Дефинитивно не. Ако чекате некој да падне исклучиво на вашиот изглед, единствени што ќе паднат и ќе ви пријдат се машки што се полни со себе, што немаат срам т.е тешки женкари и идиоти што истовремено се пуштаат на 100 девојчиња. Никое асално машко нема да здогледа девојче на улица и да си каже леле колку е убава и згодна, тоа е тоа, знам дека она ќе ми биде девојка! Пфф. На своја кожа го имам осетено се’ ова и ако беше изгледот пресуден досега ќе бев во 10 врски... а не само од идиоти да добивам внимание и тоа внимание исклучиво за во кревет. Дека помага изгледот тоа е точно, повеќе во смисол дека дава плус поени ако девојчето е средено и се грижи за својот изглед и хигена. А дека е нешто многу им е битно на машките дали носот и е совршен или дали има стегнат стомак... па и не баш, никој не гледа толку детали туку големата слика особено за нешто посериозно. А многу често убавите девојки се опседнати со себе и својот изглед и не гледаат што се случува подалеку од својот нос, мислат дека сите кога ќе ги видат сечат вени за нив, а после се чудат кога некои понеубави физички, меѓутоа поинтересени и посамоуверени женски им ги земаат пред нос квалитетните и асални дечковци. Изглед во смисол средена, претставителна, чиста ДА, меѓутоа изглед во смисол на црти на лицето и пропорции на телото НЕ.
Кога станува збор за физички изглед немам до сега слушнато некој да се обрати: Грдотијо моја, од што си толку грда ме палиш Ама затоа пак фрчат коментари као нема никаков ефект кој како изгледа , ајде и во оваа тема да се лажиме . Секоја чест на исклучоци со искрени коментари - респект од мене за искреноста
Тоа што мислиш дека за да некој ти се “пали” треба да бидеш лепотица ти е многу површно и погрешно. Ама уживај и јас така порано мислев. Затоа и толку енергија вложив да се разубавам и да се надградам во изгледот уште поише и џабе, пак сум несреќна и осамена. Имам безброј примери кај што машки се палат на девојчиња што не се воопшто убави, меѓутоа имаат некаква привлечност и сексапил поради начинот на кој се носат сами себе и најбитно поради нивната самодоверба. И буквално до пред некое време кубев коси како може да ги одбираат тие девојчиња што не се ни пола од мене во изглед за врска... ама ете среќа на време се свестив дека се дури го нудам само изгледот на тацна дека нема ни да добијам нешто поише од секс за една вечер или replies на инста стори..
@zhu , за да му пријдеш ти на некое машко мора да има барем нешто од надворешниот изглед што ке упали кај тебе. Значи никој не е совршен, мора да има НЕШТО, некој дел од физичкиот изглед што ти е симпатично кај некого па си му дала шанса за да разговарате и да се запознаете подобро. Затоа те молам доколку не сакаш да бидеш искрена на форумот барем биди реална (јас повеќе ценам кога некој ќе си признае ок е, или не сфатил на почеток, или погрешно се изразил некој друг кога сум го цитирала). Физичкиот изглед не е најбитен во една врска , но и те како игра улога на почетокот, има ефект, има некоја искра .......он може да го има тој занесен поглед, да ги има најцврстите раце во кои ќе се осеќаш сигурно и заштитено, дел од насмевката , некои ситни физички детали кои и те како може да упалат. А тек потоа следува вербалната комуникација и распознавање на карактер и особини за да премине во нешто подлабоко.
Ми се допаѓаат паметни луѓе, со самодоверба, став и харизма. Човек и да не е најличен, ако знае да се носи со тоа што е, може да биде многу повеќе од некои "убави" луѓе по критериумите на општеството. Физичката убавина не е само симетрично лице и згодно тело.
Добро, мисли си како сакаш на крајот од денот секој си има свои искуства и осетено на своја кожа зошто така мисли и се осеќа. А тие работи што ги кажуваш од типот на убава насмевка, занесен поглед, добро држење итн јас не ги гледам како физички изглед туку како показатели на човек што има самодоверба и се осеќа пријатно во своја кожа. За почеток нормално дека ќе ги приметиш поубавите лица во просторијата, ама темава вели пресудно за врска, а јас се изјаснив на таа тематика конкретно.
Сакам да те прашам нешто и очекувам само ДА или НЕ во одговор. Дали ти би пришол да разговараш со девојка (со намера да премине тоа во врска )која во твоите очи не изгледа убаво, во која не наоѓаш ама баш ниту една физичка работа што ти е привлечно кај неа , значи ја гледаш од страна со ништо не те привлекува и одма ќе одиш да и се пуштиш ? Е тоа е тоа што јас го зборам на темата , а не сум прочитала до сега коментари дека некој или некоја би сакала да биде во врска со некој прост, глуп , некој нападен што ќе треба по 100 пати да му објаснуваш, некој без осет, без свое јас. Значи секој си сака паметна личност покрај себе, но и убава на око
Така е. Убаво си ја сфатила темата само не можеш мене да ме сфатиш што сакам да ти кажам. Секој сака покрај себе да си има личност што ќе го исполнува, ќе ужива во негово друштво, арно ама и ќе биде убава само за негово око. Значи не е битно околината ако мисли дека имаш грд дечко, битно за тебе он е убав, во твои очи е убав.
Ама тука прашањто е дали е најважна а не дали е важна, Секако дека треба барем по нешто да те привлекува физички а не да ти биде некој одвратен. Ама за да биде тоа врска а потоа и брак друго карактеристики се поважни.
Па ќе зине да каже нешто, и во зависност од тоа што ќе му излета од уста, одлучуваш дали ќе биде за некоја вечер само, или за нешто посериозно
Убаво објаснив и нема потреба од вакви банални прашања. Никој не може да биде во врска со некој што не го привлекува физички. Но не секогаш сме во врска со луѓе кои ни се пуштиле, или сме им се пуштиле во кафич, затоа што првото нешто кое сме го приметиле кај нив бил физичкиот изглед. Се случува да запознаеш човек и под други околности, кај кој нема прво да го забележиш физичкиот изглед, но со тек на време како го запознаваш ти станува сѐ поубав. Верувам дека внатрешноста се одразува врз надворешноста и дека не секогаш партнерот треба да изгледа онака како што сме си зацртале во глава.
Знаеш ли зошто реагирав на темата? Поради фактот што неколку членови пишале во коментар дека физичкиот изглед нема баш никаква улога, дека воопшто не е битен во ниту една врска, значи ефект НУЛА. Затоа се решив да прашам дали тие членови кога се запознаваат со некоја нова личност тоа го прават со затворени очи, така да се изразам слепо па ајде ќе преминеме на разговор одма и започнување врска. Не е така братче, и те како има улога тој физички изглед ,па како ти би седнал на прво кафе со некоја несредена со мрсна коса, испотена , изгужвана гардероба, ма целата е во хаос ? Толку. Тоа сакав да слушнам дека на сите ви игра улога физичкиот изглед кога бирате партнери за врска. А за тоа како ќе течи врската друго доѓа во предвид (памет) - сигурно тука нема да игра улога нејзините големи цицки
Добро. Не можам да ти одам контра, премногу си мека на зборови и до сега немаш предизвикано реакција да се осеќам навредено од твоја страна, затоа само кратко ќе ти пишам добро. Јас само барав да бидете реални кога коментирате во некои осетливи теми, ништо повеќе. Ххахахаха систер Не знам, еве да прашаме некој што е во брак, како на пример @WildMk
Ххахахаха трај си анонимен форум е ова Туку знаеш што не ми е јасно ? Имам долгогодишен другар, работи програмер, доста начитан 32 годишен маж постојано ми се жали дека не можел да задржи женска у врска бидејќи не била добра во сексот. Јас колку што знам си бира он начитани, интелигентни цури за можат да филозофираат заедно, меѓутоа кога го прашам брат и со оваа ли раскинавте ? ми вика, да бе брат, не ја бива во кревет, во смисла не му го дигала и не го задоволувала во кревет како он што очекувал. Ајде ти како машко ако може да ми објасниш зар навистина во врска на вас мажите ви е битен сексот ? Ако не можеш ти , еве нека се јави @Mr. Right да потврди дали е точно.
А на женски не им е битен сексот? А да идеш ти да пробаш со @Mr. Right па на лице место да ти каже за сексот?