Некогаш ќе ни падне на око некој и ќе почнеме да го свиѓаме само по физичкиот изглед. Тоа сепак за мене е далеку од љубов. Кога ќе го запознаеме подобро или ќе се разочараме или ќе премине опсесијата во љубов. Од друга страна пак, некој воопшто нема да ни падне на памет, но по разговор и дружење со личноста некако почнуваме да ја мислиме. Тогаш започнува нешто поинакво, кое врска нема со надворешниот изглед. Однесувањето, интелегенцијата, начинот на кој размислува за различни теми, манирите, ставот, културата и тоа како можат да те наведат да почнеш да мислиш на некој, за кого не си се надевала воопшто.
Па секако е многу важно да ни се допаѓа естетски она што го гледаме, барем за мене, но има уште многу долг пат до тоа всушност да засакаме некој, но и првото ќе стане дел од таа подлабока љубов што би ја негувале спрема неговата доблесност и личност.
Не. Мене не ми е.Имав еден бивш не беше баш лепотан некој али од што толко убаво се понашаше со мене во карактерот се заљубив...Сакам да кажам убавината привлекува али карактерот задржува.
Не. Имам пример со еден дечко што кога го запознав, искрено физички воопшто не ми се допаѓаше, не беше мој тип, беше развиен и покрупен, а во лицето дури можам да кажам дека ми беше грд. Но, многу ми се допадна за муабет, имаше и нешто друго во него, шарм, харизма, знаеше да ме насмее, карактерно се поклопувавме во многу нешта. Првично, го гледав како другар зошто ете вака не ме привлекуваше, и откако почнавме да си пишуваме, имавме долги разговори, буквално останувавме до 7 саат сабајле, некако почнав да мислам поинтензивно на него.. и почна да ми се допаѓа. Го ценев тоа што за доста краток период направи за мене многу повеќе отколку било кој друг, и во тие моменти воопшто не ми беше важно како изгледа. Впрочем, убавината е релативна и минлива работа. Времето си го прави своето, никој нема да биде вечно млад и убав. Јас кога еден ден после 10 години ќе се разбудам крај некој сигурно нема да ми биде важно неговото потполно симетрично лице, туку некои други работи.. На пример, колку топло и сигурно се чувствувам во неговата прегратка и како тој се обидува секој ден да има насмевка на моето лице...
Не, пошто не сите бифши до сега на пример ми биле убави ама биле префини со мене и ме сакале.Додека пак обратно тие што се убави беа од типот на: Океј јас можам и други да имам, као демек не си само ти шо те вртам.. Не ми е изгледот секогаш пресуден но пак ми игра некоја улога во бирањето машко.Ипак му ја лапаш фацата не карактерот.
Јас сум чуден човек кој н може да открие како физичкиот изглед е директно поврзан со споделувањето љубов. Знам дека е важна сексуалната привлечност, но кај мене изгледот не игра никаква улога ни во тоа. Естетски си ми убав, супер за тебе. Ама не предизвикува никакви, апсолутно никакви чувства кај мене тоа.
Не дека се вљубувам само затоа што е некој убав, ама никогаш не ми се случило да се вљубам во некој што не е убав. И јас бев во некои детски филмови дека изгледот не е важен, пред да наполнам 16 години, и тогаш во еден момент се свестив дека сите со кои сум имала работа дотогаш, биле убави и важеле за убави во средината, умееле да се облечат, прикажат... Веројатно имам некоја кочница потсвесно, автоматски кога некој не е убав ми се создава одбивност, мозокот не го регистрира како потенцијален партнер. А кога е убав, изгледа одлично, нема бариери да се запознавам, да увидам каква личност е, дури да преминам преку некои разлики и сето тоа.
Секако дека не, физичкиот изглед привлекува во тоа сите би се сложиле , ама карактерот,самата личност,однесувањето и ред други работи ја задржуваат врската.Тоа е како на пример, запознаваш многу убаво машко ,тело ,фаца , ама ако се понаша со тебе како ѓубре, те вреѓа,омаловажува,тепа и ред други работи , ќе бидеш ли со него ? За едновечерни авантури се сложувам дека е најважен изгледот , пошто тоа е нешто што прво го гледаш од човекот , ама за подолги врски ,дефинитивно НЕ.
Момци без да се лутите, ама мислам дека до негде си има улога изгледот. Заради изгледот мислам дека не ми се пуштаат машките. Висока сум, слаба, но тело немам.Ме зезаа и ме викаа кривата,Ова ми го имаат неколку машки кажано, дека не личам на девојче.Немам гради, буквално сум рамна,и бев за потсмев, освен тоа ми имаат неколку машки кажано, а и женски дека и лицето не ми е баш убаво, што до негде може и е така, или бившиот како што често знаеше да каже-не си ни во просечна, ниту топ 10. Имам машки црти на лицето, не ми се баш убаво распоредени, забите ми се раздвоени, чуден нос, и дупки по лицето, го средував ама џабе Ми велат, немаш ти мило и убаво нежно лице Многу ме навредуваа, ме споредуваа со разни ликови. Истиве овие машки сакаат убави девојки, немам финансии убаво да се носам и најчесто носам фармерки, имам еден пар, хеланки, маички ништо посебно. Дали според вас ова е причината што не ми се пушта никој? Некако како жалче да ме гледаат така се осеќам.Имам само средно 3 години, не знам кај згрешив, но како сите да се тргаат од мене. Многу ме здоболе, момче што го свиѓав, ме адд на фб, збориме вика мести ми ја другарка ти преубава е.. Ми се има случено бившиот шетаме и да загледува др поубави и да коментира. И сам кажа, нема работа за тебе не си убава, секој убавина сака, ти немаш воопшто...
Тврдам дека само на незрели и површни луѓе физичкиот изглед може да им биде најважен фактор за сериозна врска. Period.
Мене лично не,за другите ич не се замарам што им е најважно за врска. Важно сите да сме среќни и задоволни со изборите кои ги правиме а врз основа на што се донесени изборите и зклучоците навистина не ме засега.
Изгледот е важен во иста мера колку и компатибилноста на карактерните особини. Со тоа што не заборавајте дека изгледот е лична преференција за секого поединечно. Сите ние имаме различна перцепција и мерило за убавина. Ако мојот избор е пример висок момак со светол тен и пропорционални фацијални црти, не мора да значи дека таквиот изглед треба да биде унифициран код за тоа како треба да изгледа секое едно момче, туку тоа само значи дека мојот естетички суд ќе има тенденција да детектира повеќе момци кои наликуваат на гореспоменатиот стандард.. Сите ние имаме својствени и уникатни црти, како внатрешна така и надворешна убавина.
Да, изгледот е важен, и тоа многу. Мислам дека секој што го тврди спротивното, сака да испадне фин/а и да покаже како ете многу цени некои внатрешни вредности и дека не е важно како изгледаш се додека си добар човек. Не! Секако дека вредностите се важни. Исто така, треба да се разбирате за воопшто да помислите на некаква врска, да ви биде убаво заедно и се тоа, но ако не се привлекувате физички, која е тука поентата? Останете си другари, никому ништо. Врската не е само тоа, разбирање без никаква привлечност и страст. Не можеме сите да изгледаме совршено, но тоа не е никаков изговор за запоставување на сопствениот изглед. Средената жена е убава, исто важи и за мажите. Не треба ни тука да се претерува, но самите сме свесни дали и колку сме убави гледајќи се со сопствените очи. Таа е границата.