Внатрешната убавина се отсликува надворешно. Харизма, интелект, манири, култура, тоа дава посебен вид самодоверба што ми е extremely sexy.
може да биде лепотан и пол и при прво отварање уста да каже било што што не ми се бендисува да ме пресече со збор...не вреде
Не е најважен, поважни ми се другите квалитети, ама да бидам искрена - подобро просечен ама со памет отколку без. Е сега ако по мои критериуми е грд, а не според некои општи стандарди, секако ќе има влијание. Ама како и да вртиш, физичкиот изглед и те како игра улога, јебига.
Физичкиот изглед е предуслов воопшто и да помислам за врска. Е сега ако не поседува други квалитети, одма ќе ме предомисли во првичната намера.
---- Се слагам потполно ... има една мудрост од Ајнштајн вели : "We all know that light travels faster than sound. That's why certain people appear bright until you hear them speak.”
точно! и ќе се надоврзам на ова , не само карактер туку и самиот човек дали ти одговара..може да има и карактер и некоја средна убавина ама да не е здрав. И од тоа ништо не бива. Таков нека си бара сличен случај како него. За доброто на сите.
-- е да ама тоа донекаде со тек на време се дознава ... што се вика .. времето ке ги отвори картите .. сепак никој никого не брка ,,, освен што немирот создава непријатности понекогаш ... и така
Важен е на почетокот. Физичкиот изглед е првото нешто што ни паѓа во очи, сакале или неќеле. Но тоа е само колку да ви го фати окото, но за една врска да е цврста и здрава и да опстои долго, физичкиот изглед и тоа како е споредна ствар. Физичкиот изглед не е тој што ве одржува заедно, туку меѓусебната почит, разбирање, трпение, грижа и љубов. Џабе да е дечкото лепотан а ја третира ко го**о, или обратно.
А што ако на прва не ти фати око, но сепак кога ќе го запознаеш ќе видиш дека станува за добра личност, па познавајќи го неговиот карактер подобро и физички ти постане харизматичен? Или ќе го одбиеш уште на старт кога ќе сака да те запознае, пошто ете, физички не ти е привлечен?
Можеби не на сите, но верувам дека на поголемиот дел им значи убавината. И тоа најверојатно на 90% од машките и женските. Убавината е релативна работа која што се наметнува од мислење на поголемиот дел од групата. Во нашиов случај општеството. Под терминот убавина сега, во овој момент, општеството го наметнува физичкиот изглед, убаво градено тело и слично. И тоа е факт. И убавината има значајно големо влијание без разлика што тука некој кажува прикаски дека не играло улога. Голем дел од луѓето се обидуваат да поседуваат нешто што го наметнува општеството (односно да имаат партнер кој што има физички добар изглед). Како што напоменав, убавината е релативна работа и можеби во иднина под терминот убавина ќе се зема во предвид само интелектот на човекот, или нешто трето. И сега се земаат во предвид тие работи не дека не, ама да не се лажеме кој кого би избрал кога би имал можност за бирање, и зошто тоа би го направил? Психологија, и желбата на човекот да биде прифатен од општеството..
Секако дека ќе ме привлече. А не знам зошто на некој човек не би му дала шанса ради изглед. Всушност и дечко ми повеќе ме привлече кога направивме два реда муабет. Но реков дека е важен во смисла на тоа дека во некои врски не би ни дошло до шанса на правење на два реда муабет ако не му/ѝ приидел поради физичкиот изглед. Чисто биолошки. Инаку сепак се зависи од тие 2 реда муабет кои следуваат потоа. Тие се пресудни дали некој ќе се разубави во моите очи или ќе ја уништи убавината која ме привлекла на првиот поглед.
Не е, запознав една девојка троа повозрасна од мене, неколку години само која што не ме привлекува физички (лицето ги нема оние карактеристични црти што отсекогаш ме привлекувале), но нејзиниот милозвучен глас нејзиниот од, став, држење, па кога ќе ја гушнам се претопувам чуствувам како да се спојува со неа. А и таа не е рамнодушна знам по тоа што кога ќе ме гушне да се поздравуваме подолго време не ме пушта. Но се трга од мене веднаш чим дојде при свест (не е мажена) има некои причини поради кои што не сака ништо да има со мене. Но тоа е муабет за друга тема скршнав од темава.
Па баш оние особи што не би дале шанса ниту до тие 2 реда муабет да дојде само и само поради тоа како изгледа другата страна го ставаат физичкиот изглед на прво место како нешто најбитно бидејќи тоа им е првиот критериум по кој расудуваат, тек потоа доаѓа карактерот и другите квалитети. Не дека е ова лошо или добро бидејќи секој избор е субјективен, но на овој начин губат можност да запознаат и евентуално да бидат со одлични особи кои им одговараат и можат да им понудат далеку по квалитетно поминато време заедно. Но, во таков и свет живееме, каде некои луѓе одредуваат со кого ќе бидат свајпајќи лево-десно на апликација.
Да, точно сѐ тоа се сложувам. Ама друго мислев јас, за кога воошто не се познаваат карактерните особини. Сега има толпа девојки во некој клуб еве на пример, ти не знаеш какви се по карактер, ама кога приоѓаш, приоѓаш на некоја што ти фатила око нели, сакале неќеле, жалосно или не жалосно, така стојат работите.