1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали физичкиот изглед е најважен за врска?

Дискусија во 'Сингл' започната од macencef, 30 април 2013.

  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Ова јас иронично го напишав,смета дека не сме толку убави колку што сами се фалиме,тоа е мое мислење.
     
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Таман работа ако за ситница јас се навредувам или не сакам да ме критикуваат :D Мило ми е што вака отворено кажуваш. Хммм, за тоа дека нема убави луѓе во Македонија само не се согласувам. Е сега зависи колкави имаш критериуми за убавина. Право да ти кажам јас не гледам по убавина дали ќе бидам во врска со некој или не. Второ, хехе баш ме погоде со тоа дека се дотерувам, штикли носам да, ама некои 3 кила пудра или миничи, не ми е стилот - секако утре тој (некој што ќе е со тебе) би требало да се разбуди и да те види во пижами и без шминка. Часови и часови во фитнес сала само да поправиш она што мајката природа не ти подарила - хммм на ова буквално слатко се насмеав. Ќе го поправиш изгледот на телото, ама мозокот колку што знам не можеш. А за убави луѓе, природно убави, топло ти ја препорачувам да се размислиш колкави стандарди имаш поставено за убавина и баш ќе се убедиш дека не е и се баш црно, зборувам во смисла на убави девојки па и момци кои и тоа како добро изгледаат и без шминка, по трењерки и патики. И да, се негуваат, одат на козметички салони и фитнес сали, ама сигурно не само заради спротивниот пол, туку најпрво за себе. Ако изгледаш убаво, некако и се осеќаш убаво, а тоа ја подобрува и самодовербата и расположението.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BadBitchBomb

    BadBitchBomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    93
    Е ајде ти биди права лепота, а психата да ти збегува верувај дека тоа ќе му е најбитно :)
    Јас мислам дека гледаат подеднакво за се.
     
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    И оти вртите у круг , за почеток било битно физички да те привлече , за сериозна врска било битно друго ...
    Е како ќе почне таа сериозна врска , па кога ќе ти се допадне некој од тоа почнува се , а каква ќе биде врската зависи дали ќе се совпаднете интелектуално и карактерно ..
    Значи сепак е битен , за да ти се допадне некој тој не мора да е по некои стандарди за убавина , туку во твоите очи да е убав ..
    А што ќе ми е мене дечко ако не сум му убава на него :^)
    За врската дали ќе биде сериозна или не ,улога играат многу фактори ама првичниот е физички да те привлече , тоа е основа без тоа нема ништо ..
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Јас не се сложувам со тоа дека физичкиот изглед е основа на се,за која основа збориме? за секс ли?
    ако е само за секс тогаш ајде да кажеме дека донекаде се сложувам,мене ме привлекла девојка што никогаш не би ја погледнал а камоли да имам нешто со неа,значи не е толку битен според мене.
    ПС и сексот со убавината нема врска,еве сега сам се контрирам,незначи ако е секси убава и згодна дека ја бива, нема појма од ништо.
    Само пример дадов,сексот го ставив затоа што мислите на нас машките само физичкиот изглед ни е битен,еве има и на кој не им е најбитен тоа сум јас.
    Океј секој има свој начин на гледање на работите,не сакам сега во дуели да влегувам,ке навредам некоја,зашто вистината боли,да има и други фактори,но најважниот фактор е парите.
     
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Е оти одма на сексот удри :D
    Може јас не ве разбирам , јас сакам тој што е до мене да ми биде убав , да ми летаат пеперутки во стомак кога ќе го видам , не мора на другите да биде убав , туку во моите очи да биде убав . За мене дечко ми е најубав и точка :rofl: :rofl: :rofl:
    Вкусовите се различни ..
    Ама ако некој не те привлекува а е добар , фин итн може да ти биде другар не дечко ..
    И реков дека многу фактори се битни , ако беше само да физичкиот изглед лесно ќе беше ,мора да го запознаеш тој човек , може да и паметен и убав па пак да не кликнете како пар . Како рекле за секое тенџере и капаче .
    Ајде да не го наречам основа ами старна точка е физичката привлечност .
     
  7. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.070
    Пол:
    Женски
    Па ако е стартна основа физикиот изглед, еве мене ми се случи кратко пред ова можеби неколку недели, да ме бендиса женкар....значи типот е бомба и плус харизматичен и се тоа, и ме бендиса бидејќи секогаш кога ке ме забележи става смотана насмевка на неговото лице и одма во фазон: кај си ти, што како....а знам дека заради некои стандарди на убавина, во кои не спаѓам тој нема ни да се обиде нешто со мене...значи заради тоа што е тип на кој прво и основно му е битно да има згодна девојка со која би можел да се пофали, а не девојка со која ќе бил среќен....и со чесни исклучоци, мажите прво треба да ги привлече девојката а потоа да сакаат да ја запознаат подобро
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Ајде малку прошетајте по градов да видите какви парови има,девојката е секс бомба дечкото никаков,ружен,како таа е со него заради убавината? ајде ве молам каква убавина све е интерес денес,значи има кеш и си има убава девојка,сум видел и обратна ситуација девојката дебела грда а убав дечко,значи не се сложувам со вас и крај.
     
  9. Goddest

    Goddest Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    42
    Секогаш физичкиот изглед е пресуден за почеток на една врска, но и карактерот е многу важен.
    Џабе ако девојката е убава а е глупа ко трактор, ама од друга страна пак може да биде многу паметна а грда во исто време. Сепак нели зависи од карактерот на мажот. Има мажи кои сакаат убави, добро градени девојки и не им е гајле дали имат грам мозок во глава, а исто така има пак мажи кои бараат екстра паметни жени без разлика дали се убави. Според мене златна средина е најдобро. Убавината е минлива секако така да мора да остане нешто :D
     
  10. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Битен е, ама не е пресуден!
    Нормално е прво девојката да го привлече физички, но сепак карактерон е оној што пресекува дали би можел дечкото да биде во врска со таа девојка.
    Мислам дека машките не би ризикувале да бидат со некоја само поради добриот изглед, бидејќи на секого му треба муабет и разбирање.
    Ако психички не се најдат, ништо од врската- пропадната инвестиција.
     
  11. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    6.907
    Пол:
    Женски
    Да битен е..Ама само за да привлечи..Паметот е тој што задржува...Што дека му е убавината на некои девојки,кога ке ги слушниш да не знаат два муабети на здрав памет да ти врзат...
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Витомир пак наогаш начин да протнеш коментар дека сите жени се спонзоруши :D
    Овде дискутираме што е најбитно за мажите . Дали тоа тебе ти е најбитно ?
    Несакајки да навредиш , пак навреди :D
    Секакви луѓе има , ама не можеш да ги ставаш сите во еден кош ..
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Физичкиот изглед им е битен на сите, не само на мажите.

    И ние жените знаеме да пребираме. Ама ако некој мене ми е многу убав и згоден, тоа не значи дека тој е таков.
    Често пати еден дечко мене ми е многу убав, ама на другарка ми не и е ич, и обратно.
    Затоа се вели дека сите очи не гледаат исто.

    Мене повеќе впечаток ми остава шармот, отколку да има правилни црти на лицето и да е убав.

    И секоја жена си е убава на посебен начин. Некоја има убава коса, друга гради, трета нозе... И сите ние можеме да се нашминкаме (маскираме :lol: ), да се дотераме, ако сме ниски да си носиме штикли, да се накитиме со разни бижутерии, впечатлива ташна и чевли... И да станиме привлечни и убави.

    Ама машките имаат помал избор што да направат со себе.

    Сепак, низ град се почесто гледам среден и дотерани девојки (дури и да се наједноставно облечени), ама се помалку гледам средени машки, и најчесто знаат да носат старомодни алишта, и многу шарени-марени.

    Потоа, она што најчесто си го коментираме со другарките, е кога некое машко ти се прави типче, брка само презгодни девојки, а уствари во главата нема грам мозок. И јас треба ли да се чувствувам како недостојна за него, да си ја уништувам самодовербата ? А, кога ќе видам баш тој пет пари не вреди.

    Затоа помалку замарање, дотерувајте се, средувајте се за себе најпрво. И што и да правите никогаш не може баш секому да му се допадните. ;)
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Физичкиот изглед е битен без разлика дали тоа нас ни се допаѓа или не. Секој маж сака да има до себе жена што е женствено градена и со женствени особини па дали тоа ќе биде плава, црна или бринета е прашање на вкус. Нема да ви наведувам примери и да ве замарам воопшто со тоа затоа што секоја од вас знае или познава некој маж што бил во врска со некоја убава жена па влегол во брак и жената почнала да се запоставува се здебелила па мажот почнал да гледа по други жени, нормално поубави од неговата. Без разлика колку неговата жена била паметна и добра ете такви работи се случуваат. Карактерот е исто така многу битен за секој маж, не велам дека не, меѓутоа јас мислам дека тие две работи одат во пакет. Жената не мора да биде манекенка или не ти знам што, но барем малку да си обраќа внимание самата на себе тоа значи дека таа самата се цени, а јас мислам дека тоа е нешто што мажите го гледат.
     
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Tи се пронајде?Знаев дека има нешто,штом само ти реагираш,ако де биди си,само пази таквите се за една употреба :D
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    А што реагирам јас :^) , дискутирам за мене е битно партнерот да е ми е мене убав каде виде ти да спомнам нешто друго баш тие што трчаат по пари и најгрд да е на нив не и е битно .

    Жалам што си толку исфрустриран од женскиот род .Навредите не ти се потребни , јас ти поставив прашање бидејки ти тврдиш дека е се за интерес , а ти се дрзна да ме класицифицираш а не ме ни познаваш . Секоја чест на твојата култура и воспитување :bow:
    А и жените знаеш не се предмет ,па да се за една употреба или пак повеќекратна :^)
    Од твоите размислувања , очигледно е зошто среќаваш само вакви жени , во тебе е проблемот ..

    И онака чисто за информација во врска сум веќе 4 години , и постојат луѓе кои се заљубуваат еден во друг а не во сметките во банка .

    ПС: Дечко ми не е богаташ :D
     
    На TheIdealMe и Decapitated.Hanna им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Tи се пронајде?Знаев дека има нешто,штом само ти реагираш,ако де биди си,само пази таквите се за една употреба :D[/quote]

    А што реагирам јас :^) , дискутирам за мене е битно партнерот да е ми е мене убав каде виде ти да спомнам нешто друго баш тие што трчаат по пари и најгрд да е на нив не и е битно .

    Жалам што си толку исфрустриран од женскиот род .Навредите не ти се потребни , јас ти поставив прашање бидејки ти тврдиш дека е се за интерес , а ти се дрзна да ме класицифицираш а не ме ни познаваш . Секоја чест на твојата култура и воспитување :bow:
    А и жените знаеш не се предмет ,па да се за една употреба или пак повеќекратна :^)
    Од твоите размислувања , очигледно е зошто среќаваш само вакви жени , во тебе е проблемот ..

    И онака чисто за информација во врска сум веќе 4 години , и постојат луѓе кои се заљубуваат еден во друг а не во сметките во банка .

    ПС: Дечко ми не е богаташ :D[/quote]

    Што се палиш одма? ти почна да провоцираш,ти ме нарече дека јас сум матријалист,јас само ти вратив да видиш како е,тоа е твојата култура,морам и јас да се спуштам на твое ниво,за да сватиш дека со такви ниски удари не се игра.
    На друг да му кажуваш прикаски за мали деца,не се залјубувале во бакарски сметки,ти ова сериозно?
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Незнам само како можеш да збориш во глобала,и да се нафрлаш некому.Зарем ако некој го искажал своето мислење на форум, ти од тоа мислење можеш да процениш кој каков е?
    Нема повеќе да дискутирам,само ќе кажам и ќе се согласам со мими,дека можеби ти само налетуваш на такви девојки,а сепак вината барај си ја во тебе,а не во нас.
    Тие што се такви се такви,не им е важно ништо друго освен парите.
    А машките не трчаат по девојка со пари?Имам познаници,и во случајов,мажот е со жената поради финансиската сосотојба!?
    Да видам сега што ќе кажеш?Или пак оправдано е тоа,м ?
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. She.e

    She.e Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    46
    Денес на машките многу им е важно девојката да е убава,згодна,средена и секси,да не биде дебела и грда.Ама не постои грда девојка.Постои само некоја со повеке мани на своето тело.Некоја е убава,ама дебела,некоја слаба и згодна,ама ниска,никој не е совршен,секој има своја мана.На пример јас убава сум,ама дебела и ниска и сега? Треба да плачам за тоа што сум ниска и дебала и дека нема да можам да најдам дечко? Пуф како не.Јас си знам колку вредам па затоа не ми е гајле дали некое машко од улица ке ме нарече грда и дебела.Јас почнав да се хранам здраво и да вежбам поради себе,а не поради некое машко.Јас за машко не се менувам.Имам 15 год. и ниту сега ниту никогаш нема да плачам затоа што некој нема да ме сака затоа што сум дебела или ниска,колку години и да имам сегогаш ке го имам овој став.
    Не е секој убав за секого.Знам дека еден ден ке си најдам (здравје боже кога ке пораснам) некој кој што ке знае колку сум јас убава и колку вредам и покрај тоа што сум ниска. :)
     
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    А па комбинација убава, згодна а глупава. Е тогаш таа е најдобра!
    Не познавам машко што е со некоја само и само заради тоа што таа е убава. Убавината е битен фактор ама ако во комбинација со неа нема ништо плус, верувајте самата не е доволна.