Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали физичкиот изглед е најважен за врска?

Дискусија во 'Сингл' започната од macencef, 30 април 2013.

  1. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Јас сум, 78 годиште. Сеуште сум оптимист дека ке ја сретнам личноста на мојот живот, ама на моменти сум со големо неверување. . . Инаку, баш ми е мило што си се реализирала на тој план.
     
    На H.VAGA, Tanjamm, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Ова многу често го слушам во последно време. И многу ме погодува. Зашто се паѓа и во депресија на моменти.
     
  3. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Нема да пропадне светот ако си останам немажена. Мене ме држи работата. Да не е работата тогаш ке дојдеше до депресија. Инаку вака не. Јас неможам да натерам некого со сила да ме сака.
     
    На MayDiamonds, Tanjamm, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. babygirl15

    babygirl15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2016
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Многу нормално дека не. Заљубете се во нечија душа, а не во физичкиот изглед и ќе ја почувствувате моќта. Неговиот физички изглед нема да ви даде љубов, туку неговата душа :)))
     
    На Dadusicka и elimkd им се допаѓа ова.
  5. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Да бе, се невинашчиња тука. Греотка! Признајте си дека се влажните на добро тело, убаво лице, добра плата, добра кола, добра куќа, бизнис интереси. Што е тука лошо? Бракот од секогаш бил интерес и спонзорство. Затоа порано имало посредници и договорени бракови.
     
  6. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Сето ова што го наброја, го имаме и ние. Кој нема денес добра, плата, добра кола и сл. Не може се што е женско, за тебе по дифолт да биде спонзоруша и да влезе во брак од интерес. Колку долго опстојувале тие договорени бракови со посредници?
     
    На MagsDestiny и Dadusicka им се допаѓа ова.
  7. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Зашто бе да излезеш со некој кој не ти се свиѓа? Не мора да е физичкиот изглед пресуден, едноставно немаш клик со човекот, не ти е пријатно, не ти тече ни разговорот. Без разлика колку години да има типката дали 16, 26, или 36 и да и е биолошкиот саат на почеток или при крај, не е се уште дојдена работата за „дај шта даш“. Полека со осудувањата, за секого си постои половинка, четвртинка или пак осминка хуху
     
    На Aquamarine93, Brojka, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  8. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.813
    Пол:
    Женски
    Е добро де, ај ќе излезиш со некој лепотан, фреар, билдер, џенталмен, мушкарчина ... И седнувате пиете кафе, и кога гледаш тој лепотанот една реченица незнајт да сврзит, немат карактер, глупо се понаша. И што?
    Затоа џабе убавина, ако се нема карактер!
     
    На Jane.Birkin и babygirl15 им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.085
    Допаѓања:
    12.828
    Рековте девојка од 36 нема што да бира и треба да излезе на кафе. Се е тоа ок, ама времињата и луѓето се сменија многу. Јас сум помлада, немам 35-36 ама кога сама сум решила на некој да му дадам шанса, да се видам на кафе, тогаш тоа завршувало со гњавење. Ќе излеземе, ќе видам дека освен што не е убав и нема харизма, ми прави некој глуп муабет. Потоа одбивам за следно кафе и типот ми досадува, се однесува некултурно, ме обвинува дека ми е само за пари и слични изговори. Не ми е мене за пари, туку него и како што кажаа се активира дигитронот, ме гледа како добра прилика и сака да ме ќари на брзина. Машките денес станаа материјалисти колку и жените. Плус таа со 35 треба да бара маж кој е постар, а дали таа може да биде сигурна дека не бил женет и дека нема деца. Не се жените криви за се.
     
    На La.loca, Aquamarine93, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам. Многумина од мажите се разведени со дете, а се претставуваат како ергени. (Што е Кривично дело). Не се свесни ни самите за тоа. Имавме апла ситуација со колешка на работа типот со месеци ја летал дека е ерген, па девојчето ден - денес неможе да дојде на себе, емотивно ја уништи тоа ѓубре проклето. Треба очи отварање. Или преку стројник или никако на слепо запознавање.
     
    На Aquamarine93 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.085
    Допаѓања:
    12.828
    Мене ми се пушташе и ме канеше на кафе еден екстра убав тип од мојот град кој има жена, ама ја скрил на фб. Кај неа стои дека е во брак со него, а кај него е скриено. Случајно го означила и мислев сестра му е со исто презиме, но кај неа стои дека е во брак. Среќа го открив навреме и ќе отидев можеби на кафе со женет. Не сакам такви работи, никако, ама мажите се лажговци.
     
    На Aquamarine93 и mode-kristina им се допаѓа ова.
  12. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    На моја сестра некој женет така да ја кани на кафе, ќе и пишев дирекно на жена му да ја известам со какво магаре има работа ;)
     
  13. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    И што е најтрагично, ако си излегла на кафе, пак ти ке излезеш крива. Не ќе можеш да докажеш дека тој те мотал а не дека ти си некоја недомаќинка. Таа, секако како млада жена, тебе ќе те нападнеше. па иди ти докажи дека до него е, дека тој е Социопат, што на крај ќе се однесува како ништо да не било. Само очи отварање ништо друго. Размислуваат ли малку сестри имаат бе. Како ќе им биде некој на нивната сестра некој така да си игра со неа.

    И да си и пишела, пак тебе ќе те нападнела верувај ми. Ќе ти рече дека толку вредиш штом дошло ред женет да те кани на кафе. Не ми кажувај во таква институција работам, што се не се изнагледав и изнаслушав на работа со такви и слични ситуации. . .
     
    Последна измена од модератор: 2 јули 2017
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Физичкиот изглед е важен, но не и најважен. Најпрво треба некој со изглед да те привлече, нели? Арно, ама изгледот само привлекува Убавината е релативна работа. Некој што мене ми е многу убав, на некои им е просечен, па дури и грд. Исто така јас за некого сум можеби најубавата на свет, за некого сум просечна, а за некого пак погрда од мене нема. И тоа е сосема нормално. Па никој не е совршен.

    Меѓутоа, тој што привлекува е карактерот. Ако не знае да направи два реда муабет, ако е уфилман, ако не знае како треба да се однесува со женско, тогаш сигурно не би била со него само затоа што е убав.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.085
    Допаѓања:
    12.828
    Што ќе постигнам ако и пишам? Ќе мисли дека сум курва што заведува женети. Плус многу жени се свесни дека мажите излегуваат со други, па си молчат. Денес и тој што се преставува како слободен не можеш да знаеш дали е навистина слободен или не. И ако е слободен, можеби се гледа со некоја само заради секс, што е грдо да го слушнеш или дознаеш. Знаеш колку мажи си ги сликаат и праќаат фотки од лажни профили на девојки? Сите тие мажи се нечии сопрузи, дечковчи, татковци, тие се меѓу нас и го прават тоа без срам и грижа на совест.
     
    На Consultant и H.VAGA им се допаѓа ова.
  16. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Тие бракови со посредници многу подолго опстојувале отколку денешните. Во тоа време и за тие услови си морал да поседуваш одредени психички и физички квалитети за да некоја фамилија ти ја даде нивната ќерка и обратно. Денес влези во една училница и прашај колку од децата имаат добри родители и среќен брак. Би се шокирала од резултатите. Не мора се по дифолт што е старо да е лошо или затуцано.
     
  17. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Кога можат тие што се во врска, да глумат дека не се и да флертуваат со други девојки, тогаш зошто би било чудно дека женетите го прават истото. Во Македонија последниве години се сменија ставовите, еден голем процент не мислат дека неверството е нешто страшно. Голем број девојки и жени, преминуваат преку тоа, а можеби и тие го прават истото. Не го оправдувам, ама имам забележано дека станува се почесто.
     
    На Tamatam, babygirl77, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Можеби порано да, но денес склучувањето на бракови со дозвола од родителите и посредниците се апсурд. На разводи работам и гледам што се случува. Можеш ли да натераш некого со сила да те сака, и обратно?
     
    На mode-kristina и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Љубовта е илузија. Интересот во бракот е реалност. И така после 10 години во брак 80-90% од брачните парови изгледаат како буренца поправени, неатрактивни, емоционално ладни. Што ги одржува во брак? Брачните интереси или неможноста да најдат нешто подобро и поситуирано!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pecky

    Pecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Фати си грд/а дечко/девојка и никој нема да ти го/ја украде.