Игра улога и изгледот нормално, но не е пресуден за една врска, многу други невидливи работи се побитни. Џабе некој/а ако е убав/а, а нема карактер, понашање, култура, манири тогаш целата убавина пропаѓа во вода.
Честопати луѓето си патат од тоа што ќе кажат другите.За некои машки побитно е да биде лепотица а другите квалитети ко воспитување, интелигенција и ред други работи кои според мене треба да ги има женско -таа воопшто ги нема.Ама затоа им годи на машкиве кога ќе им кажат брат многу ти е јака женскава а таа 2грама мозок нема. Мене лично, физичкиот изглед не ми е пресуден, често некое машко не ме привлекло на прв поглед ама кога сум почнала да правам муабет и видам што и каков е, тогаш го гледам со други очи.
Абе сеа најважен... Попрво би ја нарекла убавината a must при избор на партнер. Ама тоа јас за мене зборувам и за моите одлуки, а луѓе има разни.
Ако си најдеш некој убавец со убав карактер тоа е џек пот, онака не, барем според мене, но во денешно време не само физички изглед, па дури и што работат родителите е важно, немој некој сиромашни да се, туф туф
Зависи тоа од врската, има секаков вид на врски. Во некои од нив е и најважен физички изглед во другите врски друго е најважно.
А што ако го запознаеш по некоја случајност па после ти "падни" во око? Секако дека има удел во една врска, но далеку од најважен. Во зависност од карактерот некоја особа може физички да ни стане повеќе или помалце привлечна. Врски што се темелат исклучиво на физичка привлечност се површни и осудени на пропаст.
Он не се запознава со никоја ако не му падне во око. Другарство со женско е незамислива ситуација. Секоја врска со женско е строго од сексуални побуди.
Шармот и карактерот го прават човекот убав. Се случило да запознаам згоден дечко ,ама ете штом отворел уста ,паѓа се во вода. Се случило и обратна ситуација. Затоа не можам за никого да речам дека е грд. И не, не е најважен физичкиот изглед.
Потполно се согласувам со ова. Пред дечко ми речиси да имав врска базирана поради изгледот, физички целосно беше мој тип, буквално со сите црти, но карактерно како повеќе време проаѓав со него се повеќе ми стануваше антипатичен и за брзо помина и привлечност и се. Додека па дечко ми прво на изглед не беше мој тип, па со месеци беше залутан у френдзона дур бев со другиот, па кога раскинав и се поинтензивно почнавме да комуницираме се повеќе почна да ми се допаѓа, толку убаво однесување, размислување, слични гледишта и ставови, толку работи споделивме. Е тогаш вистина се заљубив за првпат во животот, а и ми стана најубавиот човек на свет. Можеби долго траеме баш бидејќи не сме базирани на физички изглед туку на целосна поврзаност преку нашите карактери, а со самото тоа и личноста ти станува прекрасна. Можеби кога бев помала ќе речев дека изгледот е најважен ама сега не, карактерот е пред се, не за џабе од толку пријателства излегле премногу успешни врски, бидејќи како запознаваш и поминуваш време со некој, така може и чувства да се појават, базирани на муабетите, ставовите, дискусиите, отварањето на душата кон некоја личност со раскажување на најнеубави и најубави моменти и ситуации низ кои си прошол...
@Dream-Girl Точно. Или пак често се случува да рече некој " колку е оваа убава, кај нашла со овој грд да оди" А тоа е затоа што ние не го познаваме човекот ко таа што го знае.
Lujge vo sekoja licnost ima pozitivni i negativni/maaani. Kje we zapoznavate kje prifakjate nekoi raboti, kompromitirate itn. Eeno e da te privlece fizicki i so toa avotamtski da te motivira da ja zapoznaes licnosta, a drugo e samo da te privleci fizicki/seksualno.
А може дури и да не ве привлече физички, ама да ве привлече со душата, добротата, љубовта која ја има за вас... Може и како 'чудовиште' да изгледа, ама во твоите очи, да биде најубавото нешто што си го видел/а
Сите што одговориле дека физички изглед привлекува а за карактер се останува, битен ви е многу изгледот само го рековте на друг начин. Не велам дека тоа е погрешно, но колку само одлични луѓе пропуштате со таков мајндсет. Верувајте дека навистина некој може многу привлечен да ви стане кога ќе го запознаете подобро, кога ќе ги видите малите атрактивни нешта, кога ќе видите некој како се смее, како ве гледа итн.
Како да си наубавото нешто во универзумот. Како да си најслаткото нешто во универзумот. Како животот да би го дал за тебе...