелките знаеме дека изгледот и те како железени врати отвара
Јас си кажувам за мене. На прва ништо ама баш ништо не ме привлече, не беше ништо од тоа што јас си го замислував за мојот принц на бел коњ. Стварно стојам зад теоријата - не е се во изгледот. #фасадавара#
Токму така. Бракот не е два дена па ајде, колку да се омажам. Бирале 35-6 годишните, па и со право, личноста со која ќе бидеш до крајот на животот треба да ја запознаеш од сите аспекти (и таа тебе).
Па јас не реков и немислев дека одма треба во брак да се влезе. И јас сум за тоа да се запознаеш и да го сакаш човекот со кој ќе стапиш во брак. Никогаш не реков дека со едно искачање одма за жена ќе те бара или мора да се омажат за тој. Мислев само на дружба и ништо повеќе. Со самиот муабет и гледање го запознаваш човекот со сите негови доблести и мани. А не беше муабетот одма свадба да се прави. Сакав да кажам дај му шанса на човекот. Се пресрамил те викнал на кафе, па зарем за кафе треба да ти се свиѓа, зарем и за муабет е важен физичкиот изглед. Тогаш многу сум остарела или сум со заостанати сфаќања.
Кафе средба не ми пречи, ако, секое познатство е плус, можеби за кратко време ќе се роди љубов која ке прерасне во врска па и брак. Никогаш не се знае. Но за жал, праксата покажала дека се се сведува на интерес. Тоа е факт ! Ќе излегувате извесен период, но кога ќе дојде ред да разговарате околу сериозна врска - брак, ќе почне да гледа во тебе како банкнота а не како личност и затоа не ми кажувај ! Скоро сите се со дигитронот в џеб ! Факт е дека од љубов не се живее, но сите во тој момент си прават есап, не ги интересира ни физикус, ни образование ни ништо ! Кога е во прашање Математика, паѓа во вода и љубов и Хемија и се ! Но тоа е веќе друг муабет. . .
Ти држи вода муабетот има и такви кои гледаат се од интерес. Ама конкретно јас што ги знам не се такви. Јас сум од 80 - тите и уште верувам во љубов. Ама јас си ја најдов мојата половина.
Тоа кафе ќе му даде надеж на типот, а ако не и се допаѓа - ич не е фер да врти како "киша око Крагујевца". На тие години на девојката сигурно не и е до бош муабети, а ако не и се допаѓа, кафето е само губење време и енергија.