Баш како за инает таквите повеќе изневеруваат. Како да немаат женско видено во животот. Си мислиш тивок е, повлечен, забеган и оп отиде
Надворешната убавина е минлива. Она што останува е карактерот. А и убавината е релативна работа, тоа за мене што е убаво за друг не е и обратно. Нема дефиниција за убавина. Сите еден ден ќе остареме, ќе не навјасат некои болести. Нема да сме вечно млади и убави. Мене ич не ми е важен изгледот.
Секогаш мажите ги привлекуваат телото и изгледот на една жена,ама за жената да го задржи потребно е да поседува и нешто друго.
Сакале или не, мораме да признаеме, на сите ни значи као образование, работен статус, а всушност прво што загледуваме е физичкиот изглед. Никаде на чело не му пишува, дали е Инженер, Лекар, Судија и сл. Физички шетеш личност покрај себе, не шеташ професија.
Нормално дека не има улога но не е најважно пример девојката да е многу убава и згодна а оди и се еба со други таа врска не ја бидува, или дечкото е убав и згоден но не е нормален и ја тепа секоја 3 недела и тоа не бива Човек да се биде тоа е најважно во врската
Во остварување на контакти е важен. Да не се лажеме, сите ние во главата создаваме слика за тоа каков би требало да биде нашиот идеален тип. Некои сакаат покрупни, некои исушени, мускулести, плави, црни итн. Но тоа е релативна работа. Тоа што е многу побитно е моментот кога стапуваат на сцена правите вредности на личноста. Доволно е да сврзите неколку збора со личност, за да утврдите дали ви одговара карактерно и дали гледате иднина со истиот. Од друга страна секој може да работи на себе, да го извлече од себе својот максиумум и да биде попривлечен.
Не дека е најважен.....ама е до некаде важен. Сигурно ако некој на прва не ме привлече барем малце не би започнала некој контакт. И ај кога веќе пишав да прашам. Колку би ви сметало ако девојката е повисока? Хмм до сега не сум имала ваква случка. Сите биле по високи од мене.
Нека не глумат дека не им е важен физичкиот изглед. Невкусно е како што кажа феминката погоре, девојката да е повисока од момчето. Никогаш не би била во врска со таков, па колку сака нека е успешен на професионален план. Да заборавам засекогаш на штикличките, ни под разно !
Така е, другар. Заборави да дополнеш и да не се ебе со други дечкото, не е доволно само да е убав и згоден и да не крши коски де.
Но пази има и обратно.....хаха имав случка една и нема да ја заборавам додека сум жива. договарам средба со еден дечко боли главаа....лепотан. Ама кога седнавме на кафе тотално разочарана од тоа колку бешеее да не речам сељак.... а ни најмалце не изгледаше така. Така да изгледот не пресуден за една врска.
А дечково што е малце понизок од мене сепак си дадовме шанса да се запознаеме подобро....затоа што мислам дека е некој што тотално ме разбира и ми ја смирува душата. Па ако треба и ке се откажам од штикли.
Во Мк сите се со добри плати коли и куќи па све од љубов се врските и браковите, нема како нас едноставно да ни подзавиди човек Факт е дека кај нас има ненорнално многу спонзоруши, познавам од блиска околина девојки што одат со дечковци кои се (не сакам да вреѓам никого) но навистина грозни, запоставени а имаат длабок џеб. Настрана тоа и понашањето им е в крај сељачко.. Денес е се испомешано така да изгледот поќе не е битен, битно е контото.
Се согласувам дека физичкиот изглед е прво што привлекува. Но со тоа и најмногу знае да излаже. Може некој што е низок или покрупен да е стопати подобар и подобро да се однесува кон девојка од некој висок и набилдан лепотан. Сепак секој си има свои критериуми секако. Мене да ме прашаше порано некој дали ќе идам со дечко кој е само неколку цм повисок од мене, ќе се изнасмеев. Ама имав прилика да запознаам таков (ама сепак убав) и да се ослонам повеќе на карактерот за потоа да го засакам. На моменти сум се чувствувала како да ми пречи, но сепак начинот на кој се однесува спрема мене го препокрива тоа.
Висината и дали бил плав или црн, мање битно, тоа не одредува лепота (добро, ај висината може пружа чувство на комоција, ама не ја разбирам преокупираноста на некои девојки исклучиво со фраери метродевеесетидва, демек ќе ги заштитувал... како тие да се нешто немоќни оти се жени) Работата е да има префинета појава, тенка линија и убав лик. Најважен е изгледот за врска. Нема начин како да се поврзам на физички план со некој кој не ми се свиѓа, стварно.