Многу поголема сатисфакција ми нуди интелектуалната исполнетост отколку физичкиот изглед. Нека е и најубавиот на свет, ако се чудам во која дупка да пропаднам кога отвори уста - џабе е. Физичкиот изглед е битен, ама не е пресуден. Убавината е минлива, а карактерот останува.
Секако дека не е важен. И мене дм ми беше убав 1 недела али убаво викат убавината е минлива потоа настапуват карактер,понашање,љубов,почит и грижа. Што ќе ми е убав ако карактерот е нула па секој ден пред сите да ме вреѓа и да ме малтретира. Убаво кажа феминката над мене дека физичкиот изглед не е пресуден. Кога бев средно во диско видов еден тип јаооо лепота што да ви кажам очите ми паднаа се насмеа и доволно ми беше очите да си ги соберам. Така да не гледајте многу убав недував гледајте карактер и почитување
Се е така, така ѕверот или жабата стануваат принц, само сепак треба да постои барем мала привлечност да има што да се развива инаку ништо.
Точно така тотално се согласувам со тебе. Братми ми има дадено совет*доколку нема привлечност џабе ќе бидам со таа не е тоа тоа* исто како и кај нас ако не ни е привлечен џабе е само сакање.
За да дојде до сакање треба време, прво привлечност, па карактери, почит, разбирање и тн., тогаш кога сите коцки ќе се склопат доаѓа сакањето.
Секако дека физичкиот изглед е важен за моментно привлекување, верувам дека нема некој/а од нас на кој/а му/и нема паднато вилицата кога некогаш погледнала некоја личност. Токму затоа и убавината е нешто многу индивидуално, па што е убаво за мене, не е убаво за тебе, и обратно. Но, внатрешната убавина, шарм, харизматичност, хумор, карактер, љубезност, општо однесување, сето она се карактеристики кои задржуваат, па затоа неретко се случува да после одредено поминато време во присуство на некој кој на прв поглед не ви бил привлечен, да приметите дека почнува да ве привлекува, и веќе не го гледате со исти очи, зошто не го гледате само надворешно, туку ја гледате личноста која всушност е. И кога она првото, надворешното, ќе избледи и ќе се промени, второто, внатрешното, ќе остане. А токму второто е она кое сите ги минуваме животите барајќи го
Нормално дека нема да видиш. И тука има 2 категории: или е премногу плиток за да погледне погледне девојка "од 100 килограми", или едноставно не си одговараат карактерски. Различни навики во исхрана и различен начин на живот многу влијаат во една врска. За што би разговарале тие двајца, кај би излегувале, како би функционирала таа заедница? Едноставно е
Не е се во убавината. Со текот на времето избледува. Она што останува е карактерот. Ама колку и да велиме не е, скоро секогаш вниманието ни го одзема убавиот. Кога поминува убав и грд во кој гледате??? Сите имаме различен вкус, па оној што мене би ми бил убав некому не му е. И добро е што сите гледаме со различни очи, да има по некој за сите.
Во врската можеби не, но за да дојде до врска прво што не освојува е физичкиот изглед. Мене ми е битен физичкиот изглед но ако веќе сум во врска сигурно не би ја прекинала доколку партнерот се здебели, или недај боже има некоја незгода....
Бре бре бре..тешки филозофии Некој размислува поплитко, некој подлабоко.. Некој гледа со розеви очила, некој со црни, некој со никакви ...прав слепец е.. Сите очи не гледаат исто, сите вкусови не се исти.. а за вкусови не се расправа. Сплет на околности, засакав човек уште пред да го видам .. Ма да..кој знае колку смешно звучи.. Со месеци пишувавме за нашиот живот, буквално го делевме секојдневието .. Тажевме, се радувавме, се нервиравме заедно .. Јас во некоја безизлезна фаза по изливот на татко ми, тој со своите обврски и проблеми, но сепак немаше ден да не ми обрати внимание на еден наш начин.. Воопшто не ми беше гајле како изгледа, висок ли е, низок ли е.. какви очи има, дебел или слаб е, со стомаче или стомачни.. Не сакав ни слика да видам од него, ниту пак него да го видам. Убаво беше така. Со месеци не знаев како изгледа.. Се додека не се фатив себеси како размислувам за него на поинаков начин.. Па решивме за да се видиме .. Убаво човече..има прекрасна душа и срце големо колку планетава И ден денес не ми е важно како изгледа..затоа што ја има најтоплата прегратка, најмилиот глас, најдобар психолог е и можам со него до сабајле да зборам или до сабајле да ќутам а тишината да не е незгодна.. И од тој ден, не го давам на никого! А сите што се паѓате на убавина, ваше право.. Се додека сте среќни и јас сум среќна за вас..
Јас знам брачни парови, жените се покрупни, е, сега маживе дали имаат стомачни или не не знам, меѓутоа имаат прекрасни бракови, ни изневерување ни ништо.
Има такви на кои и карактер многу не им е битен. Важно некој им посветува внимание, или им се нашол во лош период, или е заљубен толку многу во нив како никој друг па им годи љубовта што ја добиваат...па замижуваат на одредени карактеристики, како што други замижуваат на физички изглед, трети на амбиции, способност и слично, иако реално од себе очекуваат повеќе а тоа значи дека толку отприлика би очекувале и од партнерот. Колку помала самодоверба имаш, колку поочаен си, толку повеќе се задоволуваш со...што да е, не баш она што би го сакал оти во моментот мислиш дека повеќе и не заслужуваш. Не гледам ништо лошо во тоа да почнеш врска на основа на физичка привлечност, за понатаму како ќе се одвива е веќе друго и не може да се генерализира. Но во секој случај подобро да почнеш врска чисто заради страст и подоцна пример да излезе дека и карактерно и по други критериуми сте усогласени па имаш џек пот, отколку да замижеш на физички изглед (една точка од старт во минус ти е) па колку и да е се' останато ок, џек пот никогаш нема да е
Јас никогаш не гледам да биде само привлечен за око . Најважно ми е да ми одговара карактерно , да можам пред се нормален муабет да направам со него , а дали е убав или не тоа е ствар на вкус . Може мене да ми е најубав ала фото модел , на друг да е грд .. П . С . Јас и мм бевме послабички така , кога се запознавме , ама сега сме поправени по 10 кг најмалку .. јас од двете бремености , се опуштив со храна , покрај мене и тој ( читај БРЕМЕНИ бевме двајцата ) , така да .. се се сведува на вкусот на личноста
Да, мила да, изгледот не е се'. А килажата е за себе ако некој така убаво се чувствува и е сакан и почитуван и тн. ама баш нема врска со квалитетот на врската или бракот.
Јас до сега не сум видела , ниту Бред Пит , ниту Џони Деп , ниту обичен човек не сум ги видела со некоја од 100че