1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали физичкиот изглед е најважен за врска?

Дискусија во 'Сингл' започната од macencef, 30 април 2013.

  1. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Не им е за тоа, мислам дека мерак им е ушка да ги носи.
     
  2. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Од прилика се сложувам со се во глобала но крајот некако не ми се допадна. Велите убавината поминува а внатрешното останува. Не знам дали знаете но човек со текот на времето под влијание на разни животни околности се менува и од ватре, пример некој што бил духовит, интересен... станува жив намкор и обратно.
    Ништо во животот на човекот вклучуваки го и човечкото тело и душа не се вечни, се е подложно на ерозија под влијание на времето и околностите во кои човекот живее.

    Сакам да искористам прилика да посочам дека грешат сите оние кои велат па што ако има стомак, тоа не влијае на квалитетот на живот. Влијае и те како, не познавам ниту една жена која му рекла на својот маж , гнети ти слободно ако си дебел јас те сакам и таков. Точно е дека сега неможеш заради 5-10 кила да растуриш брак, но лага е дека жената не би била посреќна да има покрај себе згоден маж со убаво тело... Карактерот е битен но тој можеш да го забележиш тек потоа откако ќе ти заигра око на физичкиот изглед.
    Мое мислење е дека од обични животни ситуации па до врска, брак физичкиот изглед е битен. Тука не ја спомнавме финансиската страна која е исто така битна како претходниве две затоа што џабе се претходните две работи ако имате матрејална несигурност.
     
    На Kitten, AURUA и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  3. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Зависи од личноста,на некој му е поважен надворешниот изглед,на некои внатрешноста,како и да е како карактерот на една личност,ништо не е!
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Ајде бее..
    Како тоа да им посочиш?!
    Глупи се луѓево и не знаат што сакаат во животот?
    Тоа можеш да посочиш на деца некои на улица, ама не на оформени личности како повеќето на форумов кои што го искоментираа тоа..

    Ама знаеш што, еве јас да ти посочам лично тебе дека грешиш..
    Паднеш болна, се породиш со царски па си неспособна да мрдаш, настинеш и имаш 41 температура, изгубиш работа и зависиш само од платата на маж ти, една несреќа и мораш да подигнеш хипотекарен кредит поради кој ќе ти зависи и покривот врз глава... се дел од ситуациите во кои ќе ти стане јасно дека ама баш не е важно дали имаш маж со пивски стомак до тебе или маж со стомачни..
    Ќе ти биде важно да седнеш и да скроиш план како да излезеш од криза, ќе ти биде важно да ти помага дома затоа што ти си неспособна (во горенаведените случаи), ќе ти биде важно да го земе детето од градинка наместо да оди на пиво со другарите ...
    Нека гнете љубовта моја ако сака.. ако во се друго се сложуваме и се надополнуваме како една целина, ма со мерак ќе му готвам..

    Љубовта и животот во заедница додека смртта не ве раздели е многу повеќе од стомачни, пивски стомаци и манекени..
     
    На MayDiamonds, IM.TMKQ, Kitten и 7 други им се допаѓа ова.
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Абе сега...
    Најлесно е да се рече дека изгледот не е битен и дека сите кои што паѓаат на тоа се површни.
    Ама мене ниту ова не ми држи вода.
    Обично од несигурни луѓе кои долго не можеле да најдат партнер го приметувам ова. Или од оние со некоја ''маана'' условно кажано од типот преслаба или дебела, едноставно од оние незадоволни од својот изглед.

    Не е најважен, ама дека е важен со сигурност тврдам да. Или ко Даст што спомнала горе примерите за подоцна во животот кога ќе ти затреба да имаш некој за да се грижи до тебе без разлика дали има пивски стомак и е запуштен.
    Оти физички изглед не е само дебела си, или преслаба си.

    Мене некако ко некој изговор ми звучи кога ќе кажете дека сте задоволни само да е добар и грижлив.
    Па зошто да не е и убав и згоден? Во комбинација би било топ.
    Да не се лажеме и да не морализираме лажно. Прво окото гледа па после се останато.
    Доколку нема живот со него сигурно убавината нема да е пресудна, ама доколку не ме привлекува ниту неговата добрина и внимателност ќе е.

    Треба по нешто и од двете.
     
    На Nigredo Odor, IM.TMKQ, AURUA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на еден филм што го гледав со огромен огар како влечеше принцеза од метро и шеесет во шумата ;(
     
  7. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    @Dust Зборував за нормални ситуации, ова што вие го наведовте се екстремни ситуации во кои човек треба да размислува како да преживее а не да мисли на љубов или изглед. Во посочениве ситуации човек освен да преживее на друго и не размислува. Не бадијала на крајот на мојот пост покрај физичкиот изглед и карактерот ја напоменав и матрејалната сигурност како многу важна нишка за функционирање на бракот.
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Баш напротив..
    Спомна дека изгледот е битен..
    А јас те потсетив дека не знаеш што носи животот и што се може да се случи ВО БРАК ..не пред тоа.
    Затоа тие што не мислат на тоа, ги карактеризирав како плитки ...
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Убавината ќе го спаси светот :f:

    - Достоевски
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    ^ ама не физичката :wasntme: Ни самиот Достоевски не мислел на физичката.
     
    На MagsDestiny, crimson, Јаневски и 3 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Лесно ви е на вас убавите и згодните,затоа вака и зборите. :doh:
    Остајте не да се тешиме дека е океј да се биде несовршен и да те сакаат несовршен. :D И да си збориме за друга убавина...ко таа на душата. :D Мораме на нешто да се потрпеме, закрпиме.... утешиме. Побогу:D
     
    На Outlook и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Претходно кажав и повторно ќе кажам. Точно е дека физичкиот изглед е важен за остварување на контакти, но не и пресуден за да опстои една врска. Ако не знае една реченица да ја каже како што треба, ако не знае како да се однесува со девојка, ако е насилен, болно љубоморен и ред други работи, тогаш убавината паѓа во вода.

    Да, сите имаме замисла каков сакаме да биде совршениот партнер. Ама дали постои совршенство? Не. Затоа никој не е совршен.

    Заклучок: Изгледот привлекува, а карактерот задржува.
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не си го прочитала романот од кој произлегува мислата. Ах и секако, ова не е место да се дискутира за тоа, ама внимателно пред да погодуваш што мисли Достоевски. Тој поставува различни тези, спротиставени, а самиот зазема неутрален агол.
     
  14. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    @playful girl hello! here I am :)
    јас сакам мм да има стомак. :inlove:зошто да внимава толку многу на храна, и да не можеме да си пиеме пиво со чипс навечер:wasntme:
    ќе си бидеме дебели и среќни :sun:
    нема акоунт мм, инаку би ти пишал дека многу се радувам кога пушта стомак^_^

    нормално, ама веке инсистира само вода да си пие, да си вежба, нема да го спречам, ама прв мотиватор сум да пушти душа и да си јадеме:nod:
    ете, не сме сите тие сите.:sun::beer::pizza:
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @sjdgo секако дека сум го прочитала :wasntme:
    Бизарно е да кажеш дека "убавина" се однесува на само на физичката, убавината зазема толку многу форми :wasntme:
    Плус во романот мислата во ваков формат воопшто и не постои.
    Да не ми водиш евиденција кои книги сум ги прочитала?
     
    Последна измена: 24 август 2017
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тоа дека убавината и надворешниот изглед привлекуваар,ама карактерот задржува. Добро ова не пали кај секој, па има некој на кого му е побитно партнерот да им е како од списание. Ама според мене џабе му е на некој убавината ако не знае како да се однесува спрема мене. Од друга страна па кога ќе засакаш некој кој те привлекол со доброто однесување и те чува како капка вода на дланката, а не ти бил толку физички привлечен на почетокот, не одговарал на некои критериуми за мажи кои порано си ги поставил, со текот на времето ти станува убав, ма најубав. А и многу зависи од тоа кој како ја перцепира убавината. Може за мене нешто е убаво, за друг не е.
    Мм кога ќе ми каже Најубава си ми, а јас се погледнам во огледало абе никаква, со акни, со подочници и мрсна коса. Му велам Не сум убава, грозна сум, а тој На мене си ми најубава. Ваљда тоа е тоа. :)
     
    На MayDiamonds, natemila, Outlook и 2 други им се допаѓа ова.
  17. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Како велат ,,лепота је у оку посматрача".Кога велам убав, покрај тоа што мислам на некој универзален стандар на убавина и физички изглед, мислам и токму на ова, да тој е убав во моите очи.Затоа не сме сите заљубени во еден човек, затоа што гледаме со различни очи и имаме различни погледи и различни лични перформанси.
    Кога велам лични перформанси мислам на сопствениот изглед кој е исто така пресуден дали ќе успееме да освоиме некого или не. Една стара изрека вели ,,секое тенџерче си има капаче". Не треба да се потценуваме ама па и преценувањето е штетно и носи фрустрации.
    Веднаш да кажам за да не бидам погрешно сватена, јас себе не се ставам во оние со високи перформанси, но се трудам согласно мојата класа да го одберам најдоброто во моите очи.
    Што се однесува до делот кога рече ,,јас сакам да си јаде" јас само ке кажам, јадењето може да биде и здравје и отров, зависи колку и што се јаде. Помина времето коха се сметаше дека оној жто јаде масна храна или во големи количини е здрав.
    Јас сум за умереност во се и не треба да се плашиме понекогаш да бидеме гладни и гладта знае да биде исто корисна како и јадењето.
     
  18. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    @playful girl не би негирала ниеден дел од твојот коментар.
    Само сакав да кажам дека еве ја сум од тие кои немат против и им е симпатично маж со пивски стомак :D
    нормално, ако мојот партнер има 150 кг нема да го мислам истото, јас си го визуелизирам како "умерено" со околу 5-10кг фиока за пиво ^_^
    и пак кажам, во главно целиот коментар ти е на место. истото го мислам и за претходниот коментар, само ме фати на слабата точка со стомакот.
     
    На playful girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Не ама сепак мора да има некој сегмент што ќе те привлекува, ако не физички онда некој вајб. :D
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  20. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Јас ќе речам дека физичкиот изглед е битен да,но далеку од пресуден. Сите сакаме да си имаме некој кој ќе може да си го покажеме нели, но сепак карактеристиките на личноста од внатре предвидуваат дали се добар избор или не. Тука нормално спаѓа интелигенција,добрина,грижливост,почит и заедничките карактеристики. Нормално да може да си правите муабет и да ви е убаво со човекот а не само да го гледате.
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.