Секако дека е важен ама не и одлучувачки за да се биде во успешна врска а подоцна и брак. Кога ќе се види карактерот на личноста дури тогаш се одлучуваме дали сакаме или не да останеме се таа личност. Ако не ќе си остане само таа физичка привлечност која единствено те асоцира на секс со таа личност. Убаво рече некој претходно дека убавината е релативна , некој изгледа убаво и атрактивно во младоста а некој може и да не ви бил убав во младоста ама по неколку години да изгледа поатрактивно. Јас би ги прашал тие што велат дека добриот физички изглед(-а под тоа подразбирам да биде убава и згодна личноста со која сакаат да бидат) е најважен , дали после неколку години кога од различни причина се деформира телото па и лицето би се разделиле со таа личност. Јас мислам дека попрво би се откажале ако личноста и понатаму е убава и згодна а си гопокажала лошиот карактер отколку да е обратна ситуацијата
Ми падна ова во очи. Значи тебе сексот ти е најважен? Прво да биде добра за секс, па после, ако има карактер, здравје ќе биде добра и за врска?
Грешка, ако не ми се допаѓа карактерот тогаш со таа личност нема да планирам иднина туку би ме интересирало само да имам секс со таа личност колку да ми помине меракот
Јас мислам дека тоа се однесува на тоа што личноста ќе ти е физички убава, ќе те привлекува физички, но и да има секс не можеш емоционално да се поврзиш со неа. Не мислам дека членот мислеше прво секс па карактер.
Затоа прашав. Ако мислеше на тоа што пишав, не е на арно. Јас ако не сум со некој емоционално поврзана, и ѓоа Џорџ Клуни да е, нема да ми текне на никаква интимност. Ама јас.
Општо е познато дека машкиот и женскиот мозок не функционираат исто кога е во прашање сексот. На нас машките не ни треба многу за да имаме секс со некоја која е убава и пред се згодна, додека кај вас жените барем повеќето од вас се изјаснувате дека мора да има прво љубов па потоа секс со одредена личност
Не би рекла дека општо е прифатено. Вие машките имате секс со женски во кои не сте заљубени, што во поголем број од случаите би значело и тие не се во вас. Повеќе би рекла дека е индивидуално отколку дека машкиот мозок различно функционира од женскиот. И тие женски што имаат секс без љубов имаат иста структура на мозокот како и другите кои емоционално сакаат да се поврзат прво. Се е до индивидуата, желбите и начинот на размислување.
Ne e najvazen za vrska. Vazen e da privleces nekogo ili da bides privlecena. Ama izgledot necij nema da te drzi za raka niz zivotot i da te vodi po vasiot zaednick pati,tuku celokupno ke go pravi toa licnosta so koja si izbrala da cekoris po patot. Izgledot e promenliva rabota,covekot kako celina e toa sto zasluzuva vnimanie,trud za se opstoi i zadrzi cekor so nego.
Грешка си. Јас гарантирам дека 9 од 10 машки кога ќе видат убава и згодна жена прво што ќе речат како е добра да ја “легнат“ и би го сториле тоа само ако женската го сака истото. Додека дали и 1од 10 женски ќе го каже истото кога ќе види убав и згоден маж. Значи правиме муабет за посакувањата а не за остварувањата
Можеби е така, но викаш се сведува на тоа дека машкиот мозок размислува поинаку од женскиот кога станува збор за секс. Докажано ли е ова? Мене ме интересира која е причината за вака да биде? Хормоните работат повеќе кај мажите или сепак се уште патиме од тоа дека ако веднаш женско има секс ќе е етикетирана како ,,лесна"?
@Milan93 да ако си во друштво на млади напалени мајмуни така ќе речат. За кај девојките не знам како стојат работите во однос на ова прашање, бидејќи реално не можам воопшто да ги разберам да бидам искрен. @IM.TMKQ постојат момци кои размислуваат само како да си ги задоволат своите потреби без разлика дали ќе повредат некого. Тоа се оние себични кретени и дебили така барем јас ги нарекувам. И не е точно дека мажите исто размислуваат во поглед на ова, исто како што и девојките не размислуваат исто за ова барем јас мислам дека не е возможно исто мислење да имаат. Постојат исклучоци во се па и кога станува збор за ова. Инаку тие етикети од типот на лесна девојка ги лепат баш овие кои ги наведов погоре во првата реченица.
Па добро кога се вели “мозок“ најверојатно се мисли на хормоните кои праќаат сигнали во мозокот. Па можеме лесно да докажиме овде со една тема на која ќе се изјаснат и машки и женски членови иако за кај машката популација ти го гарантирам тој сооднос 9 од 10 или поточно 99 од 100. И не е работата дали е до етикетирањето на лесна-тешка женска туку до посакувањето. Едно е што сакаш а друго дали го правиш или не го правиш поради тоа што би била етикетирана. Едноставно е нагон за секс, исто како да отидеш во јавна куќа и да имаш желба да ја запознаеш проститутката. Запознавање за тоа каква личност е некоја жена доаѓа ако имаш намера да имаш повеќе од секс со неа.
И девојките би го легнале некој згоден.. Да немаше толку голема стигма околу женската сексуалност. Се плашат од осуда повеќето, а не дека не сакаат да го испердашат некој ако им се допаѓа.
Убaв/згoден и сексипилен се рaзлични рaбoти. Мoжеш дa си убaв/a a дa не привлекувaш сексуaлнo. И не oти немaш прoстaчкo декoлте туку јa немaш тaa енергијa. И oбрaтнo, пo клaсични мерилa дa не си бaш убaв/a aмa привлекувaш и убaвите се прaшувaaт штo гледa спрoтивниoт пoл кaј тебе. Тaкa дa, не е физичкиoт изглед нaјбитен, сексуaлнaтa енергијa е
Да не си играме баби и жаби, нема машко/женско на кое не им е битен физичкиот изглед за врска со некоја/некој. Битен е и те како и е една од поважните особини на повеќето од нас, да не се лажеме..